Да јас во вторник бев кај нејзе и сега на 27ми пак сум кај нејзе. Иначе да мажот и е Јосиф Ѓоревски , можеш и матичната да ја прашаш зошто јас така си закажувам кај докторите ја бара нејзе кога има термини и кој ден е.
И јас денес хаотичен ден полн со страв Сабајле на последен преглед кај матичната и да ме спремат со документи за чаир....ме гледа на ехо и вика нема плодова вода,итно брзо во чаир да те видат ако треба и да те хоспитализираат или итен царски... Јас исплашена зошо ништо не ми е спремно а и многу рано 35+1 сум...трчаме по аптеки вир влошки бараме пелени за бебе и се по ред со треба за у болница и директ у чаир Таму лабаво,ајде на ЦТГ...сестрите ми викаат не се плаши и да треба одма царски ок ќе биде веќе си во сигурни недели Завршив со ЦТГ и ми рекоа бирај амбуланта да те види доктор 2 или 3 ми ги кажаа и докторите ама не познати за мене...одлучив кај жена во амб.2 Јасмина Челебиева Незнам некој дали има искуство со неа,ама мене ми се виде топ докторка...ехо преглед ми направи има плодова вода бебето си е супер малку е поголемо ама не е страшно...ми закажа следен преглед во понеделник и ми рече само следење на движења Конечно дома,викам на маж ми и мајка ми да средиме викендов се зошо веќе не се знае работава
Добро бе здрава ли ти е матичната само? Како може кај нејзе да нема плодова вода и магично во Чаир да има? Да и се вратиш и да ја плукнеш во фаца!
Мајка не се стресувај. Јас кај неа бев еднаш само кога почнав со ЦТГ ,генерално не ја коментираат на темава ,немаат искуства со неа многу. Мене не ми се допадна што не збореше многу ,ништо не кажа ,само дека е во ред се. Ама океј ,таков пристап има веројатно. Јас сакам доктори што ке ти објаснат убаво . Ама штом си океј немај гајле.
Valjda e se ok,sega ke me sledat na sekoi 3 4 dena u cair... Ova OGTT e skrien seker,taka? Bidejki mi rece povtorno da ispitam za sekoj slucaj
Жени како сте, ве читам сите и ви посакувам лесен период. Јас веќе 39+1 и воопшто не ми се верува. Ми исчезнаа и менструалните болки што ги имав, си имам по некое стврднување на ден ама поизразено навечер. Цтг мирно без контракции стомакот ептен ми тежи веќе ама си се движам. Бебче мое ќе оди до термин а можда и ќе надмине, така ми стои
Јас и ти секакви патешествија имавме кога влеговме во деветти месец, тебе чепот ти падна, јас контракции болки ненормални сѐ укажуваше дека порано ке се породиме ама изгледа стварно над термин ке се породиме
@Sofi.ja При крај си другар,не се стресирај. Ќе биде 'се како што треба. Сега се хаосни со одмориве, па има држ недај ситуации. Со лесно
Како сте девојки? Има некои новости? Мене ми се смачи денес цел ден спијам, лежам, времево досадно врнежливо, јас скарана со мм од синојка збор немаме разменето се убив од досада
За скарано-исто затоа на шопинг денес, боденце купив за ќерче, и фустан за од болница за мене. Прво на работа, па со ќере се дружевме, сега туш и спремна за спиење, уште да се проверам во темата за торбата за во болница дали се ставив и толку од денов. Убаво би било сега спремна да си поуживам бар уште 3 недели, на работа исто се средено и подмирено. Крвна слика проверував заради рацете што ми отекуваат, протеини ми се малку под долна граница, матичната кажа да внесувам урда, но несолена. Се пребарав но секаде беше со сол. Па сега мислам од утре да ги исфорсирам протеините и така. Во седимент на урина пак покажа доста бактерии и леукоцити, иако последната уринокултура пред 2 недели излезе чиста, брисевите беа без бактерија најновите, па затоа во понеделник уште една уринокултура ќе правам. Магнезиум имам уште за 2 ипол дена и ми кажаа да го прекинам.барем пред пораѓај недела-две да сум без него, бидејќи ја опуштал матката. Така да ќе останам само на пренаталните витамини, метилдопата и на метилирана фолна, тие и по пораѓај ќе ги пијам
Јас супер само малу жешко деновиве. Синко не сака да излези над термин сме па уште си чекамее Да прашам до денес имав пренатални витамини па незнам дали да купувам нови или доста беше ?
Ох, и јас имам бактерија баш се досадни.. Со помин нека ти е, а за урда мислам стокомак имаше несолена обично од таму купува бабата на мм. Јас се молам само сѐ да се среди оти не можам веќе бебето ми е вознемирено поради караницата од синојка а цела бременост буквално вака ја протерав со нервози и карање.. Дај Боже сѐ да се среди откако ке се роди принцезата таа ми е единствената надеж, ептен осамено се осеќам од тој најмногу што треба да имам поддршка ме изигрува на моменти за малку и рака ке ми подигнеше синојка.. Не знам веќе каде да се обратам психички едвај се држам на другарки, на мои не сакам да им кажам што се случува да не ги загрижувам и така, во вас и во ќеркичката гледам надеж
Мила земи ја било која урда од маркет, сите необработени се несолени (ќе видиш колку е блањава на вкус), а без воопшто сол нема да најдеш. Исто и козја сурутка земи, доста протеини има.
Немој да се нервираш, не е добро тоа што ти се дешава, ама пробај да не се нервираш...Како тоа рака ќе дигнешена тебе тоа не смее да се случува, ако недај Боже нешто одма да им кажеш на твоите такви работи не се кријат, никој нема право да те малтретира ни психички ни физички, па посебно не сега во овој ранлив период... Инаку караници има секаде не е тоа ни ново ни чудно. Те гушкам ❤ @Alishan30 и јас си купив фустан за од болница пред некој ден ептен ми е убав @sencuk ти како си душо? Јас се исплашив кога пиша ти па фатив еве пеглам ствари за бебе додека не завршам не легнувам, да не ме изненади неспремна
Не се секирај и ние сме поосетливи во бременост,и имаме повеќе очекувања,а мажите најверојатно го немаат до толку осетот ,баш се изненадив прв пат некој да пише дека се скарал и мене ми доаѓало па гледам никој не се жали викам ај можда само мене знае да ме изнервира муж .Напиј си се Б6 и мене исто како @Alishan30 лек"за душа ми е шопинг напрај си некој мерак и уживај си во бременоста,а после и со беба нема по убаво