Здраво, минатата недела имам правено крвна слика се е ок освен хемоглобинот ниско ми беше, и ми дадоа Gkovifer forte plus, ама некако ми е страв да пијам дека високо ми е железото-20. А тоа е најмногу за железо. Второ доста ми се леукоцити на урина. И однесов на уринокултура прееска ми стигнаа резултати негативни се. А уште често одам во веце. Дури и спомнав да направам брисеви ми рекоа не ти требаат дека имаш правено уште од почетокот. 21+6
Здраво женски Јас повторно ви се придружувам, со 19 месеци детенце. Денес правев и бета 92.3, во понеделник следен сум на преглед, ама не знам кои се шансите за срценце да слушнам?
Честитки и добредојде во најубава група, со лесно до крај За во понеделник ако правилно се дуплира бетата, околу 800 ќе ти биде, над 2000 се слуша срценце, но не е страшно и да не се чуе битно е да си расте точкичката
@Alishan30 ако не погрешив денес мислам дека те видов на гак. Ае да не се изглупирам си викам ќути си и да е она од каде ќе и текне на тебе.
Бев, бев (една бушава во косата)таа сум може и редот ти го земав, ама како дојдов чиста случајност за 2 мин влегов, и за 5 мин завршив на ГАКпрвпат вака. Требало да ми се кажиш, јас несум ич дива
Јас внатре бев на преглед. Кога ти влезе. Излегував. Си го кажа името и тогаш ми светна. После со мм во ходник чекав извештај. Пусти срам си викам ако ја утнам жената ќе помисли што и е на оваа. Ае си викам ќути си
Здраво мешиња Ми светна тука да прашам. Се враќам од земјата на чоколадото и ме интересира дали лично во бременоста ви се јадеше благо? Другарка ми треба да се породи во јули и обично многу сака благо ама не знам дали би било добар поклон за неа моментално. Нормално и други работи ќе подарам ама сакам да ја изненадам па не ја прашувам. Или најдобро зетот да го прашам.
Јас не сум општо мерак за благо, ама сега бремена си јадам 1 денот милка секако, прва ми е. Секоја жена различно, мене плус мн овошје ми се јади, јагоди, праски.
Мешковци мене ептен почнаа овие менструалниве болки да ме стегаат. И стомакот ми е ко стврднат некако особено во горниот дел. Утре сум на прво цтг во Чаир...
Жени вчера и денес на два три пати на бришење на хартијата како лигав исцедок имам малку. боја зеленкаста жолта. досега немав таков исцедок . дали е можно чепот по малку да паѓа? со првата бременост наеднаш ми падна и толку беше. после немав ништо. утре сум 38 полна недела.
Мене така ми паѓаше цела недела. Поминаа две недели од кога почна и уште не сум породена . Ама може за второ побрзо оди
Ај да ве насмеам малце https://www.facebook.com/reel/276867311377455?sfnsn=mo&s=F5x8gs&fs=e&mibextid=9imq16
Некој настинат деновиве?? Денес се разбудив грло боли, нос тече ко чешма и главоболка стегање на глава... Освен чај лимон мед, нешто друго??