Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.608
    Допаѓања:
    48.968
    Пол:
    Женски
    Најмногу имам страв од инфекција некоја. И јас таа г-ца Е ја имав во младоста на 2 пати преку милиони :D не би сакала и во трудноча да ја фатам. Баш ме охрабри да ти кажам.
     
    На awl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Maceto123

    Maceto123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    960
    Пол:
    Женски
    Мила од морето неможеш да фатеш инфекција, слободно оди си, башка 7 ми месец е супер месец за одмор, како што кажа и @awl ќе си се дотераш и ќе бидеш фенси трудница на одмор, а сите знаеме дека одморите со нашите најмили ангели кои ги очекуваме нема да бидат на ваков начин, тоагш ќе носиме гуми, базени и цели торби за нив леле колку убавооо :inlove::hug: Така да гушки со тм и правец на одмор искористи го времето и сонцето :*
     
    На Kiflicka05, awl и Eli23 им се допаѓа ова.
  3. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.131
    Пол:
    Женски
    Што се однесува до инфекции, еднаш имав бактерија во уринокултура (17 години) и никогаш ама никогаш не сум имала лош пап тест. Пред две недели Е. коли, претходно некоја друга бактерија - ги пореметив сите околу мене со драма и плачење.

    Докторката па мене ме стресе кога ми рече дека 85% од трудници имале барем по една инфекција во бременост - детектирана или не - лечена или не. Пострашен е стресот и лошата мисла за бебето отколку било која бактерија која што ќе се открие.

    Ми вика на одмор да фатиш нешто тешко - секако ако си разумна (седење на твој пешкир, не пливање во базен, не седење во мокар костим за капење).

    *** Сега се правам паметна дека треба смирено да се сфати секој проблем (или бактерија) ама кога ќе се сетам колку плачев по улица пред две недели кога идев на доктор, не бев толку паметна ;))) (бруки)
     
    На Maceto123 и Eli23 им се допаѓа ова.
  4. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.608
    Допаѓања:
    48.968
    Пол:
    Женски
    Имам чувтсво дека не е со сите твоја свеки :) па за внуче се работи забога. Не и се замарај, нека ја среди мм најубаво. Јас не перев на рака првите неколку месеци, до душа кај мајка ми бев до 4месец скоро. После свадбата, тоа што требаше рачно да се пере мм и го даваше сам на свеки. Така да пронајди некое такво решение ако можеш, да не се наведнуваш. Ако ептен мораш ти да переш, гледај над лабаво, да не си наведната надолу и нешто полесно, не некои тешки партали да креваш. Ако осетиш умор или болка во кичма, одма оди да одмориш. Со паузи. Јас така правам сега, еве сум 6ти месец. Ама зборам еднаш во неделата или во две недели. Инаку пуштам машина, да не испадне по муабетов дека 2 недели седам неперена :D
    И од едното уше нека влага од другото нека ти излага. Без замарање многу кој што рекол. Небитно е.
     
    На <3 pleza4e <3 и SpangeBob им се допаѓа ова.
  5. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    Температура не се качува од нервоза.:?:

    Не сакам да паметувам ама глупаво е да се мисли дека лошите односи магично ќе се поправат само затоа што си бремена, нема тоа да се случи туку ти треба да си бараш решение заедно со сопругот да не бидеш во таа околина.

    За перењето освен што треба да избегаваш дигање тешко другото се е дозволено, ништо нема да ти биде ако испереш алишта, не мора да се наведнуваш, испери ги во умиваоник стоејќи.

    Нема потреба од толку лигавење, што поактивна си за време на бременост толку полесно ќе се породиш а со нервирање за свекрвата и слични глупости само си наштетуваш на себе и на плодот а како мајка треба уште од сега да го заштитиш бебето, тоа е сега на прво место.
     
    На Angel.Heart, kukla21, Kiflicka05 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    Кога почнавте да купуивате алишта за бебето ?
     
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.560
    Допаѓања:
    289.441
    Првите 12 недели немав ништо купено.
    Во втората третина од бременоста почнав веќе да спремам детската соба, колебка, постелнини, количка, транспортер, релаксатор, кадичка, ситници во стил(топломер, аспиратор за мрсули, ножички, чешле...), ќебенца, бањарки, пелени...
    Во третата третина, од кај 7 месец ми се чини почнав со алиштенца, средства за нивно одржавање, козметика.
    Според мене алиштенцата предизвикуваат најголема радост но и се најлесни за набавување.

