И јас вчера имав стресен ден, 2 лоши вести слушнав, не во фамилија ама многу тешко ми беше Б6 се напив само, ноќеска многу ми мрдаше бебево како немирно да беше и тоа. Спојлер: . Башка на се др, имаме преглед со синко др недела на детска хирургија Скопје, ќе ни кажи док дали ќе може да не вметни некако сега за операција (спуштатње на тестис) или ако не ќе треба да се одложи барем за 1 год, да го проверат тестисот дали е во нормала големина сеуште, дали може да се чека толку, бидејќи сега нема термини. Поради ова душата ми е стегната, неможам да се опуштам никако, страв плус имам од самата операција, само таму паметот деновиве ми е, расположение нула 300 мисли па и да ни закажат операција 2,3 дена ќе лежиме, како и јас ќе издржам, како ќе биде се... И така мир ми нема душава
Dobro sum ne se plasi,eve momentalno vo synlab povtorno ispituvam skrien seker...vo ponedelnik pak treba da odam vo cair da me sledat i ke vidime so kako ke bide...inaku vcera i majka mi peglase se,kupuvavme se sto mi treba za rancite za vo bolnica da gi spremime vikendov...posle ke odime po krevetce pa poleka se da bide spremno zoso ne se znae koga ke iskaca bebusov,nekako izgleda i se brza
@Alishan30 Земи ја урдата од Кам, најмалку сол има, 1 gr на 100 gr. Или направи си сама. Еве јас како правев без капка сол за малиот додека беше бебе. Спојлер: Урда 1 l млеко 500 ml јогурт Млекото да вари и пред да зоврие, ставаш јогурт и мешај да се одвои сурутката. Процедуваш низ газа, убаво истискај. Со вилушка гмечи и имаш урда, а ако го оставиш како топка, ќе може да сечеш како сирење.
Да те утешам, јас бев со намалена вода на граница во 35та недела, со намалена вода истерав до термин, бебе беше помало кај мене и бев исто со пратење на две недели на контрола, мислеа дека ќе мора со провокации да се породам 37ма недела ама беба беше послушна и издржавме, спонтано на термин. Ќе те следат, ако се намалува ептен брзо и е дојдена на 2цм, не знам сега колку ти е, ќе те хоспитализираат и ќе те породат, без гајле само. Мене ми беше 3цм до крај.
Те разбирам за кавгата, нашите се обично за неговите родители. Кога нив ги брани а мене ме погазува, тоа неможам да го надминам. Со моите обратно е и едноставно, кога не внимава на моето здравје а сум во ваква состојба, тоа ме прави мн лута. Не комуницирам, ама одма на шопинг размислувам и ми поминува нервозата Видов сите имаа сол, од 0,8 до 2гр на кг. Можно е да земам штом не сте виделе ни вие несолена досега. Видов за 1гр но мислев ни толку несмеам, штом нема без ич сол ќе земам најмалку солена и тоа е. За правење ем ме мрзи ем незн дали ќе ја погодам
Зборувај ми за карање... и со првата бременост и со оваа сум неподнослива. Ваљда хормоните зборат место мене. Ноооон стоп сме скарани, среќа ме трпи
Кај нас слична ситуација, ке му ја наполнат главата, ке му се измешаат мисли и емоции, ке биде "збунет" преку цел ден, вечерта ке пине две три пива да си ги среди мислите и веднаш на агресија го тера да се расправа со мене а и сам не знае за што се кара. Повеќето зборови што ги користи не се негови и ми пали кликерот дека главата му е полнета со глупости, ама ајде има Господ. Мајка му е тешка среброљубка не дозволува да се каже дека "немаме пари" и така доаѓа до конфликти дури и со мене, патат од маркирани работи и хедонисти се тешки мислат ако некогаш имале премногу пари сега ист живот го живеат а вода у очи немаат. Ај, нема врска битно синот лошо го воспитале во тој поглед а се удира во гради како децата се предобри и ја слушаат за сѐ ко да имаат 5 годинки (тука и мене ми спушташе муабети). Маж што уште се држи за мамина сукња и ја слуша за сѐ за мене не е маж! 100 пати имам кажано на мојов, ми ја поддржува констатацијата ама никако да се освести да смени нешто.
