Избрши ја апликацијата па инсталирај ја повторно. Јас така успеав да се логирам,претходно пасворд менував,пробував цел ден и ништо додека не ја инсталирав од почеток
Се пробав, и лозинка сменив и 100 пати деинсталирав и инсталирав и не сака и не сака не знам што е проблемот
Не е страшно и мислам дека нема врска каде во матка е ембрионот, се додека си расте нормално, ќе си се намести бебуш понатаму како што треба.
Здраво мајки. Бремена сум со близначиња Уште сум на почеток, па ме интересира, кој доктор би ми го препорачале за прв скрининг? Важно ми е да е компетентен пред се'. Има ли овде и други со близначка бременост? Поздрав до сите
Со лесно да ти е до крај мајка . Дупла среќа што убаво . Мене ми е прва бременост, јас прв и втор скрининг правев кај различни доктори , но и од двајцата сум презадоволна. Првиот скрининг го правев кај Др.Павле Димчев - Систина . Не зборуваше баш многу , меѓутоа се што си прашав ми беше одговорено . Му провери на бебуш се што треба и на крај ни кажа дека се е во ред. Втор скрининг закажав кај Др.Никола Маџунков -Поликлиника Мартини . Прегледот помина супер , се ми беше детално објаснето,без да прашувам сама и докторот е многу фин и смирен. И двајцата се многу добри доктори и ти ги препорачувам. Но , сепак доколку има некоја членка со близначка бременост почекај и види што ќе ти каже и таа .
Здраво мајки дали некоја успеала скоро на Картерс страната да се снајде? Не успевам т.е не ми вади што ќе селектирам....или да ми дадете предлог од каде да земам нешто за излегување од болница така во убави живи бои ?
Ајде девојки која знае просветлете ме да не мислам до утре, ми стигнаа резултатите од скриен шеќер што испитував: На гладно: 4.9 После 1 час: 9.1 После 2 часа: 6.3
Dobri ti se rezultatite vo normala se.Malku samo mozebi vtoriot cas e nakaj gorna granica ama ne e nad granica
Женски 9та недела сум и веќе неколку дена имам тахикардија ама трае и по пола саат и по неколку пати во денот, едвај се смирувам. Читав дека може да е од анемичност, а јас сум и пијам апчиња ама страв ми е да не не е од тоа само... што би можело да биде?
Здраво девојки ја сум 35 недела и 5 дена , сабајлево кога станав одам да се мијам се подмочав . Ја побарав матичната докторка и уште еден доктор им кажав за ситуацијава ми рекоа нишо страшно нема потреба од доаѓање , на контрола сум во петок имате некој совет ?
Уште колку ќе се подмочуваш ехее , допрва иде тоа време со растењето на бебето и притисокот во малата карлица. Ништо страшно , секојдневие кај секоја трудница