Да не те плашам.јави го на лекар, утре е неработен ден потоа иде викенд, многу денови се.може ќе му дадат уште нешто
Здраво, Бремена сум 14 недела и позитивна сум на Уреоплазма, примам Еритромицин таблети 2х1. Од вчера почнав да чувствувам болка во долниот дел од стомакот најчесто кога се движам. Ме плаши од што може да биде болката. Ве молам за искуства.
Треба време да се стаилизира столицата барем 1 недела може да држи, јас возрасна па 2 недели ме држеше од сите вируси и бактерии стомачниот ми е смрт мислам до толку бев што и слепо црево на крај ми се воспали се направив тогаш коски и кожа. Пробиотик обавезно давај му и нека пие течности барем да не ти повраќа. Али нормално на лекар однеси си го раат да си и ти пред викендов.
Мешиња како се осеќате со времево, леле мене многу ми е тешко, нагони за повраќање имам и вчера и денеска си викам низок притисок дека е а немам апаратче да измерам? Ко замелушена сум цела...
Иста сум, глава ме уби од вчера и нагон на повраќање имав.Притисокот го мерев нормален ми е а тек сега малце ми попушти главата.
9 дена има траено стомачен со пролив кај синко, ќе помини... @Viveki и мене вчера глава ме болеше и ми се гадеше, денес нешто подобра сум. Лошо е времево мн променливо.
Да, ќе му кажеш дека си бремена и ќе ти стават безадреналинска анестезија. Ко од поплава исфрлена сум. Немам класична главоболка, туку очиве ми паѓаат за спиење, а не можам да заспијам и баш ко замелушена сум. Притисок мерев, стандард низок.
Сега се враќам од контрола 16+1 малку разочарана, бебушот не се покажа баш докторот вика папочната врвца е меѓу нозете вака ми личи на машко ама има шанси и да е женско. И после на др ехо гледаше нешто и вика не се труди не можеш да го видиш тоа што го гледам јас, да папочната врвца е меѓу нозете ама гледам и куре. Јас бев изгорена за девојче и сега ќе чекам следен преглед да ми потврди што е Од друга страна си викам ајде и да е машко ќе си се дружат братчиња, ама желбата за девојче останува Инаку за 3 недели сум поправена 400г што е супер како појдов добро што застанав мислам ми помогна многу пиењето на вода
Баш завчера бев на контрола, цело време беше свртено. Ништо не видов, ни лице ни ништо. Па уште камоли не знам што носам дал машко или женско. Ради тоа сум љута на бебето хахаха.
31 недела сум, бебе премногу активно веќе неколку дена, многу повеќе од претходно, дури знае и да боли. Исто многу пати во денот почна да ми се стврднува стомакот и не можам баш да стојам тогаш. Дали е нормално? Преглед имам дури при крај на месецот.
@0ли Ти благодарам многу на исцрпниот одговор и одвоеното време. Многу корисно инфо. Се надевам слично ќе поминам и јас, исто прилично лесно поминав првиот пат и во убаво сеќавање ми е останат царскиот. А за болките во стомак после 2 пораѓај знам од сестрами иако она двете природно родени многу се жалеше на такви болки после 2 пораѓај. Искрејно едвај чекам да дојде/помине и само си сонувам како сум веќе дома со бебуш.
Болките беа само првиот ден посилни, веројатно и најосетлива е матката првиот ден. После сè помалку боли, денес ја примив и последната инекција и никакви контракции и менструални болки немав од неа. Само бебе кога цица, тогаш осеќам. Сè ќе биде добро, не се грижи. @Bubish26 Најверојатно инекциите ги даваат само со царски, за природно можеби самиот организам природно си продолжува со контракции за да се собере матката.
И јас имам нагон за повраќање дури и си повраќам јас Сабајле бев на контрола кажа докторката нормално било веќе овој период имаме по некоја контракција и поради тоа сум имала нагон.
Мене и на природниот пораѓај ми ставија таква инекција за собирање на матката...првиот ден мислам беше преку инфузијата а другиот ден мускулно.
Епа изгледа тука не е пракса да се става инекција или какпи, мада ја секако ги имав со второво болките. Еве тука не е ни пракса да сецнат доле, читам таму претежно се сецнати.