Леле и јас со килажава на бебе, кај што ке се пораѓам и кај матичниот не ми се согласуваат. Кај што ке се пораѓам 2200 денес ми вика и пишува во извештајот + - 290гр. Пред две недели беше 1600 со + - 270гр. А кај матичниот на контрола минатата недела 1610. Дури и реков да повторам скриен шеќер, ама докторкава вика нема потреба се си е во ред бебе ке биде големко до кај 4-4ипол кг.. на 100 памета сум
И јас прочитав дека е Чаир. Мм нешто се труди да ми најде врски да ме следи еден доктор до пораѓај и му рекле утре на гак да одам на цтг дека ме пратила оваа докторка. Истражив малку ми дава во чаир дека работи. Ама еве па и членкава пишува дека е на гак. Да не се посрамотам таму,да ми речат нема таков доктор
Беше во Чаир за време на корона . Од Декември месец 2022 е во ГАК , јас бев таму јануари-февруари . И на профил и пишува дека работи во ГАК .
Женски, многу ми е мирно бебево нешто денеска, така малце ќе се протегне и толку...Од жешкото ли е или?Треба ли да паничам?
Za toplovo da ne zboram sinoka na rabota celo vreme ofkav nekoj sklet mi bese nekoja muka ....a za spienje uzas cela nok se vrtev ajde uste malku ke izgurame Jas u najtoploto ke treba da se poragjam...ama ke izdrzime se za nasite bebuski
Ај да си пишам еден исповед од гак,може ќе ми олесни на душава Денес 37+4, одам на контрола после 7 дена во соба 36. Сестрата вика ако не ти е итно оди си,докторот е во две амбуланти ќе чекаш. А имам ли друг избор? Ќе чекам. После саат и нешто конечно се појави млада докторка албанка. Го дочекав мојот ред,таман влегов,дојде еден ќелав доктор со пациентка и мажот,да ја проверат на ехо. Таман се спремав да легнам,ја легнаа неа. Јадната не знаеше кога и е последна менструација,ама третирана од докторот со сите почести,дури и среди да ја примат на патолошка за пораѓај и покрај тоа што не и беше надминат терминот ниту пак некаква индикација. Се покајав што немам врски. Откако завршија со неа,легнав јас,но докторката што ја прегледуваше куцаше извештај,па случајно налета друга млада албанка(се надевам докторка) која ми го направи ехото,едвај го измери бебето. Прашав за цтг ми рекоа дека можам да направам. Па се вратив со извештај,реши со рака да ме провери зошто покажувало некои болки. Прегледот со рака ужасен и болен,вели 2 прста отворена. За 5 дена на контрола или порано по потреба. Нит и знам име,нит презиме,стои печат со име и презиме на машко. Уште еднаш се покајав што немам врски и жими се да раѓам трето дефинитивно и последниот денар би го дала во приватна болница. Не за условите,туку за да добијам човечен однос,внимание какво што и е потребно на трудница пред пораѓај и трошка емпатија.
Е тоа највеќе ме иритира влегува и не се претставува кој се што се ај легни да те видам, можеби болничар е. Е тоа ме нервира во здравствово наше секој може мантил да облече и доктор да изиграва. Втора работа е тоа демек не знаат ништо албанките па мажот влага да му се објасни. Ај и ние глупи ќе се правиме...
Девојки, едно прашање. Моето бебе е од старт помало за 10тина дена, поради тоа што имам циклус на 35-40 дена и покасна овулација. Докторите велат дека тоа е ок и не ме загрижува. Прашањето ми е, дали и вас ве воделе според менструален циклус или според мерките на бебето? На почетокот ми спомнаа дека може да се корегира краен термин, но остана само на тоа. По последен циклус сум 27 недела, бебчето одговара на 25+6. Ме збунува ова и кога ќе ме прашаат која недела сум, не знам која да ја кажам
Мене термин по циклус ми е 09.08, на скрининзите покажуваше 02.08, а на обичните прегледи 31.07 До сега не ми рече докторот дека ќе биде порано само ми спомна дека е покрупно. Јас си го кажувам според големината
Јас за првото бев така. Им кажував покасна дата за последна менструација со 10 дена оти ме водеа според последна менструација. И со моја корегирана дата се породив во 40+1 со провокација. Ако ме водеа според реалната дата, ќе бев 43+ Не советувам дека така треба некој да направи, само споделувам искуство.
Во мојот случај ми доцнеше многу пред да извадам позитивен тест и тоа за прв пат во мојот живот толку доцнење. И кај матичниот и кај докторот кој ќе ме пораѓа здравје, се совпадна датумот кој го водиме како да е официјално од последна менструација, според мерките на бебето. Пример ако мене последна менструација ми беше на 29.09, и едниот и другиот го пишаа 18.10 токму за да нема вакви забуни.
Јас уште на почетокот на бременоста ја размислував таа варијанта, можеби требаше да ја реализирам, сега е веќе касно @BadKarma94 Според тоа кога мислам дека ми беше овулација, ми се совпаѓа и мене, ама официјално никој не ми го помести терминот, да е според бебе и затоа јас сега не знам како да рачнувам, која недела сум Па на секој преглед морам да кажувам дека од старт е помало заради покасна овулација
Здраво девојки Ве молам за совет, моментално качив температура скоро 38, 14 та недела. Денес бев излезена повеќе од вообичаено, не се движев на сонце. Болката за која пишував пред некој ден сеуште ја имам десно во стомакот, кога лежам не ја чувствувам, но на седнување, одење и сл. ја има. Исто така имам и бледо жолт исцедок малку во поголемо количество. Си пишав со матичната ми рече парацетамол, мн течности и да мирувам, ако се влоши да одам на дежурен.. Јас стварно сум преплашена, пева бременост ми е и не знам што да мислам..
сте се опуштиле малку и ние една недела пред 4тиот роденден на синко Денес купив неколку работи за бебето да има нешто ново