Мешиња , ми останаа 3 кутии клексани од 0.4 и 9 клексани од 0.2. Кој има потреба нека ми пише ги ПОДАРУВАМ . Само ќе треба сами да си ги подигнете со две бебиња не сум во можност да шетам.
@1209 нема опаѓање психички, визуелизирај си ја крајната цел и работи кон тоа. Патот по кој ќе стигнеш е најмалце битен. Те чекаме со добри вести. Кај мене денес како наедаш да стежна стомакот, ептен осеќам притисок долу во вагината, не знам дали се работи за поопуштени вени како пред некое време или стежа бебе наеднаш, ама и движењето ми е болно.
Мене ми се исто попуштени, плави, чудни на допир.. дури и внатре ми е потечено, докторка рече не е страшно, само болии.. затоа и однос последно кога сакавме да имаме со маж беше болно, тоа од отеченоста
Какви односи какви бакрачи, едно вртење во кревет ми е болно, не па односи Ептен го осеќам цел долен дел како потечен, боли при станување, вртење, било какво движење.
Уште ништо на фронтот, Ивкова слава бебево Ама ми ставија епидурална и сеа сум топ. Пулсот му е стабилен, очигледно само вагиналетката не му делувала добро, ми го пукнаа водењакот и се отворив 3см, не можам да замислам какви се болките со 10см, алал да ви е на сите што раѓате без епидурална. Ќе чекаат уште некој саат па ќе пуштат окситоцин. И така, маж ми е комедија, 10 пати отиде до дома и се врати демек да спие ама тајмингот никако да го погодиме, а ми треба одморен, сеа со епидуралната си викам нека почека уште некој саат кога веќе чекаше толку барем да отспиеме. И така жени, само да известам, фала што ме мислите уште еднаш Инаку за вените и сега ми ги видоа, рекоа дефинитивно не пречат за пораѓај, ама спремајте се дека ќе имате болка од нив поголема, јас имав и ме загрижи, не можев да мокрам како да не можам да се опуштам и ми рекоа од нив е ради притисокот.
Не се докажав постењето е ок, не е забрането но и доколку не сте на работа, сепак енергијата не е иста кога работиш по 8 часа. Јас пример во 9 мора да сум доручкувана. Дома кога бев можев и саати да прескокнам и да прилегнам ама сега работејќи не би издржала плус пости.
Здраво девојки, искуство со отворено грло во 23 гн. Примам утрогестан 2x1 од почеток на бременост и мирувам. Матичната освен да одмарам ништо др не ми рече. Дали некоја членка примала 2 клексани дневно? Од почеток примам по 1, но времињата ми се скратени, а ддимерите над 2000. Матичната предлага 2, од ГАК на извештај ми даваат само по еден. Не знам што да правам
Моја пријателка примаше по 2 клексана дневно заради презреана постелка во 4 месец. Можеш да отидеш на уште едно мислење...
Второ мислење обавезно. Познаничка 3 примаше на ден ради изична бременост и со првото во 33та ја породија а со второ о 36та недела и двете и се живи и здрави али она имаше мутации за тромбоза. Така да оди и на приватно во Систина до сега сум одела кај Гордана она прави скрининзи и води ризични бремености. За во ремедика нека пише некој друг што има искуство со тие доктори
Дефинитивно, кој сака и кој можи. Има некој се хранат цел живот така и во бременост поминуваат супер, е сега нас што ни е тешко оти ја си сакам месо, јајца то е друго иначе забрането не е, на некој му е тоа начин на живот.
Фала, ќе идам на второ мислење секако. Инаку и јас сум со мутации и бременоста ми ја водат како ризична. На скрининг Димчев ништо не ми спомна за грлото, не знам дали воопшто измери.
40 недели буквално не кивнав и зимава со сите вирусишта ја поминав глатко, ама затоа на ден на термин морав да заебам работа Нос растечен, синуси воспалени, грлото ме боли кога голтам... Не смеам ништо на база на пчелин производ, не знам што иљач да барам. Обично диво оригано ме спасува ама тоа е строго забрането во бременост. Ставам солена вода во нос, правев гаргара со чај од жалфија и малку ми помогна ама уште не сум во сигурна зона. И ова со чајот од жалфија ми е малку сумњиво, знам дека не се пие, за гаргара мислам не беше забрането Ако имате други предлози споделете
Probaj pregoren seker so mleko i malku puter, za grloto dobro e. Mene mi pomogna i parce gumbir koe go lupam i melam, eden melen limon bez kora i semki, malku kurkuma, preleano so topla voda. Sekako cedeni limoni, caevi, supa so biber.
Луѓе дојде Стефан на свет. Мачно и долго, најубав на мама и тато и многу тврдоглавОк сме на крај, со некои компликации ама ќе пишам штом можам, да не ме мислите.
Жив, здрав и од Бога благословен да е Стефан! ❤️ Поскоро опоравување мама, уживај во најубавата улога на светот! Тој не е тврдоглаво бебарче, туку бебе со карактер од раѓање.
Честитки мамасита, три дена те премислив, ме израдува Да ви е жив и здрав Стефан, сите убавини животот да му ги даде Ти посакувам лесен опоравок и набрзо да си уживате сите заедно дома.