Да баш така, со допир на вратот. Нешто и на грбот и рамената исто така ми проверуваа, искрено не знам поточно од ова да ти кажам. Според тоа ми кажа само во однос на големината на тироидната.
Јас бев во 36,па 37, па ми рекоа за 5 дена контрола бидејќи покажало слаби болки на цтг. Во 38 беше се ок па ми рекоа да одам во 39. Сакам да ти кажам,вообичаено на 7 дена се оди на контрола,но ако има нешто на цтг или на вагинален преглед ќе те викнат и порано.
Пробај со второ мислење и направи брис на друго место. Иако обично бело прање нели знае да биде и нормално, double check само Јас сум 26+4, пред 2 недели имав бел исцедок, немаше некој специфичен мирис ама ме чешаше доста. На брис од генеа кај матична не покажа ништо, во жан митрев излезе кандида, Др Ирена одма ме исчисти и со една терапија канестен ми помина и сега сум супер. Со лесно<3
Jas vo privatana bolnica idem pa mislev dali take procedura pobrzo ili imaa videno nesto pa zatoa tolku brzo pak mi rekoja
Не се оптоварувај толку, како ти рекле така прави, секоја болница своја полтика е. На државните ти кажа @Sofi.ja до 40та недела еднаш неделно не викаат еве и мене исто така во Чаир. Приватните може поинаку прават, така да терај оди когати кажале, ако имало нешто за секирање ќе ти кажеле сигурно. Во спротивно не си прави товар беспотребно.
sve e dobro rekoja za ctg ne kazaja mnogu ama drugo sve super i krv mi zemaja i dr dokumenti nesto za poragjaj so treba mi rekoja i sve mi zavrsija deneska
Сосема нормален е ваков преглед, мене на секое одење докторката ендокринолог ме прегледува со рака, на допир чувствува дали има промени со тироидната, сметам дека тој што си е стручен и со допир ќе знае за промените. Секако освен преглед на наши резз итн.
Здраво @Viveki ќе може да споделиш искуство од Чаир, во смисла на однос со пациенти и хигиена. Јас се двоумам да одам таму на ехо преглед, па би ми значело споделено искуство.
Здаво и од мене. Рана бременост,12 недела тераме и за една недела сум на преглед да го правам скринингот и брисевите и приска тестот. Возбудена сум, можно е и полот да го кажат на тој преглед ако се гледа Сакам да го видат да не се мислиме веќе што е.Зимско бебе ќе е терминот ми е 7ми јануари Се надевам дека со лесно ќе поминувам и нема да примам клексани како за првото оти уште ме болат рацеве од рамото до подлактица, и време кога менува и кога се напрегам. Заборавив кога се почнува со пиење магнезиум од тие кесичките? Кога почнавте да пиете?
Јас и ти тука некаде сме,мене термин ми е 13.01 Некои Девојки пијат од 8ма недела, јас пиев неколку денови па прекинав бидејќи немам некои болки грчеви сеуште. А докторката ми рече слободно можам од 250мг. Со среќа и со лесно нека ти е
Секако Јас сум задоволна до сега, одам во Чаир на цтг од 36 недела, задоволна сум од персоналот, сестрата на цтг, сестрите на шалтер и персоналот во лабораторија се фини и услужни. Доктор немам конкретно, кој ми се падне на смена и сите се коректни до сега, немам забелешка, ама па јас сум тип што не очекува премногу, се додека ми велат дека е се ок со мене и бебе не се оптоварувам и си терам За хигиена би рекла дека е солидно, сега колку може во една јавна установа да биде нели, не е како дома но е солидно, далеку од прљаво. Јас сум задоволна за разлика од ГАК, каде што бев на конзилиарно и ги правев скрининзите, не сакам да плукам по никого но од таму немам баш некое убаво искуство ме разочараа неколку пати. Се надевам ти помогнав со моево искуство. ❤ До кај си ти, која недела си?
Со лесно нека ти е, што убав датум имаш, Божиќно бебе ❤ Јас почнав да пијам магнезиум, витамин д и фолна од кога матичната ми потврди дека сум бремена, 5та недела.
Ајде хелп , сега на гаќите гледам малку кафеаво на бришење немам ништо 18 недела сум . Дали да идам на дежурен или да чекам до сабајле .