А бе ми честиташе во вторникот уште, сега проверив Фала ти мамасита. Добри сме дома сме, веќе надојде млеко, цица, се учиме, се снаоѓаме ама добро иде очекувано не сум многу наспана, ама среќа не сум човек што бара многу сон. Маж ми затоа секоја секунда ја користи да фати кривина за дремка Се надевам и вие сте добро, после сите перипетии во болница, конечно домче на уживање
Не е бебе, цревата се, гасови, јас 18та 2те прв пат ги осетив (и прва и втора бременост) се долу под папок се движењата сега 21ва недела почнав да го чувствувам околу папокот, ама пак во главно долу се движењата.
Па од прилика тоа што го пиша членката, тоа се вака видливи симптоми ако се качени димери. Тежина некоја на пр. во нозе, болка, трнење, отоци, промена на боја на кожата како црвенило. Индикација за проверка е на ехо ако растот на бебето заостанува, протоците какви се, лакуни и сл.
Kade odite vaka za vikend ili nerabote den ako imate potreba od pregled, ete ako ima nesto itno na primer ili slicni? Jas do sega vo Sistina ama se mi se pagjalo doktor na ne mu veruvam bas i koj prv pat go gledam na primer. Kako e vo Cair? Remedika imaat li dezuren, kakvi se doktorite tamu?
Некое време после будење ќе се смират, на зглобовите на рацете имам болки. На нозете не. А рацете и преку ден ми тргнат, на пример кога се шминкам и ќе ја осетам ко здрвени раката
Мешиња,по идење во тоалет малку по тоа и ко исцедок малку истече (чуство ко да се "подмочав") без мирис но ме исплаши искрено, за паника е или да си почекам да следам? 33недела сум :/
Можно е и да се подмочаш, јас со првото два пати така изгубив контрола т.е мускулите ми ослабеа ептен од притисок и ни малце не можев да додржам, а притоа не осеќав дека ми се моча, дури и после мокрење знаев пак. Ако е водењак, најчесто после пукање следат контеакции така да, секако ќе видиш во текот на денот како ќе се одвива.
Јас неделава скроз се изнервирав… Во понеделникот бев на преглед тука кај шо одам од сам старт и кај шо ќе се пораѓам, бев 35+5 ми го измери 2700грама, ама од сам старт беше поголемо и цело време така, докторката задоволна, постелка зрела втор степен, наместено надоле, и што ми требаше во четвртокот бев и на клиника и реков ај на еден преглед таму го мери 2300 јас веќе 36+1, фактички помало за неделата која сум, и скроз се збунав, цело време ми викаа поголемо поголемо, и сеа овој на клиника го мери помало, жива да се изедам, а јас дека со шеќер на граница, внимавам на храна, и си викам да не не јадам доволно. И сеа реков ќе си подкаснувам веќе шо ми душа сака, да го згојам малку…
Jas vo odenje mi se slucuva uste od 28ma nedela, da me klocne i da se podmocam , nosam sekojdnevna i nemam gajle.
Јас да се пофалам, денес успеав да изперам две тури за бебуш. Торбицата е све спремна, документите скоцкани. Утре планираме со од подрум да носиме нагоре што е за бебе од големи работи и да се намести корпата за спиење. Ендее, може да испаѓа сега кога сака. Имам веќе болки во колкови, препони, кичма, се комплет, ако решам да одморсм полошо, после не можам ни чекор да направам и затоа сум фул до легнување.
Јас во првата бременост ја имав таа мака, затоа мој совет е да побараш упат за на ревматологија. Ако не можеш да најдеш термин, др. Филип Гучев исто работи и приватно, само не знам во која ординација. @macalavica Може да ти каже во која ординација е, побарај помош од него. Дај Боже се да ти биде во ред.
Да ти кажам, полошо кога не прегледуваат повеќњ доктори, значи секој мери различно, последно конечно ми фатија две доктори тука некаде мерки. И кај мене беше поголемо, според време траење на циклус и на колку добивам, ми преместија датум, ме водат 4 дена понапред, јас мерам шеќер, ствармо немам проблеми со покачување иако јадам и компир и ориз цела тепсија шо се вика, кога бев стриктно, едвај 100г креваше. Не знам, цела филозофија, да ме знае човек како да прави. Ми дозволија да јадам повеќе јагленохидрати оти немаше смисла, немам на мерење шеќер, бебе стагнира.
Денес 8ма недела, мака мачам со гадење, зголемена плунка, а наутро и повраќање. Но, се тоа ќе го издржам, денес некако паметот ми замина во првата бременост, предвремено породување 34 недела поради скратен цервикс и многу ми е страв. Првата бременост лежев 8 недели и некако истуркавме до побезбедна недела, сега многу се плашам како ќе биде, плус со мало дете дома. Знам дека има секакви случаи, кај некои втората бременост повторно скратен цервикс, кај некои истуркана до термин, времето ќе покаже, но како што ќе одат неделите мислам дека стравот ќе ми расте се повеќе Да напоменам во првата бременост до 17та недела цервиксот ми беше 5цм, пиев дабростон 2х1 и тогаш ми го прекина. Си велам можеби тоа беше грешката да си примав прогестерон можеби поинаку ќе беше.
А што мислите за Судокрем? Јас купив на Веледа, за секој ден, и зедов еден Судокрем чисто да има во залихата