кој месец си јас во 9 месец ми се случува тоа си рикам ко некое магаре сред нива сите ми се криви и дужни нервоза до бесвест и за ништо плачам мм ми вика што ти е бре амн веке постојано само плакаш а јас нз што да кажам ко ретардирана се осекам инакѕ гледај да се смириш бидејки не е добро ниту за тебе ниту за бебето мене тоа ми го кажаа на доктор
Нервозата не е убава за никого тоа сигурно верувај ми. Ако таа нервоза ти иде од никаде сигурно се тоа хормоните , и кај мене имаше еден таков период ама среќа помина, ќе помине и кај тебе сигурно. Кога ќе почувствуваш дека си така нервозна веднаш натерај го мозокот да размислува на позитивни интересни работи, пушти си ја омилената музика и така нема да сетиш кога ти поминала нервозата.
еленика некаде 6 месеци и нешто сум, абе знам дека е штетно, ама ајде неможам да се контролирам овие денови, само сум тажна некако , и најтрагично е што одма почнувам да плачам а нема никаква причина за нервоза,, да имаше барем ке речев дека е од тоа, ама вака од нигде никаде... се надевам дека од утре нема да бидам нервозна , и дека е период, ке ми помини, и нема да плачам, само ке се смеам
Ај земи пиј си дневно по 3пати Б6, немаш зијан. Јас сум бетер од нервозно куче, денес после прегледот сакав да побрзам да си дојдам дома за да си се исплачам. Едноставно се ме нервира, и одма плачам, криво ми е што е така, но тоа е. Ајде ќе се издржи уште малку. Мене Б6 не ми помага, а како би се напила еден диазепам ауууу... до толку сум нервозна и бесна
meu и јас бев таква на крај, нормално е тоа хормоните работат. имам пишувано вечерта кога ме задржаа на ГАК што све не видов и ми беше многу мака, само сакав да искочам и да си одам дома и сабајлето кога ме пуштија чекав отпусна од 9 до 13ч и кога излегов си се изнаплакав како бебе
леел каков б6, јас пијам по 2 пати на ден б-комплекс цела бременост, ама изгледа ми се навикнаа на нив нервите се надевам дека ке ни помини за брзо на сите
Леле не зборете за плачење и јас сум иста, преку еден ден само си плачам безвеза, особено кога гледам серија некоја тажна солзите сами ми доаѓаат и после не можам да се соземам, да ме види некој отстрана којзнае што ќе си помисли за што липа оваа, среќа шо сум сама по цел ден па неа кој да ми се смее, а може и затоа си плачам, се осеќaм многу осамено
да ти кажам право и јас сум по цел ден, сама и така се навикнав, што може е лошо, па после сите луге ми сметаат
Офффф леле и јас сум навикната веќе, ама понекогаш ме фаќа депресија и тоа баш онака, па почнувам да си правам филмови, да си мислам се и сешто, знаеш човек без работа сам ќе си отвори работа, ама нема друго чаре, тоа е, нервирала се или не, така е кога си сам во друга држава, ама сам во вистинска смисла на зборот, немаш никој до тебе близок па ни една пријателка и нормални се овие работи да се случуваат
леле значи не сум сама јас сум како темпирана бомба, од малку и избувнувам, вчера дури ми падна жал за мајка ми за без веза глупост, жената ме праша што ми е и јас кога почнав мислам дека 1 саат викав цркав, па после плачев, се понашам како нервите да ми се попуштени. и така сум ако не секоа ден ама преку една ден секако избувнувам по еднаш, и никој не го сакам, до скоро го сакав само мм ама сега ни него не го сакам и само цркам викам, знам дека ми е моментално и знам дека ќе ми помине, ама незнам кога.
Леле Сењоритче истоооо, потпуно иста сум и јас, за ништо се нервирам, за ништо се дерам и после 5 мин.како ништо да не било па се покајам што сум направила ееее хормоните што ни прават значи тоа е чудна работа
Лелеее.... Па мене дечко ми едвај вака ме трпи коа сум у ПМС па што ќе биде 9 месеци, па ние ќе се разведеме бе..... Да го предупредам
ехехех е навистина е така, треба да се формира една група за трудници, да се состануваме и секако да има едно стручно лице со нас, па да не смирува, инаку кај ние крајот
Во темата Обичаи и адети за време на бременоста подетално го имам опишано ова, така да тука само ке напоменам, за жал, мајка ми почина една недела после венчавката моја, и тоа дента кога отидов да и кажам дека сум бремена и дека ке има внуче. Тоа беше во мај сега. И не стасав да и кажам. Поентата на ова што го спомнувам е дека нервиве ми се како конче, од тогаш па до сега. Хормоните ми дивеат, плачки и во мојот случај сожалување колку ти душа сака. Секојдневно. За ситници, можам до тој степен да избувнам што главата мислам ми чури и секако на крај тоа ке заврши со плачење. Додека не ве прочитав, и не сватив дека не сум единствена со плачкиве мислев дека сериозно е нарушена мојата психа. Не одрекувам дека тоа што се случи има сериозни последици, но моите интензивни и бурни реакции понекогаш не мора секогаш да се резултат на тоа туку, едноставно, само на хормоните
епа ако сега не се изнавикаме без да ни замерат кога? Хормоните си играат со нас пинг понг ке ни помине, после кога ке се родат бебушките мислам дека ке омекниме и нема да сме вакви а сега како што кажа еленика и тоа што сме ненормални е нормално
Баш така, а поубаво би било и да си се среќаваме понекој пат и на кафенце ама да сме сите од исто место, шо убаво би билооо
е да така е, ама ајде може ке испадни некоја средба ете јас сум бт, па ти кога ке поминуваш од грција во македонија пиши ми ке пиеме кафенце на широк сокак а исто и другите може да ни се придружат