Фала ви на одговорите ❤ Ми се намали нелагодноста и болките, телото се спрема за пораѓај али како и да е ќе си прашам доктор сега кога ќе одам на прво цтг. Ве гушкам сите
Ист случај сум и јас. Баш прееска се присетував дека во овие недели во претходната бременост се онесвестував неколку пати и маж викаше брза помош. Сега сум нон-стоп во движење, само уморот ме потсетува дека сум трудна, и се надевам дека ќе ја имам таа среќа да биде вака нормално до крај.
Стискам палци до пораѓај да ни е вака. Јас не верував дека постои ваква лесна бременост,потешкиот пат еднаш го поминав,па имав уплав од самата помисла,со стиснати заби планирав втора бременост.
до мај ми летнааа деновите месеците страшно бргу. овој јуни ќе ме полуди чекајќи 19 дена до термин . денес 37+2
Мене првите три месеци ми беа смрт, ко вечност ми се стори, после тоа летна времето. Денес 38ма полна се будам пред малку и си мислам па ова може секој момент да биде ептен брзо летна времето, ама оваа неизвесност ме убива, кога може да биде или секој момент, или за 2/3 недели
Сега во втората бременост почнав да чувствувам движења пред отприлика 3 недели ама како пеперутки, а сега ова недела толку интензивно си пливка, се топам кога ќе осетам а сепак толку ми е чудно, нзз како да опишам, а не се секавам воопшто од првата бременост кога сум почувствувала. Инаку од утре 22ра нед. сум
Ептен добра сликава, исто се осеќам и јас. Денес 36+6, понекогаш имам менструални болки си викам супер сега ќе биде, а понекогаш си викам на бебево толку му е убаво што ќе си тера над термин сигурно. Пред неколку дена бев на прво цтг рано сабајле, и бебево многу мрдаше а имаше и по некоја контракција, ама само 1на јака. Болки не осетив. Заради активноста добив и преглед со рака, воопшто не ме болеше ама беше непријатно. Не сум отворена воопшто, бебето не е спуштено. Нареден преглед во 38ма. Си мислам дали боли со рака прегледот кога си отворена само или индивидуално е? Баш пишете тие што сте имале прв преглед со рака како сте поминале. Инаку околу средувањето доле, сум се ипраксирала со бикче на слепо ептен еднаш во 7ми му дадов на мм со машинка да проба и незнам како успеа да ме исече со машинка . Од тогаш само сама, па кога ќе се породам здравје ќе знам и миженката.
Здраво феминки, ќе може ли да споделите искуства од втор скрининг кај Др.Ана Данева-Маркова?Пишав и во таа група на форумот, но досега нема споделено искуство. Се двоумам каде да го правам вториот скрининг, па секое споделено искуство многу ќе ми значи.Честитки до сите феминки коишто во меѓувреме се породиле, да ви се здрави и живи бебињата и само радост и убавини да ви носат ❤️
Последна контрола кај матичната бидна. Земени брисеви ќе чекам резулати сега. Омекнато грлото и веќе почнала да зрее постелката. Јас осеќам доста често стврднувања, со првото никогаш ништо вакво не осетив. Овој пат скроз различно искуство. Еве ја сега после прегледот како да збудале, не престанува да ме бутка со главата со раце, нозе незнам ни јас веќе, мислам ми го растргна стомаков. Само нека поседи уште недела дена да досредам и да се издепилирам, од тоа ми е најмногу да не ме начека несредена. Инаку ситна ќе биде, изгледа под 3 кг ќе се роди, баш ќе видиме се зависи кога ќе искочи, дали за брзо или не. 36 недела околу 2400 кг плус минус, и мешето касни за скоро 2 недели. Едвај чекам да се роди и да биде се во ред до крај и откако ќе искочи. Наредна недела ќе се видам со докторот од ГАК и баш ме интересира што ќе ми каже.
За прегледот со рака, ова од првата бременост го кажувам, прв пат кога ме прегледаа бев 2 прсти отворена 1 ден пред пороѓајот. Не ми беше болно само малку нелагодно ама сепак е кратко неколку секунди. Мене како што ми кажуваше пријателка породена пред мене ми се чини уплав ми даде, за неа тоа било најболното нешто на светот, па затоа и јас бев со некој страв. Ама за мене беше сосема спротивно, воопшто не ме болеше, па веке другиот ден кога се пораѓав, нз колку пати ме проверија, не го ни осекав тоа.
Јас имам матичен што секој преглед буквално откако ќе направеше вагинално ехо потоа правеше преглед со рака. Дури и првиот пат кога бев кај него за брисеви во бременоста исто така ми направи преглед со рака. Не знам дали тоа кога прегледуваат отварање пред пораѓаj е нешто слично со тоа или полошо.. Ако имал некој таков матичен нека сподели
Zdravo meshinja Dali nekoja vo tek na bremenost bila vo Bodrum na odmor? Uplativme za sredina na juni, imam zeleno svetlo od Petrova za letanje ama malku me fakja strav deka ke sum 30+ da ne e mnogu zesko Do koja nedela imate odeno za Turcija dali e bezbedna zona ?