Одма да одиш, со таква работа нема зафрканција. Може не е ништо озбилно , но подобро да те види доктор.
Завршив добро е се со бебето, со постелка , плодова вода рекоа доволна количина , цервикс 38 мм . А ова кафеаво не знаат од каде . Ми рекоа мирување и редовни контроли . Ама на гак ужас не виден , прво не сакаа да ме примат зошто сум одела и во систина . Доктор не ме ни гледаше некој специјализант ама на крај битно дека е добро е све
Жално здравство......наместо да видат веднаш дали е се во ред тие се препукуваат со приватните болници. Просто не можам да си поверувам како имаат изгубено човечност и најважното за кое станале доктори...... Многу ми е мило што сте добро со бебо напрај си контрола кај доктор што одиш за секој случај пак за 1 недела чисто да си мирна
Баш и сопругот искоментира на мирен и културен начин дали може прво да ја прегледате после ке се објасниме во истата секунда го избркаа надвор . Многу дрски и ароганти беа ама тоа е кога имаш проблем ќе си преќутиш само да е све добро . Иначе да следната недела имам редовна контрола кај матична .
Нигде не ги пуштаат маживе надвор како кучиња избркани се, ги пуштаат само они што се прават демек не разбираат жениве па мажот да влезе и да преведува. Не знам дали после пораѓај смеат да доаѓаат во посета или и тоа е забрането.
Искрено да ти кажам зезната е бактеријата зошто ешерихија е таква бактерија што не се лечи од корен скроз да ја снема, а доста е непријатна. Само да појачаш имунитет е лекот за да не ти се повторува нон стоп, ќе ти дадат антибиотик и направи контролни брисеви обавезно. Јас ја имав во урина и со еден антибиотик ја излечив ама не бев бремена тогаш и после тоа ми се нема вратено но од тогаш и се немав нешто потешко разболено како предходно. Али да знаеш дека при пад на имунитет може да ти се појавува.
Фала ти многу за споделеното искуство ❤️ Јас сум 22 недела и размислувам да одам на преглед во Чаир, па здравје боже и за породување. Не знам како е со конзилијарно мислење од Чаир, дали се чека многу. Имаш искуство со конзилијарно во Чаир?
Здраво мешиња Од денес почнувам 18 недела. Мајка се запнала треба бебе да го осеќаш. А јас не сум застаната и можда некои слаби поместувања се удари ама не сум обрнала внимание. Што дека второ дете се како од почеток да терам, немам појма ни првото кога почнав да го осеќам Нејсе, нека растат само ударите нема да изостанат. Сакав да прашам во Аеродром со упат од матичен гинеколог каде прават бесплатна крвна слика т.е соработуваат со фондот? Ми рече матичната ќе ти дадам упат за во Авицена и гледам таа во Карпош е наведена па ми текна дека само таа лабараторија им е преку фонд. Ќе си направам сега приватно тука поблиску ама за следна контрола да сум спремна. Убав ден да си имате
Devojki fala sto me mislevte,se porodiv vcera carski vo 10:55... Mojata Viktorija dojde na ovoj svet masala 4750gr i 56 cm....dobri sme i dvete,osven bolkite na ranata...me stanaa veke taka da se e super Vi ja posakuvam na site ovaa sreka
Машала бебче пораснато нека е жива и здрава Викторија, убаво именце за 2 недели како нова ќе бидеш и ти
Ммм, океј се осеќам генерално, не сум нешто настината или болна. Железото само наеднаш ми е паднато, минатиот месец ми беше 39, сега ми е 9. А и уринокултура правев, таму па се е стерилно. Нели би требало и таму да ја има.... еве не знам. Денес сум на контрола, па ќе видиме што ќе кажат.
Во било која авицена можеш, само горе ја наведуваат главната лабораторија, но можеш да одиш во таа во Аеродром, важи упатот
Ако вака се понашаат и горе сестри доктори и слично срам да им е . Место да те смират опуштат уште некој да ти се дере не иде .