Страшен сон синоќа, на преглед ми рекле цервикс 13мм, ќе раѓам во 27ма недела. Се изнаплакав, сите биле испаничени, ме спремале за пораѓај. Си умрев од страв, и сега се ми е терсене. 27ма недела сум, утре сум на контрола, на ехо. Која психа значи, и во сон не прогонува
Леле страшно, значи и јас сум сонувала крвишта па трчав по докторот да ми каже што е работата страшно страшно...така се разбудив со плачење
Фала ви од срце девојки! Многу ми значат вашите зборови! ❤️ Живи и здрави да сте и сите да си дочекате ваква радост.
Не сум бремена(барем не сеуште) Откако се породив првиот пат ретко читав во темава, но кога случајно ја видов Бела бремена искрено премногу се израдував како и цел форум. Честитки @Bella_Stella од срце, уживајте со бебчето
од денес ја почнувам 30 недела . не ми се верува дека веќе сум со 3-ка напред и ситно се брои . позитивна трема ме фаќа. треба да седнам да направам список што ќе треба да се направи-докупи и среди. уште скоро 2 ипол месеци а ништо немам спремно. да помине велигден и се фрлам во акција . оти лета времето. а со ќерками не сум толку слободна како со нејзе кога си се спремав натенане јас одлично се чуствувам полна со енергија се надевам така ќе бидам до крај бебуш мирен во меше исто како дада кога беше . ќе клоцне како маче некое. кога гледам видеа како се превртуваат други мешиња викам поарно вака. оти сигурно болно е така да мрдка во меше. ова моево мирно е @Bella_Stella честитки мила. да е живо и здраво јуначето @1209 девојко со лесно и тебе. те чекаме со убави вести! Ете така трудници убави имајте убав ден
Здраво девојки, дали на првиот скрининг во 12та недела ги измерија сите органи? Малку се испоплашив дека не успеа дијафрагмата да ја измери, ми кажа дека е малечко уште и не може убаво да намести за да измери и дека ќе следиме да не се секирам. Нормално отворив на интернет и прочитав свашта и се испоплашив.
@Bella_Stella Честитки мама , живо и здраво да е малото . Многу радости да ви носи! Teбе ти посакувам брзо опоравување.
Мислам и чести се соновите во бременост вака, ама ете не ми е сеедно. Јас вака мислам смирена сум, но првиот пат овие недели имав ризик за предвремено породување, па лежев, па зреење примав и сега тој период иде и знам дека не е исто како тогаш, но ете внатрешно во мене црвот ме јади. Човек да не е мирен. Ај нека е само сон, да не се секираме многу
Девојки што пиете таблети за железо, кога ги пиете? После појадок? Мене ми го дадоа Globifer forte, вчера прв пат се напив и многу повраќав после еден саат.. Ми кажа матичната да не земам млечни производи и кафе барем 1 час пред апче и после апче... Многу ми е лошо од нив
На прв скрининг се гледа носна коска, нухална транслуенца и срцето дали има 4 празнини, постелката, папочна врвка-барем мене ова ми го гледаше матичниот. Органите на втор скрининг. Јас сите навечер ги пијам после вечера-премама, метил фолат, метил кобалмин (овие дека со мутации сум), магнезиум, витамин Ц од 1000 и по 15 мин малтофер. Не знам дали е исправно или не, ама дека преку ден имав гадење, така почнав, така ги терам.
И јас сум со мутации и цел ден ми се распоредени апчињата После појадок пијам метил фолат и б12, плус вит Д. Сега почнав после 2 часа за железо и вит ц. После ручек ферона(за грлото на матката витамини). Пренатални не пијам Ќе пробам утре да го испијам навечер ова за железо, фала ти
@Alishan30 Јас па од што премногу ми работи мозокот и секакви мисли ми доаѓаат неможам да спијам ноќе. Синојќа во 2 и нешто заспав, во 6 ипол станав за на работа. Денес како ќе издржам до вечер не знам. И пак знак прашање е дали вечер ќе заспијам со време. Си се чудам на себе си, зошто по природа не сум ваква личност, баш сум позитивна со првата бременост многу убаво поминав. Сега целата сум негатива и исполнета со немир и се додека не ја родам мислам вака ќе биде.
Леле му се смеам на маж ми, ко баба ми сум, во една ќеса од аптека ги чувам сите лекови и после вечерата вадам и почнувам-жолта капсула, розова таблета.. Не можам да ги распоредам преку денот оти тешко ми е да го запазам редоследот, често не сум ни дома, ни знам колку е саат. Затоа вака сѐ наеднаш. Не знам дали ме прочита вчера, 1 месец земав малтофер од 7,5 на 25 ми е качено железото, чисто како инфо имај го, ако не можеш да ги поднесеш тие што ти ги дала матичната.
Јас 3 различни фирми сменив пена повраќав од апчињата кога и да ги пиев. Сега последниве 10тина дена пијам прашок ферозомал обично после појадок си цедам лимон,портокал и цитрон со нив и прашокот, фала богу добро е немам ниту еднаш повратено
Земи си ваква кутија, ќе се преродиш И јас се губев едно време помеѓу сите распореди за апчиња па вака си фатив ред. Имаш по сите аптеки, мислам и во Џамбо дека имам видено.
Обратно јас и тијас првата бременост така, навечер си седев по цели вечери будна, овој пат ете се е во ред, а јас од првото искуство и соништата ме прогонуваат, а спијам многу, по цели вечери. Малата ја заспивам и со неа и јас сум кома. Е станувам последно време за мочање, но за кратко презаспивам
Девојки што мислите за резултативе од скриен шеќер? Малку ми е покачен после 2 часа. Дали е нормално мало покачување? Спојлер