Оо мила камо среќа кај мене хормоните да се, изгледа како тој да е со стомак до заби а не јас, јас само трпам голтам се трудам да не се нервирам заради бебчето инаку сѐ ке беше поинаку. Тој се кара јас ќутам таква е политиката. Среќа не ни е често вака инаку ке измрдав психички до сега.
Девојки дали некоја од вас скоро се породила кај Др Марјан Стојовски од ГАК? Искрено мислење за него?
Добро утро женички. Да ви се пофалам за мојата кратка авантура и експедиција до ГАК патолошко. Се онесвестив во петокот вечерта. Незнам ни од што и зошто немав некои знаци на вртоглавици или анемичност. Преспав еден ден во болница на следење и еве ме дома сама со поголемото и некој страв пак да не се плеснам. Што советувате вие искусните како да препознаеш и спречиш такво нешто? Првиов пат викнав дури кога се освестив среќа не паднав на стомак само бев навалена.
Баш ми е жал што си поминала Мора причина да се најде за колапсите. Слабокрвна си, со низок притисок, шеќер?
Во првата бременост се онесвестував неколку пати. Многу ми паѓаше притисокот, и секогаш беше по некој стрес и паника. Веројатно и шеќер ми паѓаше зашто од Кока Кола ми доаѓаше подобро, ама не проверив тоа. На крај беше во ред, ништо страшно не се случи. И мене не ми кажаа точна причина, веројатно притисокот. Кога ќе осетиш слабост одма седнувај или легнувај, да не паѓаш бар од стоење. И по можност не останувај сама. Се' ќе е во ред, одмарај си и лесно пешачи за активност, и ќе видиш нема да се повтори. Инаку баш ми е мило што пак се дружиме заедно во темава, уште едни генерациски бебиња ќе имаме.
Во отпусното ми пишале антианемичнс терапија со ц витамин вака по редовните крвни слики не бев испод граница со железото. Можеби нагло паднало. А со низок притисок сум си од сам старт. Вчера мерев 100 до 60. Во болница исто беше само на прием од нервоза со чекање редици беше нормален
Значи тие се причините. Затоа ќе си пиеш терапија за железо и обавезно хидрирање и редовно јадење, да не скокнуваш оброци. Одмарај почесто. Убаво советувала @LivingGlam седнувај кога ќе почувствуваш слабост и внимавај да не се удриш, веднаш повикај да има некој до тебе
Јас на работа скоро паднав, среќа имаше луѓе тука па не бев сама, 4 месеци бев тогаш, на стол легнав, а бев готова на плочки да легнам, не беше одма онесвестување фала богу инаку ќе се отепав на плочки, на итна одма појдов, притисок 80 со 40, ми ставија инфузија, тогаш и железото почнало да паѓа, од тогаш пијам терапија за железо. После тоа ми се случуваше пак така, ама секој ден си носев кока кола со мене, ми помагаше колку толку, па почнав и по 1 кафе да пијам, дотогаш неможев ми се гадеше. Повеќе течности, многу вода сега во жешково, кока кола по потреба, јогурт со сол како ајран, тоа за низок притисок и ако имсш време ако се сетиш легнувај одма, нозе крени и тоа е.
Фала женички на советите. Еве не ме држеше место дома излегов и на прошетка и на кафе и кока кола. Што е сигурно сигурно е, плус со другарка да ме припазува. Иначе пијам сидерал фолико и ц витамин плус.
Уште ова заборавив, кога се бањаш/тушираш немој со претопла вода и имај цело време отворен прозорец во купатило. Од пареата мене ептен ми се слошуваше и од страв се капев само ако е маж тука, со отклучена врата. А нема причина за толку страв, ич не мора да значи дека ќе се повтори. Само чувај се.
Девојки како се справувате со жештиниве? Овде веќе почнаа, не знам во Мк како е. За преку ден не е страшно, се разладувам, не мрдам многу по сонце, ама навечер е ужас. Се препотувам и пресоблекувам неколку пати во текот на ноќта. Туку од утре 9ти месец, броиме ситно веќе, едвај чекам да го запознаеме бебуш.
Исто сме со датумиве И јас борба водам со топлово, не се трпи, не знам што да направам пукам од склет. Ни туш помага ништо. Со мокар пешкир седам навечер од што не можам да трпам Ајде уште малце...
Јас па уште и со перницата спијам, опколена од сите страни. Изгледа вечер ќе морам да пробам без неа, мислам ми додава уште +10 степени.