Па и јас затоа баш викам ова се под**ава да ми извиниш со нас ама ај. @Hatula честитки,живо здраво.Побрзо закрепнување мами
18н4д гестациска недела сум, постои ризик од плацента превиа но се уште немам дијагноза поставена. дали постојат начини да се крене некако? постојано мирувам,пијам утрогестан, но мислам дека ќе полудам ако лежам до крај на бременост.
Аиии мајските почнаа да се ситнат @*malenavolena*87 ауу ние сме следни со термини. Возбуда ме фаќа ептен. иначе вчера болките се смирија амаа толку силно мавање изгледа со главчето долу немам осетено никогаш, ни прва бременост, она што го збориме со рачињата како да копа, тоа е гола вода, вчера беше баааш туркање, дали се мести подолу кој ја знае. Ее од тогаш, јас немав болки при вртење во кревет, еве од сабајле км имам направено не се движам како патка.. стомаков ми спласна малу. Искрено не се сеќавам како беше со првото кога се спушташе на долу ама вакви болки од мавање не сум имала тоа сигурно. @Starchild @vikeki не мора да значи дека се зеза хаха јас од секогаш пишувам дека со првото немав ни една потешкотија, нити повраќав, нити ми беше нешто тешко поолсебно втое триместер, маа на најјако бевме со односи со маж ми и бааш баш беше предобро хахах за разлика од сега што имам болки и нит ми е до секс ни до ништо. Таа бременост до последно бевме активни, буквално. Не мора да значи дека бременоста може да е тешка и да се има со нешто потешкотии.
Јас само да си се пожалам ако може. Како поминува 7ми месец, киселини имам на најјако, бранови на топлина во спиење, не можам да одморам како треба. Алергиите со полен ми почнаа, носот затнат, морав да почнам со терапијата, шубе ми е малку, иако одобрено од доктор. Второ тромесечие дефинитивно највеќе го уживав. Туку сакав да прашам, да земам Гастро Гард за киселини, ако не се лажам по состав се калциум и магнезиум. Дали тоа значи дека треба да ја намалам дневната доза на калциум (што го земам како додаток посебно) во случај кога би земала Гастро Гард? И по колку смеам на ден?
@Hatula честито, жива здрава нека е! @Bubish26 да знаеш дека те сонував нешто хаха. Имав така немирна вечер, осеќам некој притисок во долниот дел и спиев многу лошо, некако како да осеќав дека се припрема телото. Нешто сонував дека и ти си била тука во соба со мене во болницата, и ти си се жалела на истите болки
Да се приклучам во темава 5 недели сум др ми рече веќе на следната контрола ќе можело да се види срцева реакција ми даде само митулирачка фолна да пијам женски, а за заб ако ве заболи што пиете?
Пробај да издржиш, иначе само парацетамол е дозволено, ништо др., секако прашај си и матичен гинеколог. Со лесно.
Cestitki mila. Da ti e ziva i zdrava i od boga blagoslovena. A tebe brzo zakrepnuvanje. Se nadevam so lesno pomina.
Да, ќе треба да намалиш. Пишува во упатството на Гастро Гард. Дозволенo e по потреба, ако после секој оброк имаш киселини можеш да земаш. Прочитај си точно колку калциум содржат и соодветно на тоа колку земаш, ќе намалиш од другиот додаток.
@GospogjaLorax @Hatula живи и здрави да ви се бебушките мајки, вие поскоро да се опоравите и да уживате во памук меки прегратки.
Има ли некоја страница за проверување дозволени антибиотици во бременост? Имам болка во уво и крајник,одам на лекар и очекувам да добијам антибиотик