Јас уште не сум нервозна ама вчера сонце одма друго расположение денес катастрофа, прва смена сум и нема ни многу луѓе денес па фала богу поседав, ногава уште ме боли од грчот
Луѓенца дали е можно пред 2 месеци серумско железо ми беше 7, хемоглобин на долна граница. Почнав да пијам малтофер, по еден месец серумското железо ми се качи на 26, хемоглобинот остана низок шо е очекувано. Продолжив со малтофер и по еден месец (два месеци терапија) серумското паднато на 7, хемоглобинот под долна граница. Можни се вакви варијации или не се веродостојни резултатите? За огтт тест од кај земате упат? Прашав денес во синлаб, ми рекоа дека прават само на приватно 500 ден со две, 650 со три боцкања. @0ли се породи мама?
Матичен гинеколог ми даде мене за огтт. За крвта испитај пак ако ти е сумливо. @Тинке прочитав на нет, незнаев што значи тоа, изгледа како посериозна ситуација, што велат докторите?
Па и јас незнаев, матичниот ме прати на снимање на клиника сепак ради годините, бидејќи сум 40г ама немав никакви проблеми досега. Имав некои ситни хематоми, ама се расчистија со време, болки имам да како ментруални одвреме навреме ама ништо страшно Гледам ризик фактор дека е тироидната ако не е во ред, ја сум со хашимото и хипо, и исто ризик фактор е рх негативна крвна група а плодот потенцијално позитив, и тоа сум, не знам препратив кај матичниот па чекам повратно ама сигурнбо пак ќе ме стави на мирување, а ја не сум човек со мирување баш баш ама тоа е
Читав дека со лежење се опушта матката, што треба тоа ќе се прави, ако треба лежење ќе лежиш нека е со лесно и да биде се во ред. Прв пат слушнав јас не дум знаела за оваа состојба да ја речам, а имаш симптоми некој?
Да гогглам и јас сега, може да е сериозно а може и да се лекува како гледам симптоми ништо посебно, понекогаш болки како ментруални ама штом легнам да одморам ми минат., ниту крварење имам. Стомакот ми е тврд и доста голем ми се чини за неделите ама па акко читам така е и нормално. највероватно мн ретко и ги праќаат трудниците на овакви испитувања, братучетка ми еспецијалист гинеколог и ми кажа дека ептен ако е некој проблем со болки јаки па тогаш, ова јас случајно улетав ради матичниов што сака се да си провери
Јас вчера правев во авицена 550ден со 3 боцкања. Немаше термин ли за државна не даваа ли ич не ја сватив таа сестрата на пулт. А 26 недела сум др ми рече најдобро оваа недела да го направош.
Ista sum, ne da mi se smacii, ne se trpam samata veke, a vremevo kapak na se, neka se oprava veke, navistina nemozeme da izlezeme so decava ke si pobudalime. So Mihaela se od edna soba vo druga krss....
Здраво дали може некоја мајка што се има породено царски рез во скоро време кај Доктор Зоран Илевски да ми пише во лична порака имам едно прашање ви благодарам
Како сте мами денес? Јас добра, ама исто ко вас, ме нервира времево, ми фалат прошетки и ..јас дома и со мајстори, па бајаги ми е забавно се преморувам па единствено што ми е убаво, е што си спијам ко бебе, вака слатко мислам пола живот се немам наспиено, мн осетлив сон имав Ви праќам
Неееее рано ми е Но ситно е веќе, денес 36+5 Кога сте кај нервози поради времето, мене баш ми е погодено. Обожавам кога е вакво, ни топло ни ладно, излегуваме од дома и да врне и да вее. Малиот со чадорче и шета и на дожд, нема дома седење. Задолжително ни е да излеземе да го шетаме двапати во денот, без разлика на времето. Инаку не се трпи Јас немам време за нервози, ептен имам обврски со уредување, хаос сме, само нешто има да се прави. Одморам само кога спие малиот. Ништо не ме нервира освен мм кога има мислење поразлично од моето
Дека те прочитав во тема доење, некако така си поврзав, а гледам нигде не сподели вест па реков да прашам. Со лесно да ти е мама, до крај да си истераш. ❤️
Фала ти што помисли на мене и што праша Се спремам полека за доење. Така некако како да ми требаше поддршка, сигурност, мислење и затоа пишав таму со време. И тебе со лесно, ќе те чекам да се дружиме во бебешките теми како и со првото
Мене времево само на спиење ме тера. Ме има фатено некоја мрза не ми се мрда од креветот Полека спремам сѐ за мене и бебчето за болница, купував комплети пред 2 дена пелени памперс торбата ја спакував за мене уште за бебка да се испере и спремни сме од толку шеткање лево десно веќе немам сила колку повеќе одам толку повеќе ме боли целото тело ми се смачи од стврднувања, отоци, и умор проследен со огромна желба за спиење порано имав повеќе сила, цела бременост активна до крај а сега две скалички не можам да искачам
@IRBBB За скриен шеќер земи си упат ама не од гинеколог туку од матичен, они даваат, само тој упат покрива 2 боцкања, за да биде со 3 боцкања се доплаќа нешто ситно 100 200 денари, само ќе им нагласиш таму на шалтер. И јас во синлаб испитував бидејќи не се закажува си одиш кога можеш, додека во авицена е со закажување. За железото можеш таман на едно одење и боцкање паралелно со скирениот шеќер да ти земат крв и за крвна слика (со посебен упат од гинекологот за да не плаќаш ништо). Јас така направив. Со лесно мама.
Колку се плаќа со упат од општ матичен? Дека го друг град ми е матичниот, дали ми се исплаќа да одам до таму или да си платам на приватно. Железо морам да повторам во скоро, оти 17+6 сум, рано ми е за огтт.