Честитки мајка. Гушкајте се сега и да вреди секија солза. Отварам после долгооо време и те проверував до кај си. Се дружевме преку форумов и стекнуваш пријатели несвесно.
Се однесува на грлото на матка. Должина 2цм, а сакрализирано мислам дека е размекнато. Моево кај Снежана беше 1 недела понапред со мерките,а на последниов преглед во 33+5 еден ден или два се разликуваше од мојот термин. Јас уште се мачам со стомачниот. За среќа ми помина и болка во желудник и тт. Сега имам дијареа но не толку честа ,по еднаш или два пати во ден течна столица. Земав Дарма флора пробиотик( во еурофарм некако ми го упикаа) и кај нова општа матична бев ми рече смекта да земам. Прашав за електролити рече не би дала да не ми се појават отоци,а и јас добро се чуствувам. Ќе гледам бар магнезиумот да го избегнам,од него и онака ми се прави поретка столицата. Од друга страна,ми се фати гласот ,ми падна имунитетот и сега само ќе се редат вируси Во четврток сум на преглед на гак ,па ќе се консултирам со докторката кој антибиотик да го земам за Стрептококата во вагина уште толку да го дотепам имунитетот. Од витамините кој знае од кога не сум се напила. Железото го одбегнував овие денови заради желудникот. Плус и детево ми е болно. Алиштата бебешки ги исправ,ене го купон нема кој да ги испегла. Креветчето уште не е монтирано. Уф колку нервоза ми се собра овие денови
Дармфлора е супер пробиотик, а смекта е баш за пролив и ефикасен. Со помин, се ќе се среди. Кај мм бактериски испадна стрептокока има, па се избегнуваме колку што можиме дома, не спијаме заедно ама колку ќе се допазиме нз
32+2 koj se dvizim podogolo i sum na noge imam ka bckanje i bolke nekoj ke sednem ke odmorim i ke projda a i mnogu pocesto go osekjam kako mrda nekogas i bolno
Све се канам да седнам да пишам деновиве и никако де немам време де не сум расположена...Те читам и исто како тебе и ја, све ми е собрано ништо на време не можам да завршам, отоци ненормално, киселини хај левел, спиење на рати 34 недела си викам како издржуваат жениве леле мене ми е многу тешко Хормониве риголето ми играат се само се плашам нешто абе у пм више... Дома уште ништо не ми е средено, ни алишта испрани ни даска за пеглање имам На 13 јуни ми закажаа цтг готово више влагам у 9ти месец а ја уште ништо несредена, а обично многу организирана сум ама сега некоја мрза ме има фатено некоја неволност, хаос. Алал да ви е на сите како постигнувате со дечиња што имате, херои сте ми ❤
Иста сум и јас,обично се ми е организирано и спремно. Денес од инат ја извадив торбата за во болница и ставив пешкир и несесер Се нервирам уште ни количка ни транспортер не ми се испрани,како не фати вирусот со малиов 5 дена со болест се расправаме. За него од 33-34 веќе се беше спремно,се купено. За ова уште ни пелени не сум купила, ниту нешто од аптека што планирав Се си мислам ќе изненади порано и ќе ме фати не спремна. А мн мразам маж да праќам по набавки,да висам на тел дур пазари
@Ceneva се олесни, верувам и киселините ѝ заминаа. Од денес по се изгледа јас ќе ви кукам за нив. 24ч ми гори и желудник и хранопровод, ко змеј се чувствувам. Во петокот бев на преглед и по извештај за клексани. Докторот шо ме следи проба да ми направи ран скрининг, на полни 19 недели. Рече дека е малечко и уште не се гледа сѐ убаво, ама од тоа шо може да види, сѐ е во ред. На почеток за полот не беше сигурен, бидејќи папчаникот му беше меѓу нозете, ама гледајќи од кај газето, рече дека не гледа тестиси и дека веројатно е девојче. Гледаше, гледаше и ми рече да, девојче е. Му се пожалав за болките, ми измери цервикс 5 и пол сантими. Камен од срце ми падна, многу ми олесна. Ми даде да испитам калциум, супер е, баш на средина на референтни вредности. Пресреќна дека ќе избегнам барем еден суплемент, се отрув веќе. Денес бев на преглед кај матичниот, да ми земи брисеви. Ај рече да те ѕирнам на ехо. Ах, ете гоооо, конечно се покажа бебе. Нека е жив и здрав, пак е машко. Wtf докторе, во петокот ми рекоа девојче дека е. Аха, девојче со куре, еве го. И слика ми изваде. И сега, јас сум многу збунета. Не дека ми е важно каков пол ќе биде, какво и да е најсакано ќе биде. Ама тамам почнавме да фантазираме за девојче и некако се соживеавме со идејата, испаѓа дека не е? Само синко цело време повторуваше како папагал 'не дадика, батко сакам'. Додуша голем батко бара, за фудбал со него да играл, ама ајде. За 2 и 3 недели ќе одам на скрининг, кај матичниот, кај тој шо ми пишува извештаи и во плодност. Се надевам ќе се усогласат сите тројца дека сѐ е во ред и околу полот. Дотогаш ќе се понашам како да не знам какво бебе носам.
