Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Isibaby

    Isibaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2022
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Те разбирам, иста бев :( мене ми помогна, од то кашлање ми се фати и половината... Чувај се, пиј течности многу, и супа со многу бибер. Јас правев чај и во него цедев и еден цел лимон и една лажичка мед.. Испробај се на крај нешто мора да помогне
     
    На KidA и Bebce1 им се допаѓа ова.
  2. deniz333

    deniz333 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    1.701
    Пол:
    Женски
    Mozebi I najdobro e prirodno da vnesuvam
    Ne za zan mitrev vo Bitola tuku vo Skopje doktorkata se Vika Elena Ambarkova Vilarova Ako Ima iskustvo nekoja clenka neka pise
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    Не можам да ти кажам дали треба или не треба да примаш клексани, тоа овде никој не може да ти каже. Те прегледале тројца доктори, имаш од нив мислења, смири се и следи си ја бременоста.

    Инаку можам да споделам искуство со д-р Таше, позитивно. Не дава никаква терапија чисто ко превентива. Ни прогестерон, ни клексани, апсолутно ништо ако не гледа потреба. Претходната бременост ми ја следеше тој, беше проблематична но следеше многу внимателно, ме викаше почесто на контроли ако имаше потреба и истеравме до крај.
    Фраксипарин примав само на почеток кога бев со високи димери, после тоа проверувавме, следеше протоци и немаше апсолутно никаква потреба, иако сум со мутации за кои повеќето трудници примаат. Јас цело време бев во грч гледајќи колку терапија имаат сите до крај. Времињата ми беа малку скратени, но се' останато во ред. И не примав. И аспирини ми исклучи откако прокрварев во 11та недела.

    Никој не може да ти тврди дека треба вака или онака. Си консултирала доктори, барај и друг ако не си мирна. Ама пробај да се смириш и да уживаш малку. Ако ти велат дека добро се развива бебето, добро е.
     
    На ladystardust, Brpbrp, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  4. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Искрено, не ни забележав дека членката спомнува докторка по име Елена :D
    Само сакав да кажам дека не е само Јани навлезен во случаите со трудниците.
    За други не ни коментирам, не ми текнува да сум прочитала некој трансфузиолог што е посветен колку овие двајца. Каде и да одиш, ќе ти кажат само нормално е. А на пример, мислам дека во рана бременост не може да се проценува според протоци дали е нормално што се скратени времиња.
     
    На lia22 и Iris-1234 им се допаѓа ова.
  5. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Апсолутно. И после ако се случи нешто викаат природна селекција или така требало да биде. Треба да се чесни и да кажат дека не работат со трудници па да ги препратат жените на друго место кај некој што се бави со таа проблематика и е навистина стручен.
     
    На Lina5, *Milicka* и 0ли им се допаѓа ова.
  6. *Milicka*

    *Milicka* Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2016
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.762
    Пол:
    Женски
    Првиот немаше срцева акција од старт и беше хромозомски проблем нели природна селекција не се развивало. Не ме пратија на никакво испитување. Втора бременост клексани тек на крај ради лакуни на постелка, што и да не ги примав може ќе беше во ред. Секоја бременост е различна. Јас ти споделив мое искуство. Третата бременост лани најдобрите доктори ме гледаа во систина , вклучувајќи ја и симонида во ремедика и според нив до 14та недела имав школска бременост. Нит терапија ништо. Д димери 220, хемостаза одлична. И ете шок срцето прекинало после. Сите креваа раце. Јас бев крива зашто не сум испитала на време мутации. Како викаат не можат да предвидат тоа. Поради тоа што ми се случи на сите што ги знам и не ги знам им кажувам со цел да спречам пак да се случи истото. Така да нема зашто да ми одговараш така само сакав да помогнам . А ти како сметаш прави си твоја бременост е. Чим си решила да веруваш на нив нема зашто да не прашуваш тука пак. Ти праша јас ти одговорив најдобро намерно. Инаку ако имаш мутации а не си проверувала врска нема тоа со успешна бременост, повеќето откриле тек у втора трета.
    Поздрав и секое добро..
     
    Последна измена: 10 април 2023
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Естетик Промедика.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Ја нема @Bella_Stella, сигурно утре ќе нè израдува:l:
     
    На Lili90, sani99, Маја Т и 3 други им се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.977
    Допаѓања:
    45.682
    Пол:
    Женски
    И јас ја помислувам денес, исто мислам, ќе се јави да не израдува кај и да е:)
     
    На IRBBB и Iris-1234 им се допаѓа ова.
  10. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    6.700
    Пол:
    Женски
    И јас истото го мислев во првата бременост.Не знам колку прегледи закажав кај приватен трансфузиолог и колку пари платив за прегледи.Тогаш беше ковид и баш беше тешко да се дојде до термин на трансфузиологија.Знам дека трансфузиологот на приватно ми даваше клексани и на ддимери од 700, што сега реално гледано мислам дека не било потребно.Кога ми се појавија лакуни на постелка тогаш и гинекологот исто како и трансфузиологот беше со став дека треба да се примаат клексани.Сега со оваа бременост немам таков проблем со постелката, па и покрај ддимерите и скратените времиња сметаат дека немам потреба од терапија.Стварно не знам што да мислам, може си во право, со оглед дека овие работи сепак се во надлежност на трансфузиолог, ама ете баш од трансфузиологија ме испратија со тоа дека они воопшто не се надлежни за трудници, дури и да сакаш да закажеш термин кај нив мораш да одиш со сосема друга дијагноза, пример варикозни вени, за да те примат.
     
