Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Петрова си отишла у пензија. Ми се сруши светот. Само што се јавив во ремедика за скрининг.

    Тоа е,ќе си одам кај Димчев сега. Прочитав убави мислења за него,јас прв пат ќе идам па ќе видиме.
     
    На Lili90 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    5.769
    Пол:
    Женски
    За во Ремедика топла препорака за Симонида.
     
    На rikimiki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Нема термини до 15ти Август за кај Симонида. Одма прашав....
     
  4. Lili90

    Lili90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2020
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    Мајки, тие што терате 8 ми месец... дали при мрдање, тегнење на бебињата ви се иде во тоалет? Ама не во мала, него голема? Некогаш знае и мала ама во последно време, а мрдне одма во веце трчам :) иначе сум 32+4
     
    На atz1995 и lackygirl им се допаѓа ова.
  5. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    156
    женски, кога планирате да отворите породилно? дали е паметно да се отвори боледување 2 недели пред почеток на 9ти, а веднаш со влез во 9ти да се почне породилно? не знам како да постапам, термин ми е септември, а сакам да бидам опуштена и смирена без работа додека си го чекам детево. ќе имам и денови од одмор, па можеби и тие претходно да ги искористам? како постапивте вие?
     
    На Lili90 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lili90

    Lili90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2020
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    Јас со првото го отворив на денот на породување ама беше Ковид и работев од дома, а се породив 42ра на крај... Сега со ова ни јас не знам како да направам искрено. Уште идам на работа... првично планот ми е 2 недели да земам одмор (тој ми е нов од 2023) и од 38ма недела да го отворам породилното. Поентата ми е да си имам денови отпосле за останување дома :) амааа ако пак се породам во 42 ра, цел месец ќе ми отиде од породилното. Не знам како да направам :(
     
  7. Lina5

    Lina5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2022
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    200
    Пол:
    Женски
    Здраво, ќе може да споделите што се треба за почеток да купам од аптека? Кои пелени се најдобри за newborn? Исто ме интересира за шампон, лосион, креми и тн. некоја препорака.
     
  8. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.207
    Допаѓања:
    24.618
    Пол:
    Женски
    Јас одам почесто по голема :D ама и праски јадам скоро секој ден и ме фаќа од нив дијареа, а за мала па не прајме муабет :rofl: нон стоп... 1 недела сум по тебе 31+4

    За породилно со првото, прво искористив одмор па измеѓу имав 4,5 дена и пак одев на работа, на денот на пораѓајот отворив породилно, сега дека ми кажаа за царски дека ќе биде 15 дена пред термин знам од прилика кој ден ќе биде пораѓајот (околу 15ти август) планирам да земам одмор од 1 ви август и потоа породилно, ако не изненади бебче и порано од 38ма :) здравје само.
     
    На Lili90 и natash.a им се допаѓа ова.
  9. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.419
    Допаѓања:
    18.659
    Чувај си ги деновите за со бебе секој еден ќе ти биде важен.
    Јас сум 38+5 уште не ми е отворено,планирам од денот на пораѓање да го отворам.
    Најдобри пелени за новороденче се памперс премиум. Јас бидејќи ми е второ,а не сум имала никаква мака со првото сега за новороденче земав пелени од ДМ на бејбилав.
    Купка користев со првото Еуцерин маслена,со таа планирам и за бебето. Лосион од истата линија на еуцерин. Шампон не се користи на почетокот.
    Крема за газе павловичева оригинал и за црвено газе судокрем.
    Сега земав и Мустела 1,2,3 како доста фалена па ќе ја пробаме кога ќе се роди.
    Влажни марамици на база на вода од Виолета,но повеќе практиував да го бришам со туфери кои си ги мокрев со вода.
    Од аптека друго ти е потребно:стерилни гази, банеоцин/бивацин прашок, хидроген 3% и алкохол 70% за папоче.
    Откако ќе се роди си набавуваш капки Д3 со К1 ако е на доење или само Д3 ако е на АД млеко. И пробиотик по препорака од педијатар.


    Мене веќе почна да ме фаќа нервоза од ова исчекување.
    Минатиот четврток на преглед вика 2 прста отворена,слаби болки на цтг. Другиот ден имав малку лигав исцедок и викендот малку болка во половина и карлица. Понеделникот одам на контрола,цтг мирно, друга докторка ме прегледува со рака вика врв од прст отворена. Од вторникот имав поголема количина лигав светло кафеав исцедок и си реков готово ете чепот паѓа.
    Ќе ме пецне болка во јајници и ја снемува. Исто и со половина. Никаков знак за раѓање.
    Со првото се породив 39+1.
    Сакам да си почне природно процесот, не сакам да надминувам термин или да форсираат провокации или пак царски:doh:

    Кажете некој совет за побрзо природно породување и отварање.
    Посакувам да пукне водењакот па да си тргне бебе:whew:
    Во понеделник сум на контрола, едвај чекам.
     
    На 0ли, LivingGlam, Slonce91 и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.492
    Допаѓања:
    10.546
    Пол:
    Женски
    И јас исто, болки во кичма и нагон цело време, а врв од прст отворена. И јас едвај чекам, давајте совети како да убрзаме процес :)
     
    На Slonce91, Cherry blossom89, Sofi.ja и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Asja

    Asja Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.112
    Пол:
    Женски
    Тој чајот од лист од малина го фалеа,ама не знам кај може да се најде поточно. Инаку,мислам дека качувањето по скали доста помага,барем кај мене тоа се покажа ефикасно во претходните две пораѓаји. @sencuk денес е потивка,изгледа и дојде денот. Дај Боже и ти и @Sofi.ja до понеделник да се породите,Господ да ви олесни!
     
