Мачкав мачкав и на крај распукав недела дена после пораѓај кај пупакот Не се толку видливи ама мене ми бодат очи. Мачкав на Eucerin уљe масло и тоа од Дм го купив.
Мене верви шо се за бебиња ни еден омекшувач не ми мириса убаво, јас со првово само менував за да најдам некој кој ќе ми мириса нежно ама ништо све одвратно. Австрија сме ограничени, имаме само Ленор бебе, Фрош и Силан бебе. Некоја од Германија мајка нека ми каже дали Кушел Алое е за бебиња или не. Мк и Србија имате повеќе избор, види Виолета бебе како мириса, Дуел не ми е исто убав ама види.. Чико. Овде за хигиена смњ ептеен ограничени. Јас за нас за возрасни не можам да најдам како што треба мирис,не за бебе. Иначе го имав на Фрош тоа за флеки, нешто не ми беше најефикасен, па после Бланко мислам се викаше еден користев ама ја ги ставам два пати на плавење алиштата. Каките се ужасно тешки за вадење
@Homme и јас исто пред пораѓај некој ден распукав, ми идеше да си пукнам од мама, толку беб среќна што немав ништо и само станав од спиење како што ме истегнала, така ми направила стриии, обелеа брзо и не се ни познавет реално, сега за сега се старите уште ама очекувам да станаѓ еден ден црвена. Туку јас имам алергија и на гелот што е за ехо, цела сум со ситни алергиски брумчиња и од чешање рани ди направив.
ми ги дава овие канестен после ми дадоа некои германски исто беа на к нешто не памтам меѓутоа не ми се раствараат цело апче сабајле ми истекува и кажав да сум ставала повнатре повнатре ја ставам колку можам.
Нема којзнае каква миризба ама тоа дека е на природна основа. Син ми дека е со атопичен дерматит, двајца дерматолози каде што го носев ми препорачаа фрош детергент, а омекнувач никаков. На крај на ништо искрено не ми мирисаат алиштата, додека ги облечи, после мирисаат на него.
Јас ариел сензитив користам за неговите работи, омекшивач не користам воопшто освен за постелнини и пешкири. Детергент и за нас со години веќе користам само од тие без мирис. Облеката не ми мириса на ништо и реално многу ми е подобро вака. И детергент користам многу малце, една две лажици на машина. Главното чистење е посекако од водата и триењето на алиштата. Кога ставаме многу детергент самата машина го продолжува rinse циклусот за да се ослободи од прашокот, но некогаш и тоа не е доволно и останува остаток од детергентот на облеката. Најчеста причина за кожни иритации е ова. Ова ми беше кажано од кожен доктор кога јас самата бев на преглед за осип на кожата. После изгуглав малце и сфатив дека се е маркетинг воопшто не редам детергент колку што вели паковањето. Бар за мене ова има логика и го применувам.
И јас го користев ова шише за првото дете,сега исто купив и за второво бебе. На доење беше,но повремено му давав измолзено млеко и немав мака со фаќање на града потоа.
И јас го купив истото стаклено шишенце на Авент со намера да се најде за дохрана при цицање. По се што прочитав и слушнав од блиски мислам дека не погрешив со изборот, ама сепак останува бебето да го каже последниот збор Инаку за дискусијава за прашаци... Персил течен сензитив одамна користам дома, уште кога бевме кумови на едно малечко, па купив за да ги исперам алиштата. Од тогаш скоро секогаш го имам дома, многу убаво ми мириса и убаво пере. Исто и од Ариел сум задоволна. Омекнувач многу ретко и во мали количини користам и за нас, па некако ич не ми оди да ставам сега и за бебето, мислам нема никаква потреба. Фрош го купив од љубопитност, стварно ич не мириса привлечно, ама сигурно ќе го потрошам кога веќе го купив, па ќе споделам искуство.
Za alistata i jas nema omeknuvac da koristam ama sakam onaka malku za postelninata, za krpite da dava poubava svezina. A sepak i ovoj sto go zemav na lenor e hipoalergenski i ja ima istata oznaka kako frosch sto ja ima. I prasakot ariel ja imaa taa oznaka. Pa ke vidime kako ke bide. Kako ke podnesuva bebus. Ne iskoristeni nema da ostanat
Девојчици и мојата женска дојде на светот Завршив на царски, се исплеткала три пати со папочна околу врат, ја испокакала плодовата вода до уши, битно двете сме живи и здрави и освен првичниот стрес се друго помина како што треба. Моментот кога ми ја дадоа уште во сала да си ја бацнам ќе го памтам цел живот Со лесно на сите до крај, се префрлам во другите категории и ве чекам таму
Ме изненади сега ептен честитки мајка, жива и здрава да е ќерката, уживајте сега во најубавите моменти
@Giovanna @1209 @Bella_Stella Честитки мајки херојки, да ви се живи и здрави сонцата, а и вие со нив.
@Giovanna честитки мама, жива и здрава да е бебушка, а ти поскоро да се опоравиш. Уживај во најмеките прегратки.