    На juice_ и *Milicka* им се допаѓа ова.
  11. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Стискаме палци(fingers):inlove:
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    6.700
    Пол:
    Женски
    Ме замисли со ова.Зошто не смееш поради јод? На терапија си заради тироидна? Јас сум со терапија еуторикс, ама пијам и пренатални, односно никој не ми кажал дека не смеам.Пиев и во првата бременост, а и сега.
     
  13. juice_

    juice_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2021
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    990
    Јас само да се надоврзам бидејќи останав затечена кога најмногу ми требаше трансфузиолог… Јани летово со корона, ме пратија кај некоја Виолета… човече не ме ни ислуша… поставувам прашање, дрско одговара, и тоа, ќе си видиш во извештајот, катастрофа… јас пред две недели обилно крварење имав, и нели мора да прашам трансфуиолог за терапија и да кажам што ме снашло… абе ни да чуе ни да каже, емпатија нула… и на крај што да видам, во извештај, ништо. Абе ништо! И ја во таква ситуација, нервози, морав упат, па ГАК, па да чекам… за на крај една фина докторка да ми рече, ок бебето е ок, за терапија не знам што да ти кажам, тоа си знае трансфузиолог. И кажувам за ситуацијава и вика, за жал само Јани сеуште работи со трудници… замисли… ама ми вика, штом претходно тој ти дал терапија, ја ќе ја ставам истата… а за аспиринот не знам што да правиш, си имала крварење и тука трансфузиолог треба да каже, според дијагноза треба, според крварење, не, и вика сега не знам. Ок беше си кажа искрено.
    Ја фаќање врски, за да дознаам дека докторката што не пиша терапија во извештајот е таква каква што е, ама и плус имале допис да не работат со трудници, да препраќаат на ГАК. Страв до коски.
    Следен пат, се молев да ме прими Јани. Да биде оздравен и да ме прими. Кога го видов солзи ми потекоа (ја си имам историја). Човекот е злато. Виде каква сум и како ми олесна, и рече , имаме допис, ама јас трудници што сум почнал не оставам. Ми даде извештај, нели со преглед на извештај од гинеколог и резултати. Ме истера до крај, за што ќе сум му вечно благодарна.
    Ете така, кај нас и тоа постои. Допис и чиста работа. Трудниците нека се рашетуваат….
     
    На 0ли, Маја Т, Iris-1234 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    6.700
    Пол:
    Женски
    Извини, сега те прочитав дека си пишала за јодот.Кај мене тсх никогаш не било над граница, а и антителата биле во ред, сум пиела еутирокс за да го држиме тсх до 2, да не оди до 4, може затоа не ми кажале за јодот ништо.Јас и во првата бременост пиев пренатални а и сега и тоа со нешто поголема доза на јод, затоа што ги нарачувам од Америка, а таму најголемиот дел од пренаталните како и оние подобрите витамини содржат нешто повеќе јод од нашите, исто како што содржат и вит А, што не е случај со витамините тука.А од колку пиеш еуторикс? Мислиш дека поради јодот, тсх нема да се среди?
     
  15. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.986
    Допаѓања:
    8.460
    Пол:
    Женски
    I jas ja pomisliv sega, preku denot pisev mi rece dobra e ama ete ja nema posle toa. Daj boze da ne izraduva utre so ubavi vesti :hug::l: @Bella_Stella
     
    На 1209, Iris-1234, Маја Т и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.977
    Допаѓања:
    45.682
    Пол:
    Женски
    @Маја Т јодот не влијае на хипотероидзам туку не се препорачува ако имаш Хашимото, ти немаш така да нема проблем да пиеш витамини кои го создржат.
    Како и да е и јас имам Хашимото и пиев вит со јод докај 7-8ми месец немав проблем, дури ми беа намалени антителата. Секој со свој избор во бременоста, ама јодот не се препорачува как Хашимото.
     
    На Маја Т му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Потпишувам.
     
    На juice_ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    6.700
    Пол:
    Женски
    Леле фала ти многу.Навистина не го знаев ова, и ептен се загрижив, цела бременост со утепав од пиење пренатални витамини со јод, и сега кога прочитав, си викам да не направив беља:)Дури помислив да ги прекинам од утре.Да мене ме водат со хипотериодизам, иако реално не сум ни тоа, ама дека почнав со еутирокс заради првата бременост со инвитро, и така ги терав до крај.Ама сега пијам еутирокс од 50, 5 дена и два дена 75, се надевам не е многу тоа. Значи не сум згрешила со јодот.Ме спаси со ова, барем мирно ќе спијам вечерва:):*
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.460
    Допаѓања:
    8.840
    Пол:
    Женски
    Јас после првата неуспешна бременост сакав да испитам мутации и закажав кај Елена на трансфузиологија со упат од општ матичен со дијагноза варикозни вени, ме прими, ѝ го кажав проблемот, ми рече ова нема врска со мутации и ништо не испитав. А сакам да испитам иако после тоа имав успешна бременост како по книга да речам, ама сепак црвот ме јаде за следна бременост. Како да одам, од гинеколог да барам упат или..?
     
  20. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Да, од матичен гинеколог.