Зборуваш за два различни системи. Системот каде што живееш сега функционира на високо ниво, а менталитетот е поразвиен. Колку такви системи има, да се толку дарежливи? Овде имаш жени кои родија трето за да земаат пензија. Можеш да замислиш? Раѓаат за личен бенефит. Да не заборавиме и каков здравствен систем имаме и политичари. Се ако собереме, буџетот се црпе, дури и обична крвна слика го намалува буџетот, а не поголеми работи. Ако не се полни, пари од каде? Мое гледиште е дека планетава е пренаселена, и нема потреба да се стимулира раѓање на деца. Ако некој сака, треба да има нерви и финансии за тоа. Поддршка можеш да понудиш во секаков облик, ама не е идеално ако кажеш, еве раѓај, ние стаж ке ти даваме.
Колку е нормално 35+5сум да имам менструални болки.. не сум имала до сега. Али вечерва од кога легнав еве скоро 2ч ги имам поточно се јавуваат некоја минута па исчезнуваат па пак по некоја минута исто
Државата ја исцрпеа нашите политичари, ти за кс на трудница се фати. Некогаш не ми се верува дека читам коментари што жена ги напишала.
Ги кажав и политичарите. Зборев и на користење на системот. Не кажав дека трудна жена е крива. Кажав дека основ за породилно затоа што родила дете е функционален кај високо развиени држави кои не го користат тоа со таа цел. Во држава кај нашата само ке се смени процентот.
@MilaSs12 vie definitivno ne znaete sto zboruvate. Dali znate zosto budjetot se crpe? Zosto politicarite koi gi spomuvate samo kradat i budjetarite si gi pokacuvaat platite. Za seto toa ima pari vo drzavnata kasa taka? A za podrska na majkite ne treba da ima spored vas. Treba da se zasramite sto gi napagate majkite i osuduvate sto ragaat. A plus od kade ste tolku sigurna deka ragat za licen benefit?
@IRBBB @Ceneva појма немам ни како треба да изгледат контракци,со првото завршив царски ради што на ЦТГ достигнува до 90интервали а јас ништо не осеќав.. Малку се смире се напив два магнезиум,шетав по дома се истуширав ми дојде малку океј и стигнав и да јадам.. а и имав напони за во вц бев два пати. Али не можам да заспијам најверојатно од што се уплашив... Пред два дена бев на контрола све беше океј.. Како изгледа тој чеп што паѓа девојки?
Јас не знам да ти кажам ни за контракции ни за мукозен чеп прва бременост ми е. Али добро е што пиша дека си ок те мислевме
Ooo ne znam, sto imam citano i gledano na google kako gust zoltenikav sekret propraten so krv. I jas sega si go ocekuvam moeto prvo bebce
Обилен жолтеникав секрет пропратен со крв. Мене во болница ми падна, ноќта пред царски и беше баш баш обилно. И мене ми беше прва бременост, нема шанси да го утнеш.
Ужасно ме нервира реченицата ,,ако јас можам, можат и другите". Бременоста не е трка, не е натпревар кој може повеќе. Уживајте си во истата и не дозволувајте да ве прави некој помалку, затоа што вие одлучувате што е најдобро за вас и вашето малечко. А тетки секогаш ќе има. Колку повеќе тетките дрндаат без да бидат ислушани, толку подобро.
Спојлер: Чеп Кај мене вака изгледаше. Во неколку наврати ми паѓаа како парчиња, ова беше најголемото.
