Од Алкалоид ќесичките ги земам. Мене малку ме фати страв. Денес кратко шетавме со малиот,ама купив прашак и средство за флеки и ги прошетав со мене. Малку ми беше тешко. Вечерва осетив слаби менструални болки,земав сега магнезиум и утрогестан. 33+4 сум,ваљда не му текна на бебе да излегува порано Утре сум за последните брисеви. Дали еден или два зимаат? Без спекулум така беше?
Мешиња, за колку време се раствара полигинакс вагиналетата? Голема ми изгледа, а многу ми се оди во веце, па дали знаете, неможам да издржам. Инаку брисеви супер без бактерија излегоа, и тој за стрептокока негативен е, но вагина и цервикс имам кандида, затоа и вагиналетките. Вторпат оваа бременост со кандида Ми ги прекинаа утрогестанот, имам уште за 6 дена и ќе ги прекинам. Вие до кога ги стававте? Магнезиум до кога примате? Метилирана фолна до кога? Многу прашања имам, ако можете и имате време одговорете. Крвна слика во ред, железо 25ка, хемоглобин 11,6. Но тромбоцитите ми паднале. Преглед ми одкажаа, па чекам следната недела да одам, да зборниме за пораѓај и да купам за од болница за бебушка комплетче или шпикознички. Друго голем процент е средено. @Ceneva со леснопочнат е процесот. Неможам да разберам, на гак одиш на контрола деновиве а Ниш ќе раѓаш или грешка сум? Добра ноќ, турбо постов, се и свашта има
И навлажнета ја ставаше? Демек правилно и длабоко ја ставив, но мн ми се оди во вц, к стонак веќе ме боли за мочање, а околу 1 час помина, па да не ја исфрлам
Мене 2 ми зедоа за стрептокока. Можеби затоа што сум царски. Без спекулум. Утрогестан и магнезиум само денот пред породување треба да не ставам/пијам. Претпоставувам е вака бидејќи со царски ќе бидам. Фолна продолжувам и после породување.
Не ми текнува, ама мислам дека не ја ставав навлажнета.. Оди во вц, ако падне голем дел, стави нова. Кај се додржува долго време да ја носиме бремени
За метилирана мислиш и плус пренаталните така? Бидејќи нив ќе ги примам а метилирана имам уште 4, па незнаев дали да купувам нови, 33+3 сум. А утрогестанот ваљда зошто планираат природно ми го прекинуваат и заради добриот цервикс, јас ми е страв дека штом ги прекинам, веднаш ќе се породампусти страв....
Мене магнезиум ми прекинаа последниот месец, нема веднаш да се породиш, не бери гајле. За витамините ич не памтам.
Јас ги ставав до 34та + некој ден. Се породив 39та. Нема одма да се породиш Магнезиум од 37ма престанав да пијам. И иди мочни си, не се стегај
Мене не ми прекинаа ништо освен утрогестанот, витамини и магнезиум пијам и плус аспирин, а тука сме со термин и јас сум 33 недела
првиот пат како првородка за 5 саати 6 прсти отворена бев, многу брзо ваљда заради краткиот цервикс. Немаше време ни за прием, директно во сала ме внесоа на бокс, таму и се пресоблеков И не со мн јаки болки. Сега секој ден сум со болка у симфиза, си викам да не изненадам на работа да се породам па процесот да биде ултра брз. Ќе ме пишува во весници Мн висок праг на болка имам, затоа ми е страв а имам цел час и половина до Ск возење Мочнав, ми олесна, немаше парчиња
И како ти е без нив? мене мн убаво ми делуваат, троа ко зашеметена нонстоп и притисок на 110/70 мо го држеа
Не знам, ми објаснуваа за магнезиумот дека не требало последниот месец ради контракциите при пораѓај да се осетеле, така некако беше ваљда. Леле, вистина се заборавало се со тек на време. Саат и пол ...тоа ќе му дојде ко од еден до друг крај на некој поголем град. Ајде, се да биде добро
Јас сум 37+1 и пред една недела ми ги укинаа дабростонот, но спа и ферона, продолжив со пренаталните и со магнезиум. Јас сум со скратен цервикс и мислев дека одма ќе се породам кога ќе прекинам терапија ама еве не било така
Сега треба по 1 навечер да ставам Утрогестан, ми го прекинаа тоа наутро што го ставам и мене страв ме фати да не се породам, а бе готово Инаку, јас не пијам пренатални, сите витамини посебно ги пијам. Мислам дека и за првото така продолжив после породување, само во помала доза, не 1000 како во бременост. Ете ич не ми текнува. Мислам да си земеш и да си пиеш до крај метилирана, а ќе си ја допиеш после породување. Мене на секој преглед ме прашуваат дали си ги пијам витамините и да продолжам.
Добро утро мешиња Еве сум наспана освежена малку.Дојде снегулката моја вчера на пладне во 12 часот 38+4 бело памукче со 3900гр. 51цм и со дебели обравчиња.Душата ми се стопи кога ја видов плачев како луда на операциона маса.Ми ја дадоа ја избубнав и ќе умрев мислам дека кога ја однесоа да ја средат.Царскиот добро пројде,тимот одличен смирен,опуштен.Задоволна сум од се до сега на Гак.Сега останува да соберам сила за станување кога ќе дојдат и да ми ја донесат душата едвај чекам,ќе пукнам дур не ја видам Хормоните на најјако плачам на се и свашта Кај сите оваа убавина и со леснотија