Менструалните болки не ми престануваат еве скоро 2 недели. Лажни контракции цело време, полудувам веќе од болки
А ти какво претчуство имаш? На пример јас имав желба за женско. Но длабоко во себе уште откако останав бремена знаев дека е машко. На прв скрининг ми кажаа машко(се разочарав) по 4 недели женско (се прерадував). Но сепак ,знаев дека не е женско. После си реков само нека е здраво и право па какво сака нека е. Испадна да е машко (100% ќе потрвдам кога ќе се роди). Така да,верувај и на интуицијата
Мене првото машко ми е, после се што поминав, бременост, доење, неспиење...си реков и др да родам пак сакам машко да е ко ќе ме прашаа вака низ муабет јас велев машко сакам пак и еве машко е ми се исполни желбата сепак полесно поминуваат маживе цел живот, ние една недела во ПМС, една недела со менструација, па ова она, нон стоп сме со хормоните горе долу маживе си терат полесно е сега со синко имаме една мака му се крена едниот тестис и треба операција, ама рутинска е, мн честа кај машките деца, не да сум уплашена, премногу ми е страв ама ќе помини и тоа.. Додека па мм сега сакаше женско тие се 2ца браќа, свеки умрена беше за женско исто И јас пак да се пожалам, десна нога цела ме боли од горе до долу, изгледа почна да си притиска на нерв, со првото тоа ми беше во 9ти месец мака, сега уште 2 цели месеци имам на работа како ќе поминат нз исто и долу срамната коска, нешто што во првата бременост го немав
Не знам, тапа сум. За првото изгорена бев по женско и такво претчувство имав до крај и до породување мислев дека имаат грешка и женско ќе родам. Ама не. Сега некако тежнеев кон машко, дека на мала разлика се, да бидат ист пол, ама од старт имам претчувство за девојче. Со хормониве не сум си многу за верување ни сама на себе. Навистина ми е најважно само живо и здраво да е. Секако планирам уште 2-3 да раѓам, ваљда ќе се измешаат и машки и девојчиња.
Понекогаш си викам дека децава погодуваат. Мојот одма кажа сестричка дури и име и даде веќе. На преглед кај матичната кажа таа женско дека личи после тоа на скрининг во систина исто кажаа. И јас за првото си мислев женско ќе биде ама не машко беше со тапија  Нека се живи и здрави само
Погодуваат и тоа како. За мене на мајка ми до последно и велеле дека сум машко, само братучет ми велел "вујна ќе роди девојче, вујна ќе роди девојче" дури и го карале доста веќе со тоа девојче, машко е. Па еве ме мене, да не сум копија на татко ми сигурно би зеле да си го бараат синот
И јас си ја гушнав мојата втора прекрасна беличка среќичка Најубавото усте и носенце, очиња мили што збунето ме гледаат, иста е како бато Сè помина добро, се роди 3050 gr и 50 cm долга, со голема желба за цицање. Си фати веднаш и трга ли трга, колострумче си срка. Со лесно на сите
И мене синко од почеток ме зарече братко сакам, што ќе биди бебето кога ќе го прашавме велеше братко, а сестра сакаш Неее велеше со викање