@Bella_Stella Искрено се радувам за тебе. Сега, изнауживај се во најубавиот мирис на светот. @Giovanna знам дека моментално те пукаат хормони, те фаќа и сафра и станува пренапорно. Ама едно ќе ти кажам, мораш да му веруваш на телото, ти му ја даваш шансата да го направи најдоброто и верувај како и да биде на крај, ќе биде најдоброто. Долго време ми беше мака што моето тело два пати не соработуваше за природно. И двата пати со надминат термин, вториот пат 2 недели и тоа. И двата пати со провокации и двата пати без знак за природно. Првиот пат тоновите на бебе паднаа па завршив на итен царски, вториот пат фала му на Бога што воопшто не се отворив, ниту добив контракции оти се испостави дека мојата матка немало да ги преживее ни природните, недај боже па испровоцираните. Вториот пат пак со огромен ризик по бебето, мене или двајцата. Сепак, во двата случаи моето тело направи извонредна работа несоработувајќи. Затоа, стисни заби, броени денови се. Верувај му на твоето тело, оти иако во моментов не ти изгледа така, тоа моментално го прави најдоброто за вас двајца. Знам дека сега ова ништо не ти значи, ама ќе видиш кога ќе го земеш во раце се ова до сега ќе ти стане мало и небитно. Со лесно.
Баш пишав пред некој ден, нит омекнато грло, нит контракции, нит помисла дека ќе биде за брзо оти во 40та ми рекоа ааа ќе тераш ти уште. Ко гром од ведро небо после ден и пол ми почна спонтано пораѓајот. А дентаа, никаков знак дека ќе биде,на кафе бевме, се истуширав за спиење, мм намести за да гледаме филм и оп падна чепот и почнаа контракциите после пола саат. Такаа даа, без нервози, ќе си почне кога најмалу се надеваш.
Никако не можам да се навикнам на оваа помисла, дека буквално може да почне во секој момент, тотално неочекувано. Пошто ептен сум таков тип што сака да планира, да знае што да очекува, да биде во контрола на ситуацијата. Тешко е да бидеш во константно исчекување.
@Bella_Stella и јас ѕиркав во темата, те чекав да пишеш. Честики од срце, да е жив и здрав бебуш и цел живот да ве радува тебе побрзо опоравување
@Yowannty фала ти Знам дека е така ама ете тешко се објаснува ролеркостеров од емоции. Иако имав доста предизвици цела бременост некако се држев да не ми падне духот. Благодарна сум му не само на телото, туку и на умот што безбедно не донесе до термин. Во целава каша од хормони згора на се се соочив и со смртта на мајка ми и морав паралелно да го процесирам и тоа. И се уште го процесирам еве месеци и паралелно планирам мекици и помени. Попатно се трудам да направам се во моја моќ да истерам бременост без стрес ама еве веќе на крајот стварно ме дотепа и ова дека не мрда ништо и некако осетив страшно чувство на немоќ. Тешка ми е таа неизвесност, ми создава анксиозност и сите мисли ми се одеднаш во глава. Ама сепак знам дека на крај како и да испадне, единствено ми е важно двете да сме живи и здрави. Фала ти @Bubish26 и на тебе, ми даваат мотивација и искуства како твоето на крај ништо не може да направи човек освен да се препушти ама ете.
Сега читам што пишувате за хашимото и овие пренаталните и јодот. Никој ништо не ми спомна дали можам да пијам или не а имам хипо и хашимото
Mesinja jas nesto samo se mislam za kolica, ja sakam bebetto magnum 3 vo 1 ama nekako srce ne mi dava da dadam 500 evra za kolicka da bidam iskrena.... Pa gledav edna od 300 evra nesto malku pomalku ama neznam kako se ima pokazano vo kvalitet , ovaka e mnogu lesna vo edna raka cela mozes da ja krenis. Pa da prasam moze nekoja od vas ja ima eve ja na slikata podolu
Јас кажав пиев и немав проблем, нема толку јод во нив, ама сепак јас така одлучив, прашај си доктор ако ти е на мисла. Луѓе јас утре имам нели провокации закажано, а еден запек ме има фатено не можам цел ден во вц да одам, мака ми е ептен Кажувајте чаре, морам пред тоа да се испразнам, хорор ми е да треба таму на пораѓај да сум свесна дека ќе направам беља
@Giovanna Многу ми е жал за мајка ти. Верувај те разбирам како ти е. Втората бременост ми беше многу тешка од почеток до крај со гадења, киселини и болки. Носев големо бебе и бев огромна не се поднесував на крај. Лето, жештини капак на се сама по цел ден со тодлер во фаза на најјаките тантруми. 7 дена на клиника сама кои ги поднесов психички многу тешко без ќерка ми. Од кои 3 дена провокации кои абер немаа да профункционираат и фала богу на тоа. Бев сигурна дека ова бебе ќе дојде бар 2 недели пред термин, а не после. На крај после сите перипетии син ми дојде на роденденот на татко ми. Татко ми исто е починат. Се си има причина. Верувам дека и вас исто мајка ти ве чува од горе, а потоа ќерка ти ќе ти даде сила да си ги истераш сите редови. И големата тага и големата среќа се дел од животот… Поздрав и верувај се ќе си биде како што треба.
Не за жал, прашав, не знам како е можно да не ставаат, обично чепче ако не друго…имав компот од сливи, изедов неколку и покрај шеќерот тоа е што е, шеќерот до утре нема да направи разлика.