Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.643
    Допаѓања:
    202.102
    Пол:
    Женски
    Во никој случај врела или топла бања!
     
    На iloveyou29, bittersweet и AIT им се допаѓа ова.
  2. imorena

    imorena Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    3.457
    Пол:
    Женски
    Unique.chick, честитки :* Да е здрава и жива, голема да расти!
    Многу сличности во породилното искуство имаме двете :)
    meU, NoellePage и сите други мамички - само храбро и со насмевка да си ги пречекате сонцињата...
     
    На Unique.chick му/ѝ се допаѓа ова.
  3. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    благодарам на прашањето силк :) добри сме ние со бебето, си се клоцкаме :D :D ти како добра ли си? твоето бебе умно ли е? или и тебе ти скока во стомакот :lol:
     
  4. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    навистина се во право сите што велат дека додека не осетиш на своја кожа, незнаеш како е...
    дури сега свакам дека бременоста е нешто навистина најубаво, а самото преткање на бебенцето, едвај чекаме со мажето да дојди 12 и нешто по полнок, тогаш бебушка е најактивна, и да уживаме во мрдањето на мешко :D
    сите чувства ми се попара, ама како и да е најсрекна сум и едвај чекам да дојди јануари, да се гушкаме со бебушка, а дотогаш секој ден ке си го галиме мешко ;)
     
    На senjorita.lombardi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Многу ми е мило што сте добро, да бидете добри секогаш, а најдобри кога ќе се роди бебчето,претпоставувам во јануари негде...? и моето ќе биде јануарско, па може и ќе се начекаме во болница...мојава мома, твојот дечко...лелеееее, убавини ;) . Да си се чувате и мазите, и без нервози. Многу те мислев во последно време.
    И ние сме добрички, вчера бевме на клиника, му правевме ехо на срценцето на бебето...супер е се...беше смешно што цело време го клоцаше ехото, и ни се мрдаше сликата, па едвај ја видовме :lol: Ама мнооооогу е немирна...прееска почна и да ми се повраќа од што цел ден ме клоцаше кај ќе стигне. Јајниците и бешиката веќе не ги осеќам :D
    ама нема клоцкаат, срциња мали
    :*
     
  6. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    даа ке имаме јануарски бебиња :) и мене ми го направи истото на ехото претходната недела, не даваше да го видат, само се вртеше и го клоцаше ехото :D како да се плашеше од него. А за клоцањето јас открив лек, почни да пешачиш или да се движиш ама повеке и кога ке легниш да одмараш само на почетокот клоца и после 5 мин се смирува и спие цела вечер без проблем :D моето цуце така се однесува од кога почнав да пешачам навечер, и не ме задева цела ноќ, ама па за тоа преку ден додека седам дома ми враќа :D ама ако мене убаво ми е кога си мрда, и уште се мали, што кажуваше меу кога ке пораснат поголеми и кога клоцкаат некогаш дури болело, ама сепак мислам дека тоа е слатка болка.
    Добра ноќ на сите трудни мешиња :*
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nadege

    nadege Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    23
    добро утро мамички како сте ми денес? се надевам дека NoellePage веќе се гушка со бебчето и дека добро поминала :angel: инаку ние сме супер си мрткаме :lol: не знам дали е точно но имам слушнато дека колку повеќе сме активни во бременоста полесно ќе се породиме, ако е така јас сигурно најлесно ќе се породам :P :D воопшто не мируваме со бебушот постојано сме во покрет :clap: останува да видиме дали теоријата и праксата се совпаѓаат ;) :$ имајте убав ден :*
     
  8. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    гледам темава за гениколог не е многу активна па ако смеам тука да ве замолам да ми казете добар гениколог со здравствени картони сто работи кој би мозел да ми е матичен...многу ми треба сто побрзо :(
     
  9. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Јас сум кај Хаџиевска во Млин Балкан. Мнпгу добро си работи и не е скапа. Презадоволна сум од нејзе
     
  10. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    Aко не ти е проблем тел.број? фала ти многу... :*
     
  11. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Ќе може ли некоја од вас да ми препорача приватен гинеколог кој ќе ми ја следи бременоста, од Скопје? И кој има современа апаратура и умешност во таа област, не како мојов моментален мамлаз :tmi:
    ПМ PLEASE!
     