    На sencuk, Viveki, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.207
    Допаѓања:
    24.618
    Пол:
    Женски
    Качување по скали мислам помагало за побрзо отварање. Чучњеви.
    @Lina5 ова што наброи @Sofi.ja доволно за почеток.
    Јас планирам со истава маслена купка од биодерма од големиот батко и бебето да го капам, само уште лосион да купам, исто биодерма планирам, влажни 99% вода виолета, пелени нз, на почеток можеби Слипи потоа планирам Ева бејби, со синко ги открив после годината и мн беа убави и мн ниска цена имаа тогаш.
     
    На Viveki, Asja и Lina5 им се допаѓа ова.
  13. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.419
    Допаѓања:
    18.659
    Завчера џогирав,бришев прашина ,чистев по дома.
    Вчера чистев кујна,со 100 пати качи се- симни се од столче за висачите. Со детево секој ден ,приквечер сме надвор пешки низ населба....значи таков инат е малово нејќе да чуе:D

    Мм па со цел памет уште ме штеди,одмарај трудна си. Ало бре,доволно е да сум трудна веќе,треба да си се роди бебето.
    И по 100 пати на ден само ме прашува како сум ,има ли некоја промена,уште толку тензија ми ствара.
     
    На LiquidLuna, Lili90, LivingGlam и 5 други им се допаѓа ова.
  14. *Milicka*

    *Milicka* Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2016
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.762
    Пол:
    Женски
    Секс :D
     
    На Viveki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. *Milicka*

    *Milicka* Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2016
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.762
    Пол:
    Женски
    За пелени најчист состав ти се Sleepy, јас со првото почнав со памперс премиум ама читајќи што се содржат сменив со sleepy, исто и улошки за мене. Од козметика само бејби лов, најчиста и најубава козметика за бебе. Ќе си земеш купка за бањање онаа горе со дозерче што е и крема со цинк за пеленска регија. Имаш и со алое крема таа е за лице ако ти треба понатаму. Не давај пари на мустела, еуцерин само извикани имиња а ужас состав, прочитај на нет колку се штетни и дека предизвикуваат атопичен дерматит, секаде у свет се ич пари никој не ги купува а кај нас дека се изгор трчаат купуваат. Гази, памук за бришење на почеток со вода ( избегавај влажни) , влажни исто на бејби лове, алкохол за чистење папоче ( ова од болница ќе ти кажат. За тебе улошки вир, влошки за гради и ако те сецнат доле има еден спреј мн ефикасен ќе прашаш во аптека.
     
    На Viveki, Asja и Lina5 им се допаѓа ова.
  16. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.419
    Допаѓања:
    18.659
    Секој си кажува од сопствено искуство,но нема потреба да плукаш по туѓото мислење.
    Никој не ја оспори ни Бејбилав козметиката ,членката не се ни изјасни дали сака поскапа или поефтина опција.
    Инаку крема со цинк не се препорачува за секојдневна употреба.
    Исто така,крема на лице нема потреба да му се става на бебето. Од истиот лосион за тело може да се намачка и лицето.
    Не знам што сакаш да кажеш со пелените слипи, гледам алудираш на поефтини бебешки препарати,колку и да не ти се допаѓа цената, памперс биле од секогаш број 1,нема споредба со други пелени. На мене лично откритие ми се Бејбилав пелените,затоа се одлучив за нив.
     
    На LiquidLuna и IRBBB им се допаѓа ова.
  17. Lina5

    Lina5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2022
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    200
    Пол:
    Женски
  18. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.207
    Допаѓања:
    24.618
    Пол:
    Женски
    Секој со искуство, со синко почнав со памперс, па виолета, дајперс, слипи, се пробав ама овие еву незаменливи беа :D и најефтини.
     

    Прикачени фајлови:

    На *Milicka* му/ѝ се допаѓа ова.
  19. *Milicka*

    *Milicka* Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2016
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.762
    Пол:
    Женски
    Не е работата за цената, туку за квалитет. Побарај состав на козметика мустела која содржи токсични материи и состав на еуцерин моментално забранет во поголем дел на еу. Има и онлајн искуства. Живеам со фармацевт и со човек кој истражува квалитет на состојки и пред да купам производ се консултирам со стручни лица. Моментално како најчиста козметика за бебиња достапна во мк е само бејби лове. А ако тебе поевтиното не ти чини, и се пронајде во тоа трчаат по поскапото значи сум била во право. Најскапото не е секогаш најубаво. Затоа пред да купам производ гледам состав и споредувам. Има и онлајн страна што го прави истото само скенираш или внесуваш производ. За да се увериш во тоа што го зборувам пробај и види што содржи таа козметика. Памперс се поиздржливи може ама содржат мн токсични материјали. Слипи се природни скроз, само треба да пазиш да не се преполни пелената. И да за кремата за лице пишав понатаму ако и треба ако прочита добро. Јас користев кога залади на малата и се правеа лишаи од ладното. Еве линк подоле
     
    Последна измена: 30 јуни 2023
  20. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.326
    Допаѓања:
    33.665
    Пол:
    Женски
    Нема прикачено линк, баш и мене ме интересира.
    Дерматолози и педијатри баш препорачуваат Еуцерин, мустела, биодерма, веледа.. за атопична кожа.
    Ние мака мачевме со дерматитот, само биодермата го спаси син ми.
    Исто и со пелените, мака немаше само со памперс премиум кер и бејбилав, од сѐ друго рани по кожата му излегуваа.

    А, креми и лосиони со цинк не се за секојдневна употреба. Прашај го и маж ти штом е фармацевт, би требало да знае.

    Едит: покатастрофа од бејбилав влажни нема. Барем од моето искуство. Пелените се чиста 10ка, влажните 0.
     
    Последна измена: 30 јуни 2023
    На Danicka00 и lackygirl им се допаѓа ова.