Mislam deka za sekoe boleduvanje nad 10 dena se krati 10 posto od plata za vremeto na koe si na bolovanje
Јас сум кај Лолита Грковска во поликлиниката е во Ѓорче. Има гужва кај нејзе ама гледа подолго време на ехо се да си запази се и упатена е со проблематики па знае каде да те препрати фина е и пристапна и на вибер.
И јас имам многу убаво искуство со Билјана од гинекомама. Замена и е Лолита, една до друга им се амбулантите. Кај д-р Лолита никогаш не сум била на преглед, не би можела да споредувам.
Со тоа што имам јас искуство со лоши матични и општо доктори, супер е. А и сега сум бремена, направив неколку контроли кај нејзе и во споредбено со што ме водат со систина исто гледа на ехо.
Здраво јас уште сум со огромни болки ,вчера ме прегледа Иво Ќаич вика од миомите ти е болка Неподнослива ,одвај ми помина со ехото неможев да издржам,не не задржаа зошто несум крварела и не повраќам. Ништо,само ако можеш да трпиш ок ако не да ја прекинеме брем. 19 сум,како се справувате со болки вие ми пиша кетонал но по потреба ама јас имам 24 часа болки не се издржува матичниот вика да не тие од кичма или бубрези но овие ништо не ми испитаа друго. Закажав кај Гордана Адамова во Санте но дури во понеделник имаше термин, некоја препорака некој доктор да знаете што стварно ке каже и ке ми даде терапија ова не се издржува веќе пекол болки.
Уффф баш ми е жал... немам искуство со нешто вакво, меѓутоа не е лошо на дежурен да си отидеш. Сепак е викенд пред тебе и да трпиш такви големи болки до понеделник, како што викаш, не е океј... во систина секогаш имаат дежурен со лесно и да ти проаѓа побразо!
И јас дознав завчера дека сум после 7години природно бремена направив clear blue digital тест и ми покажа 1-2недели позитивен меѓутоа вчера прокрварев многу малку и одма отидов во болница каде што бев примена за 5мин, хцг ми беше 64 ама пред тоа имав пиено цел ден многу вода немам мачнини ама немам сила имам вртоглавица на ехо не се виде ништо ми дадоа елевит и имам пак термин во понеделник докторот рече или е многу рано или е ванматерична бременост или веќе не постои,денес направив тест кој за разлика од вчера е темно црвено позитивен…. треба да издржам до понеделник катастофа..дали имал некој слично искуство според нив сум 4недела
Јас да си ја искажам нервозата денес бев кај матичен за последни брисеви, не сум била кај него од брисевите во 13та недела зошто одлучив да одам во Систина и кога виде на картонот муабети еден куп, па зошто таму зошто се малтретирате за џабе.. ај да те видам на ехо, сите мерки од неговото ехо и од Систина различни, ама јас си траам. Ми зема брисеви и беше ептен болно. Ми рече имаш бел исцедок и ми препиша вагиналети Polygynax иако уште не се знае дали воопшто имам некоја бактерија. Јас не планирам да ги користам се додека не видам резултати.. дали имате искуство со нив? Заклучив стварно е многу напорно и тешко ако одиш кај повеќе доктори, една работа да не е иста одма си правиш филм.
И јас ти ја препорачувам докторката Лолита, секогаш е темелна во прегледите и достапна е во секое време
Како бе само зашто имаш исцедок ти дал вагиналети? Јас цела бременост го имав. На крај па веќе лом бев. Сосем нормално е.
Приска е.Го правев во 13та недела по препорака на гинекологот.И со првото го правев тогаш и исто вака оскудно ми одговорија дека се е во ред.Тогаш не побарав извештај, им ја препуштив работата ама сега ме интересира да видам што пишува. Не е бесплатен, само на општа болница во Ск е бесплатен, ама ние што сме од другите градови не ни се исплаќа да одиме таму, по пат ќе ги дадеме парите.Чекањето по врати и нервози е уште една причина,затоа на приватно си платив. Ми кажа една членка кај можам електронски да проверам, се снајдовме.
Ако веќе дава нешто можел барем на природна база да ми препорача. Се одлучив не ги купувам додека не видам резултати
На таа вредност на хцг рано е да се види нешто на ехо. Почекај повтори пак да видиш дали ќе се дуплира вредноста по 48часа.
И во Битола јас ни денар не сум платила на државно, за ниедно испитување, вклучувајќи ја и приската. Колку пари ти ја наплатија ако не е тајна?
Фала прашав и на дежурен исто вика кетанол ке ти дадеме и ништо,значи патуваш со болки 100 и кусур км.за кетонал ??? И сега пак понеделник по жешково да одам,ми рекоа пак на дежурен прво да испитаме нешто + само сакав да знаам дали е во ред се со бебе,да ми кажат нему штетат нему овие болки. Имав закажано пренатален матичниот ми го откажа вика види прво Скопје што ке ти кажат да не даваш пари за џабе. Фала ти уште еднаш
Бесплатен е во државно но помаливе градови немаат и праќаат Скопје а како што кажа по пат ке ги дадеме. Мене ми рече околу 4000 денари во авицена со нив соработувале.
Сигурен ли е докторот дека од миомите ти е болката? Каде точно те боли? Јас имав болка во бубрези, односно на почеток додека сфатам дека е од бубрези требаше време, ама исто неподносливо… на ехо видоа дека нешто зголемен канал и така знаеја дека е од камен…ми дадоа спазмекс, инфузии, течности и го исфрлив. Среќа не се повтори. Ова чисто да провериш дека пиша дека некој доктор ти кажал да не ти од бубрези. Ти посакувам брзо да помине болката.