Околу 30 мин. максимум, после тоа докторот ти врши преглед (ехо, вагинален преглед) се на се може да трае до 1ч. Мене во Систина не ми наплаќаат а за други доктори не знам, државно во болница секако бесплатно е. Со лесно, 4 дена сме разлика
Ако добро разбрав значи ако сите прегледи сум ги правела во Систина и плус планирам породување таму овие прегледи би ми биле бесплатни?
Бев денес на контрола,и последни брисеви ми зема.Бебуш тежи околу 1800 гр.,толку изгледа до 3 кила ќе стигне до крај,од задутре ја почнувам 34та недела.Ми рече дека матката уште не е зрела доволно,што значи имам време за пораѓај и најверојатно ќе дотуркам до краен термин,меѓутоа плодовата вода почнала да се намалува и ми рече да пијам што повеќе вода.Имате такво искуство досега?
Има ли некој искуство со поголем обем на главче кај бебе? Ми го искоментираа неколку пати до сега,но не во загрижувачки смисол, демек генетски може да има голема глава. Па се запрашав да не е проблем за природен пораѓај,како ќе излезе тоа бебе Баш ќе ѕирнам од бато мерките како беа,да направам споредба.
Се случува така да измерат па на крај нормално да испадне. Не си единствена штом не е некоја драстична разлика не се грижи.
Нема за шо страв, и 4то да чекаш, пак нема да си 100% спремна нити ќе знаеш шо те чека. Само опуштеност и позитивма мисла, бебе мора да дојде на свет. туку трудници убави, како сте? Ич не ве имам читано, новости има ли? Еден поздрав од мене и ви праќам силна поддршка.
Во мојата и во фамилијата на мм сите имаме поголеми глави И нашето бебче го водат секогаш 1/2 недели понапред во главчето и секој пат се зезаме со мм кои ли гени ке ги има, тој е со издолжена глава, јас со поширока а слаби и двајцата
24+2 пред некој ден нагло малаксав мислам секоја коска ме болеше, грлото малку ме наболуваше и осеќав некоја топлина мерено температура најнормална е, ми пројде за 2 дена од вчера пак исто, едвај функционирам ко да не знам кај се наоѓам истово и пред месец дена ми се случуваше на 2-3 дена во консултација со гинекологот земав парацетамол (ради главоболка) и прополис за грлото. Советувајте ме што да правам како утепана сум едвај очи држам отворени
Кај мене мерките се сите различни, помала бутна коска, поголемо главче, бебе нешто помало за неделите ама докторката воопшто не е загрижена. Според гените нормално е кај мене бебе да не е многу долго или големо па мене тоа ми е доволно, не ги ни гледам детално мерките штом докторката ми вика дека се е во ред
Здраво девојки, мене оваа бременост секој триместар со некој стрес го пречекав. Песок во бубрези излеа имам.. се ме фаќа викенд и дежурниве што се на смена без мислење се зборат. Во 3 ноќе се разбудив мислев некој ми го сече стомакот со нож, едвај до болница стасав на цтг одма ме ставија мислеа ке се пораѓам и си добив преглед со рака викав мислам колку душа ме држи едвај легнав на креветот од болки со помош на сестрата и мм, да знарв што ме чека ич немашр да легнам.. добив инфузија и сега лежам вечер сум на преглед кај докторката што ме води, да видам што ке излезе од ова се..
Ај добар ден и од мене. Јас па пукнав од склет само се потам жежтини ко у климакс само се ладам со вода дење ноќе. Веќе не можам ни положба за спиење да си најдам. Решив денеска да си земам за киселини нешто од аптека ова е се трпи више, препорачајте нешто?? @Bubish26 од стара гарда само ти ни пишуваш ❤ @Sofi.ja брат ми се роди со поголема глава, го зафркавам до ден денес му викам како лижавче беше Па ене го денес мажиште два метра ништо не му фали @Carolin. со лесно нека е душо пишувај апдејт.
Еве јас исто вакво искуство, 26 недела болки ненормални, преглед со рака, цтг мирно.За една недела повторно болки, докторката ми кажа да се напијам кетонал и да ме види интернист. Утредента на интернист и имав многу песок и мали каменчиња. Кај мене нападот беше инициран од гастрогардот дека тој е на база на калциум а калциумот прави песок. Кај мене имаше и мал застој на едниот бубрег. Пиев една недела но спа 4х2 за да се ослободат каналите, мноогу вода (проломот многу ми помагаше) и чај од брусница (сува брусница од зегин природно засладена со јаболков сок). Уште еднаш ми се деси да ме заболе ама не беше толку интензивно. Се надевам и кај тебе ќе пројде брзо, и нема да имаш проблеми до крај
Јас имав ненормално болки во раце и нозе цела бременост . Од прв до последен ден буквално. Матичната незнаеше да ми го објасни тој симптом ,а немаше ни томбоза ни ништо. Провери си,ама би требало да е нормално.