Не воопшто не е касно тој скрининг се прави од 22-24 г.н а можеш да закажеш на клиника јас платив 150 ден, а на приватно мислам дека е околу 100 евра, ама за приватно не сум сигурна. Мене и матичната ми правеше и на ГАК бев, така матичната рече сите ги праќа таму за второ мислење, а јас бев презадоволна од ГАК.
@Maceto123 jas ne ziveam vo Mk i znam deka tamu se tie ceni, a tuka kajsto ziveam ima samo na privatno i kosta od 150-200 evra taka da se mislam navistina sto da pravam....
Здраво мешиња јас сум нова на форумот , а и на темата Честитки до новите мамички да ви се живи и здрави бебенцата <3 И нека е со лесно и со убаво на нас трудничките Јас сум 12 г. недела , незнам зашто но многу се осеќам како да е цурица сега на 23 сме на првиот скрининг и здравје ќе видиме дали ќе се покаже кој е полот и дали интуицијата моја ме лаже или не Имајте убав ден
Оф мила не сум знаела дека не си тука, е сега треба ти да си одлучиш како срце ти кажува така направи си. Со лесно и очекуваме да ни пишеш што си решила
Јас прв пат ми се чини го осетив некаде околу 17 недела, повеќе беше како грепкање од внатре, а сега веќе пошто сме поголемки убаво се осеќа како клоца и на допир се осеќа исто така може и татичко да го осети така да што знам, тоа веројатно си е индивидуално секој различно. Инаку во врска со железото јас гледав да го зголемувам на природна база, зошто знам колку се гадни ампулите бљак и ми варира некаде од 20-26 зависи.
Не моρа да значи! И мене ми беше пρва бρеменост па оκолу 16 та недела го почувствував! Κаκо вибρации, κаκо мусκул κога игρа! Таκа се чувствува! Нежно!
http://www.ringeraja.mk/statija/prvata-sredba-so-bebeto-doma_4867.html Еве нешто што треба да го знаеме
Јас си направив список еден уште на почетокот на бременоста за се што ќе ми биде потребно за бебето Како оди времето само си шкрткам по нешто што сум купила...и така додека се роди се ќе си биде таман Да нема трчканици пред крај во 9 месец по жештиниве...тогаш што попрво вака со време спремни
Баш така и јас ја почувствував бебушка моја уште пред 2 недели отприлика а сега сум 20 недела, што значи дека не е рано за да го осетиш. И мене ми е прва бременост (втора, но со првата не стасав до тука) !
Со иста судбина сме! И мене втоρа ама успешна и сега си имам бебенце 1 месец стаρо!Уживајте во бρеменоста! Навистина се ужива тогаш! Потоа слатκи маκи доаѓаат! Поззз
Незнам дали сум јас изрод или само моево бебе не е нежно од внатре Сите ми велеа дека го чувствувале бебето како пеперутки да им играле во стомакот, а мене баш спротивно буквално како грепкање од внатре на почетокот беше само од десна страна сега веќе целиот се бунтува внатре Дури и докторката на преглед неможе да го фати вика лелееееееее не престанува да се превртува, кога треба да се земат мерки мака мачи жената Или не мрда ич, ама кога ќе почне-растура а уште е малечко понатака кујзна што ќе прави... Инаку и мене ми е втора бременост, првата исто неуспешна
Да ти е здраво и живо бебчетојас одвај го чекам чупево мое да си го родам и да си ја гледам секој ден...уште од сега збеснав готово одвај ја чекам. Поздравче и уживај и за мене со бебето
срцка јас ќе одам во 23 недела т.е. тоа е на 29јуни .мат гинеколог ми рече најкасно до 25нед .не сакав ма државна,ни кај Органџиски Штип бидејќи на моја пријателка и кажа дека бебчето имало тешка срцева мана и да абортирала ја испаничи и одма она во Систина и кажаа дека нема врска,и еве си роди здраво,право девојче ништо не му е веќе 9мес машала супер си напредува. Јас се распрашав убаво со мн медицински лица,професори се консултирав и ми кажаа дека во Македонија само двајца имаат лиценца за тој скрининг и тоа др Елена Петрова во Ремедика и др Димчев во Систина. Си закажав кај Елена во Ремедика и не мн скапо 3000 ден и така се надевам ќе поминам добро...па ако имаш можност оди таму мнооогу се фалат од неа поззз
Да да, царски , во чаир бев, се на се добро поминав. и раната брзо заздравува, секој ден е се полесно.
Има @m.i.g здравје јас планирам кај др.Кристинка во Плодност да го правам скринингот. Имаат лиценца таа така ми има кажано.
Девојче незнам кој ти ја дал таа информација за докторите, но посебна лиценца за таков скрининг не постои барем кај нас во Мк. Можеш да се јавеш по институциите кој работат со тоа за да ти потврдат дека такви лиценци нема, може имаат некои сертификати, ама далеку е тоа од лиценца. Ти кажувам бидејќи работам со доктори. Инаку тие двајца се супер доктори, али секој доктор има некогаш пациент кој не е задоволен од него и на кој му имаат утнато со дијагнози. Али секој си има право на мислење и избор на доктор