За сигурноста потпишувам Сега и не се чувствувам баш така. Ама кога ќе ме видеше таму у чекалната, му се стемнуваше, бидејќи со лиФче со прашања одев, ко на испит, се да го прашам. Сега нема така, ок е се, не замарај мн Алишан, ќе си подвијам опашката и дома.
Девојки,денес отидов на редовен преглед 36+2 сум и се беше во ред на прегледот,тежина 3090гр. постелка во ред,плодова вода во ред,цервикс во ред. И бидејќи се си беше во ред првично се договоривме за царски за 2 недели, во 38 недела. Со царски секако беше планирано заради инвитро. Ама кога излегоаа резултатите од урина,имав кетони +++ и во консултација со анестезиологот др.реши дека не треба да се чека и ми закажаа итен царски за во среда бидејќи сум со гестациски. Гестацискиот заедно со кетони не биле погодни и за мене и за бебето. Јас не сум на терапија за гестациски, само на диета бидејќи немам некои големи отстапувања. Денес ми дадоа инекција за зреење, една денес и една утре и во среда со господ напред. Многу ми дојде набрзина и неочекувано ама тоа е, само да биде се во ред . Дали некоја има искуство заради кетони да и закажат побрзо породување?
Никаде не грешиш. Едноставно некои носат поголеми бебиња. Генетика. Па и не можат сите исти да бидат. Многу напнуваат со овие мерки. Беблакот мој од 27 недела па натака 3 недели беше поголемо со мерки. 2 пати правев ОГТТ со одлични резултати, плодова вода супер, јас воопшто не бев поправена освен мешко напред, 9 кг имав плус на пораѓај. Се си беше во ред, ама ете голем плод. Само докторот што ми ја водеше бременоста не ме паничеше, останатите доктори кај што беб се нешто загрижени беа и стресови ми правеа. И од 27 престанав да идам кај други. Овој само ми викаше супер си е бебе, голем дечко ќе си биде. И така испадна. Неполна 39 недела се породив, бебе над 4кг. И сега си е голем, машала
Почнавме активно јунските термини. Реков јас, уште на почеток на месецов ке се изредиме сите како сме тргнале
@PoisonGirl , @Pamuk dete Живи, здрави и од Бога благословени да ви се девојчињата , многу радости да ви носат ! Вам ви посакувам брзо опоравување мамички .
@PoisonGirl @Pamuk dete живи, здрави и од Бога благословени да се кукличките, вам поскоро опоравување и бескрајно топење во најмекани гушки. ❤️
@Pamuk dete @PoisonGirl честитки, да ви се здрави и живи бебчињата, на вас брзо опоравување @Sofi.ja јас имам пиено линекс форте, а знам и провен стриктно за трудници да не имало пробиотик. У глобала не би требало на наштети било кој пробиотик