Со помин, јас имам последно зголемен исцедок ама нормален е според мене, оти нема ни миризба ни чешање, и мн се потам, гаќите жива вода
Епа така ми беше и мене, немам ни чешање ни печење. Матичниот рече најверојатно од прогестеронот е појачан секретот, штом немаш други промени, ама ај реков да направиме брисеви за секој случај, подобро за џабе да е, отколку да пропуштиме нешто. И ете кандида испадна. А кандида сум имала еднаш во средно школо, после испиен антибиотик, толку драматични симптоми имав, уплав имам од нејзе. Тогаш пијав некои капсули, по една спакувана така се продаваа и никако не можев да се откачам. На крај со лактогин капсули ја решив.
Не сум имала и јас кандида, еднаш на брисеви нетрудна ама немав мака, знам и првата бременост вака последните 2, 3 месеци имав мнооогу исцедок, посебно 9ти само водени гаќите, па не ставам секојдневни никогаш, од нив можи да ми се направи чешање. Што да пишиш а да не е жалење тука нозе долу ме болат, ми жежат а тек почна жешкото, ами до август
Со еден слој облека ја облекувам. Надвор без покривање, дома за спиење тенка памучна прекривка. И мене Канестен 3 ми имаа дадено и пробиотски вагиналети.
@lackygirl Во Скопје е убиство во јуни кога си 9ти месец трудна, за август не сакам ни да помислам Јас и така жешко не трпам, ама вака па со стомак готовоооооо пукнав
Јас исто така пијам антибиотик за кандидата, од вагиналети не ја одкачив никако. Пробиотик верувам смее ама има ли врска каков или не?
Верувај јас сум имала ешерихија коли и тоа во урина доле партал бев од чешање цела отечена бев. Има и бетер
Да, во Скопје и во јуни испарува асфалтот од жештини. Па уште ако живееш на место без многу или воопшто зеленило, на прометна улица, нема свеж воздух ни во 3 после полноќ. Јас сум екстра зимурлив чоек и многу го сакав Скопје во зима, ама летата се навистина неподносливи. Маж треба да оди службено во петок во ск, не бара за друштво, ќе сме оделе в зоолошка. Хахахаха, јас во бт во 11 и пол не ја поднесувам топлината, а не пак во ск, цел ден, пази в зоолошка.
Стварно? Не сум знаела дека дава чешање ешерихијата. Туку на муабетов, секој месец на биохемиско испитување на урина ми пишуваат доста бактерии, а на уринокултура стерилна ми е урината.
Пред малку почнаа некои болки да ме фаќаат како да ме сече долу ниско скроз на стомакот, ама не верувам дека е сериозно. Бебка скроз е спуштена можеби затоа
37 полна денес. на контрола и цтг супер. докторката вика нема знаци за пораѓај. плодова вода доволна и бистра . Главчето наместено за раѓање таман. постелка супер . таман нека поседи уште 10-тина дена и доста му е . конечно да се запознаеме. а инаку кога и да појдам на контрола он само џвака со муцето и се проѕева. изгледа вечно гладен е и поспан е ова што мљацка со муце ми дава надеж дека ќе биде страствен цицач Го измери др. 3169 гр. вика од 3 до 3ипол кила не би бил повеќе. Јас ноќеска болки менструални ама така појакечки. викам зар му текна да се раѓа . после сум заспала се смириле. лажна тревога. денеска ништо не ме боли. мислам ќе терам до крај фино лепо
После брисевите 13та недела ми се појави густ како белка од јајце исцедок, но не проѕирен туку како светло зелен без мирис и без чешање. Тоа траеше 3-4 дена, не беше голема количина, и после прекина 2-3 немав никаков исцедок. Денес повторно ми се појави истиот светло зелен густ исцедок, резултатите од брисевите се уште не се готови, а на преглед сум за 2 недели. Многу се плашам од инфекција, па ме интересира нечие искуство со таков исцедок и дали сте ставале некои вагиналети?
кога останав трудна и терминов ми се паѓа 27 јуни. пресреќна леле викам топло ќе фане за фустанчиња . аха да. немало ништо потешко од трудница во поодмината бременост на топло време среќа нема ептен жешко да ме фане. јака ви душа на тие јули август што сте со лесно на сите нека ни е да се родат бебушите живи здрави се ќе се истрпи