Да не нема врска со вагинална инфекција? Докторкава ми пиша утре или пон да направам. Јас сум слободна вторник,па тогаш планирав.
он беше второто мислење, ми го потврди тоа што ми кажа матичната. Да се навратам на моето прашање, дали некој имал повеќе плодова вода од 28. недела и дали се нормализирала потоа (бебето ми е покрупно уште од почеток; сега е поголемо 2 недели, одговара за 32. недела, а сум 30.)
Мене во 35та ме фатија ненормални болки и не ме попуштаа буквално 6 часа. Отидов Систина веднаш ми кажаа дека бебето се спуштило во каналот и нормално било да боли карлица и менструални болки. Тој период најмногу имав болки сега 38ма од време на време како струја да ме поминува на неколку секунди и ме пушта. Ужас
А не беше отворена тогаш? Бидејќи и мене ми почнаа 35та недела и немав преглед со рака, само цтг, па ми рекоа ништо страшно. Првиот пат кога првпат имав менструални болки, за 24 часа и се породив а сега 3 недели си поминала кажуваш, па ми даде малку утеха
Јас мислам дека нема врска за каква инфекција се работи. Треба да се почека за да се исчисти организмот од атб.
Моето патешествие денес... Отидов на гак,со намера на преглед кај докторката кај која што од првиот скрининг одев на секои 3-4 недели. Матичната ми беше тешка катастрофа,преглед 5мин. Ми вика сестрата ,на боледување е докторката. Дознавам дека ќе ја нема до јули и сфаќам дека останав на цедило. Докторката што ја менуваше во амбуланта не сакаше да ме прими. Последниот пат кога бев кај матичната ми даде упат за во соба 36, но не отидов заради докторкава сакајќи да ме тера до крај. Останав со прашалници во глава, до кога утрогестан,колкаво е бебето,останало ли во иста позиција поволна за спонтано породување,дали е се во ред,дали наближува пораѓај... Толку многу криво ми падна што без врски си никој и ништо. Од друга страна ја прифатив реалноста,во првата бременост од 36та одев во соба 36 и секој пат различен доктор или специјализант беше, па на крај се беше во ред на пораѓај. Мм вика ајде во систина на преглед ако сакаш. Не сакам,немам таму да раѓам,овие треба да ме следат... На крај на вибер си пишавме со др, рече до 37ма утрогестан и магнезиум. Да си го повторам брисот за стрептокока и тоа е се. Ќе си барам пак упат за во 36ка, па кој сака нека е таму. Од недела влегувам во 36та недела.
Ме проверија не бев отворена ништо имав само стврднувања премногу и ми кажаа тогаш ако биднуваат појаки болките обавезно да отидам.
Истото ми се случи, кај истата изгледа сме. Останав во прашалник целата, и разочарана. Немам никаква идеја ниту кај да одам ниту што да правам. Минатата недела плодот одговараше за 37ма, плодова вода на граница за поголема.се иплашив и со душа чекав како ќе биде денес но.....
38 ned ovaa veke ne se izdrzuva preku den otoci do plafon nemozam da odam, navecer na sekoj pola saat mocanje i toa ne vnesuvam celo vreme tecnosti kontinuirano preku nok pa da mokram tolku.Mnogu iscrpno ni se spie ni se sedi veke deneska na ctg nemozat da ja rasonat mirna edvaj najdoa polozba za da bide uspesno,ama zatoa ovaa sabajle vo 3 ch aktivno klocanje ritanje hahaa...a bolno bidejki.nema.mesto a mrda ...Toa e ajde ni se blizi denot uste malku,kako ste vie mami vo 9ti
Мамички дали од 30та недела па натака дали имате болки во долниот дел на стомакот? Нешто камо менструални болки со бодежи, сечење, болките се целодневни и кога се седи и кога се лежи и кога се оди значи хаос. А и половината ме боли. Иначе јас сум 33н мојата матична ми вика дека било од инфекција некоја во понеделник ќе имам преглед до тогаш да пијам многу течности и да одмарам. А ја и без многу течности мочам на секои пола саат
Мене мн почна коската да ме боли долу секој ден се повеќе и ме нервира почна мн мачно да ми е на работа, а сакав цел јули да идам, вака нз како ќе се издржува 28ма ја терам, уште цели 10 недели до крај
Од кај па сеа дека е од инфекција? Не знам... јас терам 30та и знае да ме боли во текот на денот, слаби менатруални. Легнувам и поминуваат најчесто... Ама не ми спомнале за инфекција
А да си го смениш терминот за кај друг некој. Јас одам на ГАк сега кај Ива Малахова океј поминав плус со мажот и работи. За Ива знам дека вторник има термини за кај нејзе.
Ива е жена на Ѓоревски? Бев денес кај замената на матичната,не била тука па не можеле да отворат програм да ми издадат упат Ќе одам во вторник и за брис и за упат за во соба 36. Ива во вторник е во 36? Убаво е во 9ти месец еден доктор да ме следи до крај...