Еве ние 40 дена како се бањаме со тој шампон/купка нема покажано ништо фала богу до сега. Ни од павловичевата. Ако е на мама во кожата ќе нема проблем со ништо
Јас сум 16+3 и здебелена сум 4кг. До 12недела бев плус 3 и ептен депре ме фаќаше пошто не јадев воопшто повеќе од порано, а се движев исто како претходно, пешачење, работа, домашни обврски и се е на мене и некако мн ми паѓаа тешко килограмите. Воопшто јадам повеќе од порано , не грицкам солено, ниту јадам благо, стварно не знам од што ми се килограмите .Работата е што и пред бременост се здебелив 3кг и сега секој грам ми е одвишок. Среќа што после 12та недела скоро цел месец стагнирав со килограмите, сега гледам варирам со уште едно две килца. Ќе стигнам до крај со плус 15сигурно. Јас користев sun dance 50ка од дм првите денови а после и со 30ка и не изгорев воопшто, дури ни цевенило немав. Е сега јас бев на одмор почеток на јуни и сонцето не печеше толку ко во сред сезона ама верувам дека и напосилно сонце со крема и малку повеќе да внимаваш со сончање нема да изгориш.
Примај утрогестан ако така ти препорачале. Јас мислев да не пиеш ништо против температура. Спиј спокојно. ❤️
Jas deneska 37+1 vo ohrid sum vise vtor den celo vreme plaza navecer setanje ama pri setanje imam nekoe bolki vo grb dole i kako stvrduenja na stomak ama uste bebe ka gore da e
Ги гледам памперс за новороденче, која е разликата меѓу pampers harmoni, active baby и premium, вие од кои сте задоволни
Хармони треба да се со непреработен органски памук, најчисти, без парфеми, еко пелени. Не сум ги користела, ама би требало да се за најчувствителна кожа и да се најдобри од овие три. Премиум кер се памучни, меки, тенки, со индикатор за мочкана пелена (не дека нешто значи), исто без парфеми би требало да се и се доста впивливи. Ги користев за новороденче и бев многу задоволна. Актив се исто памучни, ама се покрути, мирисаат на парфем и имаат некој гел. На син ми му ја иритираа кожата, затоа не ги користевме.
Девојки, Некоја што примила флостерон за зреење, дали може да сподели до кога имавте тахикардии? Втората доза ја примив во средата, имав тие два дена тахикардии, но од вчера пак се чувствувам омалаксана и со тахикардии.
Здраво, префатив нешто од детето ми вирус некој изгледа, еве втор ден ми е денес ама вака долго не сум се осеќала. Главоболки, затнат нос, болки во тело... буквално сите грипални симптоми. Знам освен парацетамол друго не смее, еве пијам течности и буткам некако викам вечер ќе се напијам да ме опушти за спиење. Инаку освен солена вода смее некој спреј за одзатнување? Може септаназал јуниор од малово да прснам во нос, дека цела ноќ не спиев од затнатост 13+ сум
Мене ми имаа дозволено, но сепак консултирај се со лекар не на своја рака. Повеќе течности пиј, туширање и ќе пројде.
Јас користев за алергијата на полен пред некоја недела навечер по еднаш за да можам воопшто да спијам. Баш се консултирав со Петрова ми рече не е проблем. Каков спреј конкретно користеше ти?
Фала ти Ауу не, само што си реков готово помина алергијата, малото се разболе во петокот со темп со се', и од вчера и јас сум за никаде ама ќе пројде
Втор ден главоболка пиев парацетамол поминува и после пак ме заболува.. што правите при вакви ситуации..
Јас во прво тромесечие имав цели 3 дена главоболка, дури ме фати паника...пиев парацетамол, мн вода, во темница седев, лимон пиев и масажа...не помагаше којзнае колку, едноставно само од себе си помина, си трпев, ама пробај ова сè, може нешто ќе ти помогне. И замивај се со водичка на лице и позади уши јас така се освежував...и ја денес сум раздразлива, нешто ми се плаче, безвезе ми е..времево ептен ни влијае
Провери го притисокот како ти е. Инаку ништо, парацетамол, темна соба, кафе, кисела вода, кока кола, туш со помлака кон ладна вода, масажа.
И јас многу мака мачев во прво тромесечие, истото што ти го пишаа членките погоре, седење во затемнета, мирна и тивка просторија, многу течности, пробај вода со лимон, нане и ѓумбир мене многу ми помагаше. И туширање топла вода да тече од пареата мислам ми се опушташе главата.
Devojki ste imale nekoja namalemo tsh vo bremenost? Slucajno ispituvav i namaleno e. Mislite e prolazna rabota poradi bremenosta ili so bi rekle so zdravje da si go nodis?
Јас, во 11 недела ми беше најниско, потоа почна да се покачува полека. Ми рекоа најверојатно е поради бременоста, но некој месец по породување треба пак да проверам за да се осигураме. Колку ти е тебе? Имаш некакви потешкотии поради тоа?
Исто и јас до 4 месеци премногу ме болеше, парацетамол, кафе со лимон, кока кола тоа.. Магнезиум маст е намалена во Еурофарм за грчеви.