Јас имам 4 најголемиот 6см,пред да останам совет од др. Беше да пробуваме ако не останам за 6 мес.да ги оперираме .јас останав одма ,првата контрола само кажа ке те водиме како ризична но ако не сметаат на плодот, нормално ке си тераме со почести контроли и више не ги спомна при прегледите. И јас незнам дали ми се деси одд нив,како што кажав се брзаше др. Ништо не ми одговори. Сега на контрола ке го испрашам убаво . Со лесно и кај тебе
Здраво женски, втора бременост, 8 недела +4 сум, првата бременост со страшни мачнини и повраќање 9 месеци. Сега сум со страшни болки во желудник и хематом и крварење. Ве молам за совет, внимавам на храна но џабе. Дали сте пиеле нешто за желудник? Благодарам
Пробај ладно млеко , овде прочитав мене ми помага. Незнам оние кесички сода од витаминка дали се дозволени. Со лесно
Мене ми помага бисквити, двопек, соленки или лути смоки. Кога имам големи мачнини и болки во желудникот.
Здраво феминки кои креми против стрии и пукање на градите ги користевте во текот на бременоста?Од кои сте задоволни?
Нема чаре, витамин В6, магнезиум, тоа, на грб и јас од почеток неможам да спијам воздух немам, па и не се препорачувало на грб да се лежи во бременост. Со лесно нека ти е и така лева, десна, лева, десна цела ноќ јас ставам перница обична (не купив трудничка) меѓу нозе и ми помага колку толку. Иначе јас во првата бременост мачкав чат пат млеко за тело од авон некое, не купував специјално, не ми се направија ич стрии, а бебе пораснато родив, огромна бев сега исто, имам од ДМ од балеа еден лосион за тело и се мачкам 1 или 2 пати неделата. Мислам дека за стрии генетиката е најбитна.
Девојки се породив јас пред два дена, ми требаше малку време да се соземам. Овој царски малку психички како да потфрлив ама еве денес сум многу подобра. Важно палчица моја е добра 2500 се роди. Ви посакувам ваква убавина на сите и лесен пораѓај.
Честитки мајка, ме претрка Нека е здрава и жива кукличката, тебе побрзо опоравување Пиши кога ќе можеш како помина. Почнаа и јулските бебиња, ме фати еуфорија