И јас ставав два пати , наутро и навечер. Исто како што ти пиша членката барем 30 мин лежи од кога ќе го ставиш . @CareTee живи и здрави да сте мајка , брзо опоравување!
Не ми ги прекинаа до последен ден ги примав и наредни 5 дена и тоа царски завршив. Малце полежи бар пола саат и после тоа функционирај нормално. @CareTee Честиткиии да е живо и здраво
@0ли @Maja1986. @AlchinovaR1979 @Brpbrp @Alishan30 фала ви многу. Сега да ве изгњавам со друго Како ги ставате? Сега ставав една, без апликатор, со прсти, ама многу ми лизгаше и искрено не сум сигурна дека баш длабоко ја ставив. И дали утро-вечер треба да е 12ч разлика? Оти реално никој од нас не спие по 12ч навечер. Барем не јас
Јас ги ставав со ракавици за една употреба, така ми беше најпрактично и најхигиенски. Ставав само навечер, така да не можам да ти кажам за растојанието од 12ч ама мислам дека тоа не е толку важно.
Тука сум женски само цело време имаме некои обврски дури заборавам дека терминот ми се ближи Бевме петок на контрола Систина, докторката ми вика ајде кога ќе се пораѓаш Ме прегледа рече абер нема од скратување на цервиксот, отварање ниту спуштање на бебето ( се изместило не е веќе во каналот како што беше ), рече како камен си цврста а баш мислев ако има промени да те оставам понеделник да раѓаш.. И така сега чекам следна контрола понеделник дали ке има промена, доколку нема закажуваме со провокации.. Има ли некоја мајка искуство да не можела да се отвори никако а провокации и вагиналетка да помогнале? Се плашам да не не се отворам Дајте искуства, понеделник ке сум 39+4
Точно 12ч разлика никогаш не беше. Наутро пиев, навечер ставав. Миев раце, сушам и ставав. Лизгаат да, но со пракса станува рутина и ќе навикнеш.
Јас бас не ги ставав на 12 часа навечер кога ке си легнувам ѕогаш а насабајле кога ке станам. Пред да ставам убаво ги миев рацете и со прст што можев подлабоко
Јас не пазев да е 12 ч разлика ,особено не кога одев на работа . Најпрво ги ставав со прсти , меѓутоа таблетата ми завршуваше на гаќи дека не ја ставав доволно длабоко , нормално со измиени и чисти раце ставав. Потоа со апликатор пробав и се си беше во ред.
Цела ноќ не сум спиена мачам мака со нозеве од бутовите колената листовите глуждовите баш имав силни болки спијам те на лева те на десна страна , пијам магнезиум апчиња од 250 мг ама го пијам по едно , обично после попладневна прошетка . Нешто да препорачате некој совет .
Јас ставав,никогаш не пратев да биде тоа на 12ч разлика. Полежував по 20-30мин во кревет. Ставав со прст,колку можев најдлабоко,со убаво измиени раце претходно. Мене ми рекоа од 34та дека се смета безбедна. Магнезиум дневно можеш до 1000мг да примаш.
Јас имав мака вечерта со грчеви во нозе и раце и да ти кажам право откако зголемив доза на магнезиум сега сум добра . Дневно пијам по 800мг. Сабајлето една ќесичка и вечерта пред спиење . (Магнезиум директ + б6 од 400мг) Пробај да зголемиш доза и ќе видиш дали ќе ти помогне.
Прашање за девојките со гестациски дијабет . Овие два дена шеќерот на гладно ми е 5.9 што според мене е висок . Неможам да сфатам што ми го крева волку . После вечера не јадам ништо и строго се придржувам кон диета/план за исхрана . И најчудно ми е што пред спиење ми е 4.2 , 4.3 . А кога се будам сабајле вакви вредности ми дава . На контрола сум за две недели , па секако ќе ја прашам и докторката. Инаку користам Accu check instant апаратче.
Ја пишав 34та,зошто така ми кажа докторката од Систина. Кога во 29та имав фанелинг ми рече издржи бар до 34та за да не го ставаме во инкубатор.
Цело време со прст ставав. Едната нога поткрената на нешто и со прст колку што може. Наутро и пред легнување, точно на 12 часа не беше баш. @Luminary За безбедна зона ја сметав 34 недела, неа ја чекав најмногу поради белите дробови. Верувам дека има бебиња што и пред таа недела не се во инкубатор, но ете така ми беше важна таа недела. Кога дојдов до неа, си велев во 36-та дека сум во безбедна зона, па кога влегов во 37 и така
Кога ти е вечерата и кога си легнуваш? Најчесто утринските вредности се високи кога има многу саати поминато до доручек. Кај мене беше така и вметнав две вечерни ужинки за да ми е вечерата подоцна. Наутро така ми се среди. На пример: доручек: 9:00 ужина 1: 11:30-12 ручек: 14:00 ужина 2: 17:00 ужина 3: 19:00 вечера: 21:00 Легнував 22:30 Овој распоред беше најдобар и наутро имав ниски вредности.