Јас, веќе 2-3 дена ме боли грло, сува кашлица, носот затнат, се осеќам како да имам температура а немам. Правев и брис за стрептокока од грло, зошто сум имала блиски контакти со настинати што имаа стрептокока а и доста е честа периодов ама чист е брисот. Јас сум скоро 38ма, ама ептен омалаксано се чувствувам.
Оваа мама вчера си купи количка за бебе, жива радосна сум ми иде од сеа да ја склопам цела а и на мм мајка му беше германија му изнакупувала алиштенца на бебе дури и јакничка Јас и реков гледај поголемки ако земаш за кога ке се роди имам, едвај чекам да се средиме со собата, да се обели треба спалната ни е готова уште малку, и после почнувам со средување за бебе Бубрезиве добри се, не болат. Денес бев кај матичниот на контрола бебе исто со мерки како минатата недела 1610гр. А беше 1600 на приватно кај што одам, самиот ми рече со 200-300гр има отстапки и зависи како било застанато малце се замислив ама самиот ми рече воопшто не се грижи супер сте супер напредувате, така да сега лежам и одмарам зошто времево ме уби и нозеве многу ми отечуваат немам глуждови буквално
Здраво 13 недела терам ама само нешто ново излага, еве веќе неколку дена ужасно ме боли тој некој нерв позади кај крстата што се шири накај задникот и надолу на ногата, читав станува збор изгледа за тој sciatica нерв. Денес ептен лошо некако, не можам да се наместам да седам, ако се наведнам ме затега многу безвезе.. Смеам ли нешто да мачкам, да се масирам или било што? Има ли некој искуство со ова?
Денес 38 полна. од утре почнувам 39 уште малку и мешко го нема а рацете полни љубов Денес ужас сум. ми се лоши ми се гади расположение тапа само се молам барем да се стопли и дождов да престане да отидам на пораѓај со сонце незнам оти почна пак да ми се лоши четврток ќе испитам крвна. се надевам качено е железото. еве една слика да се насмееме
BBO NEO 3во1 така мислам беше, ја бендисав од кога, да ја земам да не ја земам и бидна вчера ајде викам за убаво нека е
Јас сум иста веќе 10тина дена. Некои денови со поизразени, некои без симптоми. Општата матична ми рече дека можам лизобакт спреј да прскам за грлото, пошто сум веќе во втор триместар. Тука сме со неделите. Искрено, шубе ми беше, не зедов ништо, со лимони, мед и жешка вода како чај се лекував. Еднаш качив температура, се напив парацетамол и алпенкрафт за кашлицата. Се откорнав од кашлање, носот ми е затнат постојано, е солен раствор не ми помага ама ич. Водичка. Де трудна сум, де дојам, па 3 години се немам ништо напиено ко чоек, со парацетамол и чај се лекувам.
Pri dvizenje na momenti imam kako nekoe steganje stvrdnuvanje dali ste imale i dali e normalni Inace 34+2 sum
И јас омалаксана и како да ме тресе а немам тт. Не знам се нервирам за неколку дена одам на одмор требаше да пакувам од денес... Земав вит ц, флорадикс, пренаталните што пијам стандарт, супи чаеви...мед ... Па се надевам за два дена да пројде
Леле 10 дена?? Јас морам за 3 да се опраам... Мене носов чешма сеа за сеа... Грлото чудна болка и омалаксаност .. онака ме препотува..
Добредојде во клубот само коњска маст и ептен ако ти е неподнослива болката тогаш ќе земеш парацетамол. Мене и на одење знае да ме фати и се нервирам не сум човек што споро си ги обавува работите.
Хаха леле а кога ќе ми текне како си замислував дека ќе си уживам, никакви болки нема да имам или симптоми, комедии очигледно појма немав стварно
Јас 9 месеци ги поминав со неподносливи болки во раце и нозе. Незнам како издржав. Се магично снема во секундата кога излезе бебе.