Zenski dali e normalno da ve boli dolu nisko kaj stomakot kako za menstruacij koga treba da dobiete? Deneska sum 33+5
Женички, денеска бев на прв скрининг и Др. ми кажа дека плацентата е поставена на преден ѕид на матка и дека е малку пониско поставена, но ми кажа дека нема простор за паника. Ваши искуства?
Одлично Оли ти да ни кажеш како го облекуваш бебе деновиве. Поточно имам шпихозни со стапалки од бато,се мислам дали воопшто да ги перам,дали ќе ги облече бебе,некако фаќа топло. Околу 30мм е ок мерка. @1209 женска ти ли имаше мака со попуштени вени на вагина? Пред малце како да ме здоболе доле,не можам да кажам дека е јадеж,нешто како печење чуствувам. Со огледало ѕирнав ми личи на вена,не знам дали е тоа и дали нешто може да се преземе.
Se napiv magnezium, za edna nedela sum na kontrola... ne sakam da panicam ama denes se nekako ne mozam da se namestam me boli kako i da zastanam eve preeska i kako menstrualni bolki
Мешиња за кандидата ви даваат терапија или не ја сметаат ко патологија во бременост? Ги зедов денес резултатите од брисевите, на брис од вагина изолирана е кандида албиканс. Бактерии нема изолирано, нормалната флора е присутна. Утре сум на преглед кај матичниот, па да знам дали да се спремам психички за вагиналети или ќе поминам така.
Првата бременост иста таква имав. Преден ѕид,ниско поставена. Без никаков проблем,бебе едвај искочи 42 недела ,се најнормално. Нема за што да се грижиш.
Микорил вагиналети и микорил крема ми даде мене за кандида албиканс во вагина. Имав благо чешање и малку секрет
Ако е веќе таква работата, не чекај следна недела, појди си најбрзо што можеш, чисто за твоја сигурност, да си види Др. цервикс. Може да си е тоа самата матка како си се шири, ама сепак појди
Ти благодараам ❤️ Дека првата бременост ми беше се обратно од ова и затоа малце ми е шубе да не речам... ☺️
Во првата бременост во Плодност ми дадоа Донафил вагиналетки. Ефикасни беа, а дозволени се во бременост (природен состав). Матичниот ништо не ми даваше.
Јас ставав Нео Пенотран, и мене поќе ми сметаја на психата одошто поинаку. Ама барем ја снема кандидата.
Камче ми било... се надрвам нема пак проблеми да ми прави, ама и ако прави правец на доктор барем знам што ми е.
Да ја активираме малку темава! На синко мој некако не му се излегува , утре ми е терминот немам никаков знак или болка, енергија 100% ко во втор триместар се чувствувам. Некако почна страв да ме фака дека нема да можам да се отворам па да завршам на царски Како сте вие мамички?
Како ќе биде никој не знае до крај, битно се да е во ред со тебе и со бебе со лесно да е скроз си на крај Јас отепана на времево денес, на работа до 3 уште 1 сат ќе издржам
Фала ви на сите, канестен 3 ми препиша матичниот како на @Brpbrp. Прв пат ќе ставам вагиналети, значи вечер ќе ве гњавам пак дали сум направила се ко шо треба.