Па тоа се скоро исти мерки, не е разлика како кај мене. Немаш причина за загриженост, во ред се вредностите.
Зависи и од апаратот и од аголот и од самиот доктор. Ако нешто ти е сомнително следи си ја должината и на следните прегледи.
Денес таков стрес ми направија. Ми измерија 2.5 во ГАК абдоминално. Отидов кај матичната 3.9 вагинално. Жената се чудеше.
Хелоу мешиња, сакам да ве прашам дали некоја има искуство со следново: Другарка (16+) била на редовна контрола кај матичната и и рекла дека бебушот и касни една недела со мерките според циклус а бутната коска дека и касни 2 недели. Она закажала ехо во Систина утре, меѓутоа е многу исплашена и ме замоли да прашам тука. Дали некоја има вакво искуство па се да испадне добро?
1 недела не е ништо, над 2 недели е алармантно, еве јас, а и многу други тука сме родиле бебушки шо биле 2 недели поназад, сега спијат до нас и се гушкаме.
17та недела сум...да не пропуштам нешто, што треба да правам следниве недели? Во смисол прегледи/испитувања итн?
Брисеви веќе ако имаш направено сега од 18та до 22ра(мислам) се прави 2ор скрининг после тоа 24та скриен шеќер. Искрено во 18та рано ти е заскриниг обично од 20 до 22ра се оди бебето да е поголемо.
жени 38+1 сум. бебето денеска многу ретко и малку го сеќавам. ептен е мирно .вие исто што сте при крај како се активни бебињата?
Денес осетив многу енергија инаку 32 полна и се расчистив, сега имам како менструални болки изгледа малку претерав
Одмори малку ќе поминат, јас така некни прозори бришев и ме болеше после, магнезиум се напив, легнав малку па до вечерта поминаа.
и јас денес со менструални болки и болки во половина реков тоа е тоа стиже беба хахахах ама ништо мора да издржи до утре до пладне . утре правам 6 месеци од осигурање за да фанам породилно книговодителот заборавил да ме осигура на 29 ноември ме осигура дури на 15 декември и точно до утре до пладне правам 6 месеци. стискај сине
Јас после терапијата не правев. А немав ни симптоми повеќе. Јас денес 36+3, овие денови мислам ќе излезе низ стомак со раче или ноџе. Толку многу движења ми прави,како да се мачи внатре. Силни превртувања,ептен му е тесно Утре сум на преглед на гак,едвај чекам да видам дали е се ок и колку пораснал