    Сите овие работи од втората третина мора човек убаво да се информира за цена, квалитет и да обрне многу повеќе внимание со време.
     
    На Bond Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Pcelka94

    Pcelka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2015
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    4.390
    Пол:
    Женски
    @rakce89 мила не ставај се при срце зашто не само на тебе туку и на бебето ќе му штети знам дека не би сакала и ти до тоа да дојде сакај си се со мажето и гали меше ,а за вамири што уживаат крвта да ја пијат не се замарај од лично искуство ти кажувам зашто јас го имам демонот над демоните во куќата на мажми сега и јас сум на почеток од бременост со второ бебуле и седам кај мајками за посмирена да бидам не и се нервирај и пери си како сакаш не дозволувај некој со твој живот да управува а се друго пушти бригу на весеље :* имај убав ден мила

    @Nana19 јас со првото изнакупив све во седми месец и ги исправ и испеглав наместив и торбица спремив затоа што немав од никого помош , а ти ако имаш кој да ти помогне немораш и толку рано да се спремаш :* :*
     
    Последна измена: 22 јуни 2015
  9. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.443
    Пол:
    Женски
    Јас мила си направив еден список од почетокот и како поминува времето си купувам по нешто, и си шкрткам од списокот, и не слушам никого како нечинело да се купува порано пред 9 месец бла бла бла.:^)

    Сега гледам поситните работи да ги соберам, од типот облека за бебето, постелнина, бањарки, прслучиња за доење (бидејќи обичните ми сметаат веќе и мали ми се), шишенца, четка, турпија, цуцла итн.
    Од крупно имам купено само количка со транспортер (бидејќи беше на попуст), другото ќе го купам на крај за да не ги шуткаме навака-натака зошто зафаќаат место. Си имам одбрано само на крај да си ги купам.

    Некој ќе ти рече немој да купуваш рано, не крој капа на нероден петко, нечинело, бла бла бла,|(|( ама јас искрено не слушам тоа, затоа што кога ќе си направиш еден список и ќе видиш колку работи требаат :oшок ќе те фати, а кога ќе отидеш да ги видиш цените во продавниците уште поголем шок:D.
    Реално немам ни услови за све наеднаш да купам, не е едно, многу работи се, под кирија сме од кај толку пари да ги лупнам во 9 месец наеднаш и плус по жешкото ќе се стопам шетајќи :D
    Добро и стариве ќе купат по нешто за бебето:D и ќе се снајдеме :)
     
    На elena.mak, Eli23, Bond Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.664
    Допаѓања:
    8.489
    Здраво мешковци,јас сега се вратив дома, бев на преглед да го видам бебушчето:inlove:.Пораснало, големи сме дури 5мм, срценцето ни чука и во 7 недела сме сега и се е во најдобар ред.
    Докторот ме израдува денеска со многу убава вест.Ми го затвори боледувањето и ми даде целосна забрана за работа до крајот на бременоста, на основа физички тешка работа и опасност за бебето од инфеции.Тоа значи останувам дома до крајот на пораѓајот, а осигурувањето ќе ми исплаќа цела плата за целото време.Утре треба да одам на работа да ја однесам потврдата на работа и верувам дека многу луѓе ќе се израдуваат за тоа.Оти со закон каде што не смеам да кревам тешко, забранета работа во викенд,празници и после 20 саатот, забранета работа која овозможува контакти со инфективен материјал, епа не оди.Требаа да ме чуват како украс на смената и уствари ништо не смееш да работеш.Јас знаев дека ќе ми даде ама не мислев дека тоа ќе биде одма на почетокот.Видов на интернет никој што работи во негата, не работи во текот на бременоста заради ризици.На некои даваат порано на некои подоцна, со ретки исклучоци каде некои душички се принудени цела бременост да работат.Сега барем ми е полесно барем знам на што сум:D.
    Инаку денеска ми мереа притисок 138/91 и кажаа дека бил висок, треба да го следам.Од време на време чувствувам некоја вртоглавица, изгледа притисокот ми прави некои проблеми.Овие денови мора да си купам апарат за притисок па ќе треба да го следам:?:.
    После преглед сум се иснашетала по продавниците за козметика и си купив лосион против стрии, од утре ќе почнам да се мачкам па се надевам нема да се појават до крајот на бременоста:).

