Тука сме со термин некој ден разлика, и јас така како тебе одлучив кој доктор ми се падне на смена тој, не се замарам Господ нека не чува сите. Инаку јас во Чаир бев, ме ставија на цтг ништо посебно не ми кажа докторот само добро е цтгето и бебето е 2650 гр, толку. Ја па збунета не го ни прашав ништо и така Сега нареден пат поспремна ќе одам, исто, за една недела ми рекоа. Инаку за мекици не знам што е план маж ќе прави и мајка ми нека му ја мислат они Освен на работа, кај матичната се носат ли мекици?
Најверојатно дома, пошто имаме голем двор, ако не послужи времето. Не знам они нека му ја мислат ја со бебеле ќе си бидам Вие?
Како сте Мами? Некоја со искуство со крварење,13 + сум за вторникот имав закажано приска но понеделникот прокрварев наеднаш само ми потече многу . Одма кај матичен вика многу ниско е, некажа што може да е причина дали миомите или др.пиша прогедтерон,утогестан и дабростон по 3,одмарам ама имам и болки и одвреме пецкање како со игли. Контрола на 26, ама немам мир дотогаш,дали е се во ред ке пукнам. А и во четвртокот ми правеше и скрининг се беше во ред и крвна слика ок . Извинете за постот, незнам више што да мислам.
Некоја мамичка што планира да се пораѓа во Штип во текот на другата недела, т.е што има термин овие денови или закажан царски?
Во оваа недела е веќе голем плод, може да издржи. Кон 12та прокрварев во претходната бременост, во ред испадна работата. Ти посакувам да биде исто така. Терапијата е таа. Магнезиум плус обично даваат. Уште крвариш? Ако не, одмарај и тоа е... порано на преглед нема што многу да се направи, ма да до 26ти можам да замислам како ќе ти биде тешко да чекаш. Ако крвариш оди да те ѕирне пак, сигурно нема да те врати. Или оди на одделение во твојот град, и таму нема да те вратат со крварење.
Леле сега кога прочитав, се потсетив на хоророт што го поминав, не сакам никогаш да се повтори Мајка, јас прокрварев во 14+ исто така млаз крв после и се зголеми, испадна истото...бебево го носам ниско..тогаш ме боцнаа прогестерон депо и пиев 2 недели Дабростон 2х1..бев на преглед кај мојот доктор, ми кажа цервиксот е 5 цм, затворен, бебе понапредно и ги прекинав Дабростонот. Од тогаш не ми се случило повторно. Немој да се плашиш, ќе помине. Ти го мереа цервиксот? Пиј си терапија и не се грижи
Понеделникот во 12 ми се деси еднаш силен млаз,до болница уште една влошка ,вечерта само кафено на бришење,пијам и магнезиум од почеток со фемибион. И денеска цел ден менструални болки,лежам само, ми пиша боловање далеку ми е матичнот 1 саат возење првата бременост буквално трчав ( 2014) сега се ми е поинако. Ти благодарам
Не ми кажа ништо само 1 минута на ехо долу е викат ај на боцкање терапија ке ти пишам одмарај и тоа ни од што може да е ни ништо,се брзаше.. како може за 3 дена да се симне ? На скринингот се беше ок. Не ни спомна цервикс или јас наслушнав испаничена бев. Имам уште 2 прогестрерон до преглед ке чекам. А и многу непријатен мирис ми се појави одкако ставив утрогестан . Ти благодарам.
Да те прашам. Колку миоми имаш и што ти рекоа дали е од нив мозеби тоа. Јас сум бремена 7 недела имам два миоми и многу се плашам сега во бремрност како ќе биде со нив.
и јас 12-13 недела прокрварев наеднаш псетив како нешто да ми потече кога ќе видам свежа крв. право у болница било циста на матката и пукнала. Се во ред со бебето си беше. мн се исплашив тогаш. одма ме буцнаа и утрогестан по два пати пиев да одмарам ми рекоа. одмарав колку што можев . после си се повлече се среди се. си функционирав најнормално. еве ме пред пораѓај сум. со лесно нека ти е
Здраво на сите мешиња Да се приклучам во муабетите доста анонимно ги читав 15 недела сум и ако мачнините ги одбегнав на старт сега реши бебе на нерв во кичма да ме стиска. Некоја со слична мака? Да лежам на лево не можам цела нога ми трне, ме боли, на десно не ми е удобно, на грб па ич. Да си стојам цел ден најубаво