И мене матичната ми имаше земено брисеви, оние стандардните. Кога се јавив во Генеа да проверам дали за стрептокока ми испитале, ми рекоа дека тоа бил посебен брис.. А матичната ме убедуваше дека ако имало нешто, ќе пишело во патогени бактерии.. Така да, прашај си дали сигурно ти земала за стрептокока, оти како што кажа членката погоре, тоа бил перианален брис...
И мене исто ми се случува, мислев дека е од утрогестанот што го ставам, ама не сум сигурна, си земав крема за брадавици на природна база од аптека, и по првото мачкање почуствував дека ми се смирија.
Што е со соновиве во бременост? Со првата сонував глупоштини,ова сега брутални хорор ноќни мори. Погреби,страшно. Цел ден сум мрак ради тоа. Башка се будам до толку занесена што не знам веќе што е јаве. Браво трудноЌо,прекрасна си. Како беше она? Уживај во бременоста? Мхммм....
Hahah me iznasmea. Ne si sama, seto kosmari brkanje ubivanje se najloso. Kako ne sonvame ednas nekoja plaza uba, nekoj koktel. Ama to e ke si trpime plus cel den imame za spremanje za navecer znajme sto ne ceka
Првото тромесечие беше хорор кај мене, сега поретко имам такви кошмари со умирачки ама 2,3 пати сонувам како ме изневерува мм и ми иди да го задавам в сон
И јас сум иста. Де кошмари, де претходни партнери тоа полошо од кошмар, лелееее како да нема крај па од нив испотена цела се будам
Женски денес ми е термин, бев на преглед 1 прст отворена и не ми го измери грлото (не знам дали тоа има врска). Бебе е наместено и спуштено, ми закажаа за утре да одам да пробаме со провокација. Ова ќе ми е прво раѓање, па сакав да ве прашам некоја да сподели искуство или совет за да се отворам побрзо што можам да направам. Ептен сакам природно, многу ми е страв од царски, па затоа барам совет, дали има нешто што јас можам да го направам. Инаку, на прегледот со рака имаше малку крв, не знам дали така др проба да испровоцира отварање, доколку тоа е воопшто можно. За оние кои се плашат како мене, да знаат дека прегледот со рака не ме болеше ама е непријатен.
А зошто не почекаш ако има простор? Штом си еден прст отворена кај и да е само ќе си почне пораѓањето, нема потреба да брзаат со провокација. Јас со првото се породив две недели по терминот со провокација ама јас на термин не бев воопшто отворена ни па се гледаше крајот Ама ако е ЦТГ уредно и бебето си е добро нема потреба да брзаат со провокации мислам дека Инаку да, штом имало крв тоа е знак дека кај и да е ќе се гушкате со бебчо Од она што јас пробував за да поттикнам природно: -Урми -Ананас -Качување по скали -Пешачење -Вежби на пилатес топка (Сѐ беше неуспешно во мојот случај )
Па му верувам на Др дека ќе ја донесе вистинската одлука, затоа што знае дека сакам природно и цела бременост ми ја води. Претпоставувам дека рече со провокација заради тоа што постелката е веќе зрела и не спомна дали има доволно вода (што можно е да нема, затоа што досега цело време потенцираше дека има вода, а денес не ни спомна)... Фала ти за предлозите, ќе пробам
Јас се мрднав денес матичната ми вика два прдта си отворена 32 нефелс сум имам болки доле од време на време кога стојам или шетам кога лежам ннемам отидов во чаир таа ми вика јас неможам да влезам незнам она како влегла малце бил скратен цервиксот не многу незнсм на кого да верувам
Здраво девојки, моментално сум 32+4 , денес на преглед ми констатираа скратен цервикс - 25мм . Примам терапија утрогестан 200мг + магнезиум 400мг наутро и навечер. Докторите ми рекоа да не креваме паника бидејќи не сум отворена (ме проверија и со рака) , ме ставија на ЦТГ меѓутоа немаше контракции и одлучија да ме стават на bed rest. Прашав за флостерон (инекции за зреење на белите дробови на плодот) , но тие ми рекоа дека нема потреба. Дали некоја се соочила со вакво нешто и успеала да издржи барем до 36та недела?
Јас исто од 32 бев со скратен цервикс вака ко тебе и бев на строго мирување, во 34 уште се скрати на 1.9 дојде и бев отворена 2 прста и омекнато грло и се породив 36 +1, све си беше супер , мирувај терапија и ќе издржите, без паники
Би требало да издржи до 36та, штом и не си ни отворена, лежи, терапија земај и чекај време да помине, со добра мисла до крај
Истиот слулај истата недела..само кај мене омекнато грло и отворена 2 прсти..примив зреење и со одмор строг до 36 недела...
Прва бременост ли ти беше мајка со случајов ? И дали можеби веќе имас второ....извини што прашувам но паника голема ми е плабираме второ оа мегу време испитувам се пто би можело да се поврзи со тоа што помина т.с причина
@Slonce91 , @lackygirl , @prinstongirl2 Навистина се надевам дека ќе издржиме до 36та недела . Ви благодарам на одговорите девојки .
Тоа ми беше прва успешна бременост, а два спонтани предходно, е сега сум пак трудна 8 недела терам, според мене не барај причини секоа бременост си е различна, опушти се и нека си тече како што треба, реално и јас сум со паники постојано ама на крајот на денот сваќам дека правам све во моја моќ (терапија и одмор колку можам со тодлерче)па нека бидне како треба
Ти посакувам среќа и да помине се во најдобар ред. Знан дека паника ина ама и јас се надевам ќе успеам да си средам психата и да сум смирена