Жени што е најдобро за ниско железо? матичната ми препорача флорадикс сируп или таблети, ама гледам на некој помогнале на некој не. и паника ме фаќа дали ќе се подобри до пораѓај.
Ти пишав и во др тема, Сидерал се најдобри мислам, претходната бременост ги пиев одма ми го кренаја и др членка се фалеше од нив тука, Флорадикс имав земено за синко ама не го пиеше, грд вкус има, а мислсм и тој е добар, добра фирма е, е сега прво Ферсан форте пиев и за 1 месец од 11 на 16 ми го крена. Сите гинеколози различни даваат и обично сите се добри, ама Сидералот е прв според мене. Сега ќе видам од грчкиве како ќе ми биди дали ќе го кренат пак, Ферофолик мислам се викаат.
И немам железен вкус во уста од нив, немам ни запек, супер ми ги поднесе огранзмот мене тие, ми одговараат. Сега уште да видиме на крвна слика како ќе се покажат
Баш пиши како ќе бидат резултатите, верувам добри ќе бидат, јас лично ги немам пиено. Досега се било во нормала од железо. Но кај што сум ги препишала кај пациенти, секогаш имало позитивен ефект досега
Мене веќе ми дотежува некако, 33 недела имам уште за носење ама почнува да ми станува тешко. Не можам да спијам, не можам да се свртам, не можам да се наведнам ми смета стомакот па нервоза ме фаќа, па после го галам мешето и и зборам извини мама што те потиснав Хормониве хаос. Киселини хај левел. Најново плунка многу имам, значи многу голтам цело време и тоа дополнително ме полни со воздух и после ждригам. Тоа е, од денес ќе почнам да средувам и јас алиштата и све остало што треба... @LangeAlfa како си што се дешава?
Jas i ti isti sme...jas denes 33+1...inace ni mene nisto ne mi e sredeno,sledniot vikend ke ideme da kupime krevetce i se sto treba pa poleka da peram peglam i da se spremame
Ќе се средиме пополека И со тремини сме тука може и у болница ќе се зачекаме Кај планираш да се пораѓаш? Јас у Чаир.
Пишав јас подетално во породилни. Овој пат имав прекини со голем размак на контракциите, а од 9 до 11 и нешо наеднаш беа со одмор од 1м, после тоа немав воопшто пауза измеѓу дур не се роди. А со првото имав на редовни интервали без толкави прекини, онака како по книга баш. А неколку дена/недела можи нели пишував дека ме фаќаа менструални, па ќе поминеа ама менструални со породични е огромна разлика.
Јас сум деновиве со мннн брекстонови.Овие два дена со менструални а денес и во кичмата.Се испрскав руска вода се надевам ќе пројде.Нека седи госпожа да не тргнува само си викам,уште е карлично си остана така а јас не сум спремна за хитен царски пак недај боже Ти ги видов сликите со малите,душа греат па и си заплакав дури ама најозбилно каква лигла сум станата мајко мила,хормони Прекрасни се
Здраво, јас пијам Gentle Iron на Solgar фирмата. Ги има во Зегин. Немам несакани ефекти и железото ми се качи од 10 во 28ма недела на 27 во 32ра недела. Неколку пати неделно пијам какао, ама не би требало многу да менува тоа.
такви земав и јас. вит ц земаш дополнително? оти пишува дека нема потреба со овие да се пие вит ц. почнав и јас какао да пијам. леблебии јадам. семки од тиква. цвекло. се надевам ќе се покачи.
Не, не пијам дополнително ц витамин. Само железото го пијам насабајле само него и не јадам 2h пред и после млечни производи, а пре мама ги пијам навечер. Ми кажаа така зошто не требало да се внесува железо со калциум заедно Од јадење пошто не сакам баш месо, јадам леќа и марула почесто и вишни замрзнати.
Отидовме на дежурен Систина контракциите одеа до 20 и нешто, ме прегледа докторот рече не си отворена ама премногу имам вагинален секрет (немам поим од што брисевите последни ми беа чисти затоа и ме загрижи дека упорно почна да тече од синојка) поради секретот докторот помисли дека е водењакот ме прегледа на ехо рече ептен е спуштено бебето чудно што не сум почнала да се отварам уште баш било ко за пораѓај Исто виде дека стврднувања имам премногу рече дека матката и бебето се спремни за раѓање и ми предложи да останам во болница да не дојде до прскање на водењакот или отварање да сум под надзор, и мм сакаше исто ама јас не прифатив едноставно почувствував дека може е рано и за џабе ке фрлиме 500€ од ноќ... Инаку докторот ми предложи дека доколку сакам може да останам и ако имам уште болки денес а не се отварам да ме породат царски и секако дека не прифатив кога веќе имам прилика за природно. Од сабајле во спиење минимални болки ама стомакот ми е видно спуштен, горе сум преслаба како што си бев пред бременоста инаку ја носев ептен високо девојкава Мм вика стомакот ти е ко да си веќе породена го нема, затоа се и испаничи синојка и ме однесе в болница
Благодарам мила секако ке известувам ако има пак некои промени. Последните денови баш со мм се смеевме лудуваше како да сака порано да излезе еве ја пак турка со нозете надолу изгледа стварно ке излезе
@Viveki од љубави до мржње е кратка линијата хахах шала на страна презадоволна сум, нормална е некоја доза на љубомора. Пример ја гушка, ја бацува, малу нема осет со колку силно стега ама покушаваме смирено да објасниме иако имав една ситуација кај пто ме извади од контакт и така до сега ме сум викала по неа.. душа преплакав од жал. Сабајле викаше дека не ја сака оти не ја остадов она да ја носи шо е ммогу нормално хахах ама брзо заборави па ја гњавеше. Иначе јас добраа сум, тук и там која контракција со второ се многу болни. Вчера прв пат шеташе бебе, денес до парк со малава км изодев и некако ме фати страв да не не смеам.. оти почна да ме боли карлица ааххх брзам можда и јас, претерувам. Ве читам на ситее само немам што да ви искомемтирам, не сте многу ни активни хаха со лесно само и сите на свет да си донесете здрави бебиња