Да матичниот ми рече да не е од друго болката,но вамо никаде не ме прати да се снимам само ехо на стомак и тоа одвај издржав од самиот допир. Мислам дека се ме боли и околу папок и препони и кичма,и како контракции да добивам како со нож да ме сече околу цел стомак. Со првата бременост овие болки ги осетив на пораѓај многу лесно и брзо се породив,сега не се издржува наместо да уживаме во брем.јас со солзи по цел ден. Дај боже да се бубрезите затоа закажав и на приватно можеби ке видат нешто. Инако миомите ми се 7 ,6 и 4 см. Ти благодарам за надежта.
Болкиве што ги опишуваш ги имав и јас кај мене од сон ме разбуди баш тоа чуство како со нож да ме сече некој на стомакот. Едвај станав на дежурен да отидам поточно мм ме стана ме облекуваше, а јас плачев како дете. И на цтг ме става и на ехо бубрезите излегоа дека се поточно десниот имав камче тргнато по каналот. Вечерта инфузија ми ставија, после тоа лекарства и се среди. Ако имам пак напад ми кажаа да одам веднаш, ама еве до сега фала богу не се случило пак. Побарај второ мислење обавезно и ехо на бубрези.
Да, мене 2 дена ме руши од мавање во бешика. Кога како погре ќе удри ама бешиката му е љубов да ја мава јас сум 20+3
Исто и жолчка обавезно да се види. Имав јаки напади на жолчка првата бременост што на докторите му личеа на породилни, назад цел грб ме болеше и напред стомак цел, огромна болка, со инфузии против болка ми помина. Преглед на интернист закажи си. @Maja1986. И мене ниско ме маваше тие недели, па потоа околу папокот осеќав удари. Сега секаде долу ниско, горе во ребра буквално секаде. 3 дена многу ме боли срамна коска долу, во седење, во одење, буквално нон стоп при секое движење, дури и почнав да се заплашувам малку, вторник сум на контрола 35та недела, одвај чекам да ме види да ми кажи дали е се во ред. Немав вакви болки со првото.
Мене ништо, цела прва бременост така ја поминав. 1 месец пред породување само ми даде хеферол гинекологот шо ме пораѓаше да пијам за да ги зголемам резервите заради губитокот на крв при породување.
Мешковци како сте ? Секоја вечер имам болки во лева страна од стомак и нездрави грчеви . (32+1) Не ми помага ни магнезиум , ни магнезиум гел за грчевите и така си трпам секоја вечер .. Хормоните ми се пуштени на најјако . По природа сум смирена и мирољубива личност . Но , во последно време сум нешто ептен нервозна и избувнувам дури и од најмалите работи . Остај што се нервирам , ми се качува и шеќерот од нервоза. (Имам скриен шеќер , па мерам 7пaти дневно).Дали има некоја друга како мене или само јас сум ваков изрод ? Како ја контролирате нервозата?
Мене со првото ми беше така од 36та до 38ма едвај преживував и на крај и реков на докторката вади го или ќе фатам да трчам по скали зошто веќе не се издржува ова, немаше ни место веќе во мешето и плус беше 2 недели понапред бебето, а јас малечка сум. Ти почекај некој ден барем 36та да фатиш и можеш да шеташ по активно веќе. Не прашувај за нервозата како се исклучувам вака ни со добиено не ми било, плус имам тодлер дома карање и расправање до бесвест си викам ако не се породам пред време од нервоза и дерење еве на Сум ја утнала неделата малце ја 21ва+3 сум ама секако исто е чувството. Ради тоа удирање правев и урина да не е некое воспаление или бактерија ама искочија супер резултати.
Тие што сте се породиле со царски рез во приватна болница, кои работи ви ги дадоа за грижа за рана/брадавици? И општо, што сте купиле дополнително за дома? Кои типови на: - пелени/гаќи - крем за брадавици - крем/средство за рана Секој друг совет е добредојден и фала ви многу!
Секако ке одам но апчињава ми е страв да не му наштетат на плодот . Пак ке кажам дајбоже да е нешто друго Ти благодарам,барем да знаам што да побарам да ми испитаат
А кој закажува кај интернист матичен или тие на итна ке ме пратат? Несум снимала ништо никогаш,нз како одат тие работи. Јас не сум ни заспана од болка се смирува со кетонал но не сакам да ги пијам често а само 5- 6 сати ми намалува болката од нив. Ти благодарам многу
Ќе се вмешам малце, исти болки имав и кај мене испадна бубрези. При најсилниот напад пиев и јас кетонал, а потоа откако и на ехо се виде песок и камчето пиев но спа 4пати на ден и пиев многу пролом вода. Јас бев приватно на интернист, за упат знам општ матичен дава само не знам како е со термини. Можеби и матичен гинеколог да може, не сум запознаена. Со лесно
Majki zdravo moze li nekoja da me informira ako znae vo ponedelnik vo ambulanta br.3 bo Cair koj doktor e I taze mama Sto se porodila me interesira Dali e klimatizirano pozz
Последниве неколку дена чувствувам чешање на интимниот дел, немам никаков исцедок или слично... закажав на гинеколог, имам термин за некој ден, но ме интересираат и ваши искуства, од што може да биде... 17та недела сум, се плашам да не е некоја бактерија која ќе наштети на бебето, баш ме вознемирува ова
И мене ми се појави истото пред некој ден, надворешно чешање, 14та недела сум, бидејќи имав крварење не ми зеде брисеви, ми даде крема да се мачкам миконазол, и после третиот ден имам значително подобрување. Мислам дека е обична кандида, доколку немаш исцедок со мирис не би требало да е страшно.
Многу ми значи што гледам дека ви се средило,се тешам значи имам шанса. Зошто едниот др.ми кажа дури и да размислиме и за прекин на бременоста,а дали правеше после и др.тестови за бебе страв ми е за него дали е се ок,незнам како би и кажала на постарата дада ако дојде до прекин,баш сите се израдуваме.