    Поздрав мами :*
     
    На bubic.k, BunnyGirl, elena.mak и 10 други им се допаѓа ова.
  11. blessed2

    blessed2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2015
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    265
    Пол:
    Женски
    Сега можеш да си одмараш и да си уживаш :), браво за докторот. Фери88 а уште сега ли се почнува со лосиони, јас немам поим :?:
     
    На fairy88 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.664
    Допаѓања:
    8.489
    Па колку порано толку подобро, најубаво да спречиме за после да не лечиме;).Имам читано треба во почетокот на бременоста да се почне со мачкање за да омекне кожата и да биде поеластична кога ќе почнеме да растеме.
     
    На blessed2 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. emocija

    emocija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    53
    Две недели по извршената киретажа денес испитав HCG и BHCG ,а резултатите гласат вака; HCG-366,0 bHCG- 333,0 .Дали може некој да ми помогне со вредностиве,дали се нормални? :(
     
  14. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    5.812
    Пол:
    Женски
    Mene mi bea po 10 dena bhcg 247, a po 2 nedeli 47...treba da spaga vrednosta nareden pat sigurno ke ti bidi poniska vrednosta na bhcg uzivaj
     
  15. Maceto123

    Maceto123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    960
    Пол:
    Женски
    Јас најмногу работи купив во 8-ми месец, почеток на 8-ми ги купивме големите работи, како количка, креветче, кадичка, а кога влегов во 9-ти месец ја купив козметиката за бебе и за мене што ни е потребна, а мајка ми и свекрва ми купија алишта и постелнинки, јас ги одбрав они ги купија. Инаку подобро со време да се купи, отколку последниот месец се наеднаш ем стомак голем, ем многу трошоци се наеднаш :lol:
     
    На Nana19 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mama89

    mama89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    9.332
    Пол:
    Женски
    Мешенца да Ви кажам се наполнив со позитивна енергија и убави мисли :) бев во болница да видам една пријателка што треба да се породи ,одминат и е терминот и да ви кажам супер е ,5 прста отворена беше и ние си поседовме надвор 2 саати,муабет.па јадевме сладолед.па чипс хехе смеи ,шали шубавко ни беше...замислете не ја фатија никакви болки...си пишавме сега и била ма цтг па ќе ми звонела ...колку беше супер средена.со нови пижамки,коса пеглана.нокти се супер насмеана и опуштема.си мислаѓ дај Боже и ја така да сум и сите други да ни е со лесно...сега чекам повик нестрпливо :) бацки до сите п.с. и после убавата посета се почастив со шопинг се исподотерав :D
     
    На BunnyGirl, blessed2 и awl им се допаѓа ова.
  17. Maceto123

    Maceto123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    960
    Пол:
    Женски
    @danichap како си ти мила, како поминуваш сега последниве недели, како се чувствуваш, беше на преглед или наскоро имаш закажано? :*
     
  18. mama89

    mama89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    9.332
    Пол:
    Женски
    Срцка баш ми е мило да си растете и да си имаш лесна бременост ,а не разбрав што работиш ти што ти забранил докторот работа? Бацкии до тебе и бебчето
     
  19. Maceto123

    Maceto123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    960
    Пол:
    Женски
    Браво колку убаво вака кога е некоја трудница, а нејзе ја задржале во болница така? Пошто како што знам не даваат да јадеш ништо ниту вода да пиеш, барем така трудниците овде кажуваа:whew: или па може кај секој различно...Колку ми се свиѓа кога ќе видам средена трудница е многу ми е мерак, браво за другарка ти, е само уште нешто знам ми кажаа кога ќе сум одела на пораѓај да немам лак на ноктите:worried: тоа го читав за операции дека ти бараат да го остранеш, најверојатно е заради анестезијата...Како и да е со лесно на другарка ти и ајде само убави вести да слушнеш, а и она побрзо да се олесни и да си се гушка со бебуш :inlove:
     
    На mama89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    Почав од вчера со капсулите за задржување на лодот но еве денеска пак приметив кафеав исцедок кога се бришам и на гакичките.Многу ми е страв ...