Имаш времее, 12ти мислам ти беше со индикација така? Јас на 12ти бев на преглед со првото, мирно беше цтг, грло ни омекнато, ќе тераш ми рекоја, оти немШе причина за индикации и ќе ме чекаа до 2+ недели, на 13ти вечерта касно почнаа лудориите, на 14ти се породив. А и да е со индикации, тоа е.. јас не ни сумљам дека ќе поминам сега без тоа, самооо дај Боже царски да не е ама и тоа да е, живо и здраво само.
Немој зошто јетрва ми си направи така проблем со чајот, почнала да го пие при крај на бременоста па добила голема лактација, а бебето слабо влечело на почеток и мастит ужасен си направи. Почекај да се роди, ќе ти надојде млеко и со царски за брзо, сигурна сум. @Bubish26 да 12 е, сите ми велат машко бебе ретко се раѓа пред термин, јас не сакам да слушам ама така ќе биде. Инаку на нет се зачитав за еден феномен, виолетова линија која се јавува од анусот како полека се отвораш, па завршува на крајот од расцепот на задникот наводно кога си 10см отворен. Има и истражувања и тврдења од бабиците дека е наводно 80% точна инвазивна метода за проверка на отвореност. Јас секако дека проверив и имам доста јака линија која оди до горе баш, е сега не верувам дека сум отворена 10см ама ете ја имам. Дали сте чуле за оваа појава? Баш се изненадив дека ја имам, сигурна сум дека ја немав пред недела време оти се средував и се гледав со огледало. Наводно се појавувала од притисокот на бебе во спуштањето во каналот. Немој сега сите да трчате да проверите
И јас заради тоа се замислив, првиот пат исто имав млеко уште од одма и кога почнав дома да пијам и од чајот се будев со болка во гради и хитно молзење. Фала ти, подобро да почекам.
Da ti e ziva i zdrava i od boga blagoslovena. Sto pobrzo da ti ja donesat i da si se guskate a tebe mila brzo oporavuvanje
За тој феномен немам слушнато туку имам прашање за тебе, дали попуштените вени ти се видливи на око и се осеќет на допир? Шлог ќе ме мавнеше сега при туширање. Бела денес ни ја нема, се надевам е добро и за брзо ќе не израдува со убава вест.
Да се осеќаат на допир и се видливи и на око, сега последните денови повеќе, веројатно од поголемиот притисок, набабрени се како хемороиди ама имаат виолетово/сина боја.
@1209 ме изнасмеа нормално дека проверив дали имам и јас имам и тоа до горе, ама баш не ми се верува да сум отворена. Ова како муабетот за маживе со растојанието од палец до показалец, гарант сите мереле За два дена сум на преглед ама колку ми е високо поставен стомаков не знам дали можам да очекувам многу напредок. И мене ми личи дека ќе надминам... @DoubleK честито ќеркичка, да ти е жива и здрава и побрзо да си се гушкате дома пишувај ни кога ќе можеш
Девојки сабајле бев на преглед, цтг нема контракции се во ред, ме гледаше не сум отворена, постелка 3 степен ми рече, и сега еве стомакот ми е тврд целосно до сега пешачев и се стврдна а немам болови. Од утре 38 недела
@Bubish26 еве сум абер немам.. се качувам по скали, се туширам со топла вода, ама тенко предам. Стврднувања имам, ама болки баш никакви.. @1209 немој да мислиш дека нема да отидам сега да проверам. Вторник ми е следен преглед, до тогаш ќе се мрднам. Се понестрплива сум некако. @DoubleK жива и здрава да ви е среќичката. За мама побрзо опоравување. ❤️
Епа ај проверете, барем да не ми е на мисла дека само кај мене има и дека ќе ме изненади дома бебето, оти и таков филм ме фати синоќа И кај мене има стврднувања многу и морам да лежам, стоењето ми е многу мачно, ама и малиот мрда многу денес, секаде го осеќам, ту во ребра, па кај срамната коска, па во препуни, во задник. Спобудалев.
Неколку дена имав болки десна страна кај ребрата половината, денес при станување од кревет без внимание наеднаш станав и ми се здрви цела страна сега неможам да се мрдам, вртам, со тешкотии прам се.. Дали сте се соочиле со ваков проблем? Што да правам да ми пушти болката
Имамммм! Уф е сега уште толку ме спука возбуда. Пробај топол туш на местото кај што те боли и масажа.
@Bella_Stella @Giovanna значи не ни бегаат деновиве Него јас почнав да осеќам стврднувања поредовно, некако многу ми е нелагодно, не ме боли напред ништо ама ме боли половината и осеќам доста притисок, не знам дали да се јавам во болницата
И кај мене и баш долго време трае стврднувањето, бебето си мрда а ми рекоа да чекам па да се јавам за сат и половина да одмарам а цел стомак е скроз тврд, и ми е мака малку