  12. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    ете ти податоци во лп :*
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Здраво женски. Јас сум тука и ве следам.
    Кај мене нешто се дешава , а немам појма што точно, зошто нема кој да ми објасни.
    Секој втор ден сум на цтг и на прегледи дали и колку сум отворена, а да ми верувате ни цтг резултатите знам што значат, а ниту пак знам дали воопшто сум отворена.
    Докторот денес ми беше експресно брз, и се на се 1,5мин имав контакт со него, време за кое незнаев дали да дишам додека ме прегледува вагинално ,дали да се чудам што после 3ч чекање дојде, или да му следам реакција, гримаси и сл... па така си останав со милион прашалници и немам појма што се дешава, само знам дека во недела сум повторно на преглед.
     
  14. imorena

    imorena Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    3.457
    Пол:
    Женски
    Јас во текот на мојата бременост бев само еднаш на цтг. Матичниот гинеколог ми рече дека плодовата вода ми се намалува, па според тоа време ми било за цтг. Откако заврши ми кажаа дека можам мирно да спијам, не сум била за породување, а и во наредните 2 дена да не очекувам ништо. Тој резултат е веродостоен за 3 дена и потоа пак се повторува постапката за да се знае што е следно. Друга трудница во ист термин што бевме немаше направено ниту еднаш, не ја пратил докторот.
     
  15. Katalea

    Katalea Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    200
    Ах мила, што да ти кажам..Можам да замислам како се чувствуваш и најлошо е тоа што на крај пак незнаеш на што си.. Но валјда знае докторот и сигурно е свесен дека ако е алармантна ситуацијата ке реагира..Пробај да се опуштиш и да не мислиш премногу, издржи уште малку па ке се среди се.. Господ е голем и верувам дека ке си дојде само по себе... Види и ако интуицијата ти кажува да идеш, отиди си пак на доктор што ти е гајле, најбитно е ти да се чувствуваш како што треба.. Ајде стискај сили уште малкууу :* :* :*
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Elenika

    Elenika Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    74
    Може прашањево глупо ви звучи ама нз кај да се обратам дали чаевите се штетни за време на бременоста оти имам темп па се напив еден од камилица еден од брусница неможам др да пиам позз
     
  17. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    123
    Еленика тие чаеви не се штетни и можеш слободно да си ги пиеш. Зелениот чај и другите од неговиот тип не се препорачливи за време на бременост и доење зошто содржат поголемо количество на кофеин.
    А за температурата можеш да измешаш една белка од јајце и оцет и да ги натопиш чорапите со таа смеса.
    Позз и оздрави брзо :)
     
  18. Elenika

    Elenika Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    74
    благодарам за одговорот кај ме најде мене оваа темп во 9 месец нз нека си оди од мене :D
     
  19. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    морам да се пожалам тука, немам на кој :( овие два три дена ме фака преголема нервоза одвреме навреме,и одма почнувам не да плачам туку да липам ко недај боже да се има случено нешто ептем лошо
    ;( дури ме фака страв од тоа, само се расправам со мажево, се ми смета :(
    се надевам дека е нормално и дека не е штетно за бебенцето, и кај и да е нема да се нервирам повеке :)
     
  20. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    123
    Ќе си оди не се секирај, само позитивно размислувај :) .
    А ако имаш повисока температура и не ти спаѓа тогаш мислам дека е подобро да се консултираш со лекар заради твоја и сигурност на бебето се разбира.
     
    На Elenika му/ѝ се допаѓа ова.