Доста жити се Мила. Трескаш глупости што немаат врска едно со друго. Прво, буџетот во МКД не е празен, туку се троши на работи ко патни трошоци. Второ, и овде има што раѓаат 4+ деца за 1000+ евра месечно, ама глупаво е да инсуинираш дека ги сакаат парите ама не го сакаат детето. Мислам сешто…. Трето, крвната слика најмногу го црпи буџетот точно, ако тоа го знаеш, тогаш почни од себе и не трчкарај на секое крвна слика да праиш. Овде и без тоа знаат точно за што се работи и лечат и сме излечени. И спуштено на гради во одредени случаи се лечи со обични капки без антибиотик без последици по детето, значи и така се можело. А овде децата ги штити закон и тоа многу. Четврто, глупостиве со пренаселеноста немаат врска со темава. Тоа апсолутно не е стимулирање, туку поддршка на одлуката што ќе ја донесеш. Тоа значи, ако одлучиш да раѓаш, ти се признава твојата улога во општеството, ти имаш права и потреби и државата гарантира за нив. Дека ќе добиеш соодветна поддршка на секое ниво каде ти е потребно. Замисли, и тука некогаш често тешко се доаѓа до некои работи што со закон ти се гарантирани па сите ја туркаат ситуацијата, никој не вика - ај ма седи си раат, бар бесплатно се породи. Ти одлучуваш да се задоволиш со тронка, па уште и мелеш на другите да се задоволни со малку. Не! Не смее и не треба. Секоја од вас има право на многу повеќе и тоа сигурно нема да го сменат тие ко тебе, ама ќе дојде ден кога тоа ќе го сменат оние што си ја сфатиле својата улога во општеството и не ја потцениле ни за момент.
Вчера имав нешто слично бледо розево беше и лигаво.. Али не беше обилно онака малку..како што читам гледам може да паѓа на дечина значи не мора одма да наеднаш цел... Фала девојки
Да, може и да не е наеднаш. А да знаеш дека има способност да се регенерира, не значи дека ако падни дошло породувањето. Ама не е лошо да појдиш да те ѕирнат.
прашав матична, ми рече дека испод 5 во оваа недела во која сум јас, е намалена плодова вода, испод 2 е веќе за хоспитализација, мене ми е 3, ќе пробаме со повеќе течности и одмор.. е сега кај неа сум на преглед следна недела во петок , а на болница во четврток и ќе видиме како е, дали напредува и дали се подобрила плодовата вода. Најстрашен ми беше коментарот како може да дојде неприметно до губење на цела вода и сушење на попочната врвца, ај сега седи мирен недела дена. Мене со првото ми пукна горе водењакот и не ни приметив дека е пукнат оти си течеше по капка ама ме прегледаа тогаш со брис и утврдиа дека тече плодова вода, а сега ништо оти цтг беше во ред. @Yowannty се сложувам 100% со тебе. Јас сум Австрија, тука некаде се со закони нели. И мене ми течи стаж, и не смеат под просек да ми одат со исплата на породилно, и не смеат да ми сменат позиција од работа, камоли да ме одпуштат. Имаме помош стварно од државата како мајки, посебно имаат самохраните мајки помош. И тука се "злоупотребуваат" законите, многу се разведуваат и живеат заедно само за да земаат дупло повеќе пари, за да не плаќаат интернет, превоз, медикаменти ама па на тие стварно што им е потребна помош се згрижени. Тука се борат за секоја мајка да работи максимум 20саати неделно, а да ја зема полна плата, Мк се задоволуваат до малце. Нее! Не смее! Затоа што имаме дупло повеќе обврски и мањак време за нас, тоа мора да се почитува, децата морат да растат со присуство на родители до одредена возраст, морат да имаат контрола врз децата! Морат да имаат обезбедени средства, дом ако се најдат во потешка ситуација. Да, овие се јаки држави и стабилни финансиски и не секоја држава е толку социјална во смислна на помош како Австрија ама никој не смее да се задоволи со малу, затоа што си има в садено во глава дека живее во банана држава.
Треба да имаш нешто на страна кога си бремена? Дали ди сериозна? Прво,некои бремености се случуваат непланирани,но посакувани. И одеднаш ќе те фати паника,а не немам ништо на страна дај да абортирам? За што да имам на страна, нели живееме во држава во која трудницата е ослободена од секаков вид на трошоци во бременоста? Зошто клекасните да не бидат бесплатни за трудниците? Па и ред други суплементи како што е утрогестан или железото. Се јавува како нормална појава на пад во бременоста,не по желба на трудницата. Во оваа наша држава,еден ден не можеш да земеш слободен на раат анализи да направиш за потребите на бременоста, а да не ти биде прекорено. Затоа ќе земаат патолошка трудниците, зошто државата е за некој мајка,за некој маќеа.