Оди кај матичен или кај што ќе се пораѓаш да те ѕирнат за секој случај. Сигурно е добро бебето, ама штом скоро ич не го осеќаш добро е да се направи контрола.
Кај мене од таа недела почна само да се истрга и да притиска на некои конкретни места, не е толку активно како претходно да ме шутира, изгледа веќе им е тесно и само се теглат. Докторот ми рече дека е нормално..
Истоо е и кај мене, само на одредени места итоа ретко еднаш до два пати во денот чуствувам скрос слабо не мрдање туку како притискање дури незнам дали притиска тоа или нешто друго е
Кај мене е малку почесто од тоа што кажуваш ти, но сепак не како порано. Да бидеш мирна ако си во можност отиди на доктор
Јас како чоек шо вон бременостите има железо над 20, сега во 24та нддела ми падна од 19 на 9 и за мене беше шок, поспана бев, едвај се движев. Тоа што 9ка е граница, не знам како би се осекала да паднеше и подолу. Матичниот ми даде ФЕ директ кесички и за нецел месец железото ми се крена на 16, баш вчера правев проверка. А и да се надополнам, хемоглобинот ми е вечно 11.9 сега ми беше 12.6 А на овие кесички пишува да се конзумираат после појадок. Јас обично појадувам мусли со јогурт, баш прашав в’аптека дали има врска ми рекоа биле нова генерација што немало врска дали се конзумираат во близина со мчечни производи, па еве кај мене имаше добар резултат
Женички, имам слаби менструални болки, дали е тоа знак дека почнал некој процес или има уште време до тоа вистинското. Од кога почнуваат овие болки до контракции колку време поминува? Првото ми беше царски и немам некој увид како и со која брзина сега би оделе работите, а се плашам дека и за второто ми рекоа царски а нема да издржам до договорениот термин.
Дали ти се на ист временски интервал? На пример , на мене ноќта ми беа на 6мин и ми траеа по 20-30 секунди, тогаш сум се отварала,утрото бев 7 прсти отворена
И мене ме интересира. Неколку дена имам менструални болки ама не се баш слаби, доле ниско и ниско во половината. И се осеќам укочено. А при одење се зголемува малку болката. И цело време е така, не на интервали. Дали ако е постојано значи нешто?
И кај мене се такви, ако боли постојано не се породилни болки, јас бев царски ама прво со провокација цел ден за природно бев, контракциите се на исти интервали стега/боли па ослободува некоја мин, потоа пак исто, од ко ми исклучија провокација имав скоро на 2 мин контракции 4 часа додека чекав анестезиолог за царски. Отворена ама без нагон за туркање, бидејки бебе беше високо.. Сега заради првиот ќе бидам со договорен царски, ама еве половина така ме боли цела недела, 35та сум, исто при одење повеќе боли, ниско напред стомак исто.
@Sofi.ja не можам да проценам интервали само постојана тапа болка. А при движење и работа ме пресекува доле во цервикс. Бебе е активно дури и ика некако нетипично за 38ма недела. Со рака не ме проверуваат ич да не ме испровоцира ама се осеќам како да сум отворена или на пат да се отворам од вчера вечерта. Поголем притисок почесто мокрење и пресекување и сега тапава болка. Стомакот ми е спуштен пред една недела а вчера вечерта и киселини осетив за прв пат појаки. Незнам дали ми се сврте дека нема да издржам до понеделник па паники ме фаќаат. @lackygirl истите болки што ги опиша ги имам + карлицата и колковите како расклатени седнав на тепих со детето да поиграм одвај станав. До сега се турбо не сум намалила со кревање движење активности ама од денес некако цела во прашалници. Дали да однесам дете кај бабите да чуваат а јас да се сочувам ако не е касно до термин. Се договорив со мојата докторка и нејќам друг да ме сече
@Tsukinory и @lackygirl, значи и кај вас исто, пак царски поради прв царски. Чудна ми е оваа пракса кај нас искрено, зошто да не се проба природно ако има простор? Помина тоа време на вертикални резови кога било ризично природно породување по царски. И мене докторот исто, два пати го прашав, два пати ми рече со цезареа ќе одиме. Ова само кај нас изгледа уште важи ко правило Јас сакам природно, пак ќе прашувам и ќе инсистирам ако може.
И јас сакам природно и на докторката и реков, кај неа правев 2 скрининг, и викам 4 год и 8 месеци имаат поминато, не ми вели царски ќе правиме и тоа 38ма недела, мене ме нервира и дека порано ги вадат, ако е царски нека е ко ќе му дојди време.
Здраво. Сакам да прашам дали некој од Вас во текот на бременоста имал мигрена, силни главоболки во задниот предел на главата и што ви помогнало. Имам неиздржливи главоболки, а матичната само дозволи парацетемол што не помага. Поради силната болка постојано повраќам. Ве молам за помош!
Страшни главоболки имав прво тромесечие, само парацетамол и лежев, потоа и кафе со лимон ми помагаше мслку, ама џабе се, потоа од 4 месеци навака немам, сами поминаа.
Јас уште имам надеж за природно инаку 18 месеци од вториот царски и ја уплашена скроз прашав (во Германија) дали има шанси за природно ми рекоа да ама мора да следиме... А кога прашав зошто не практикуваат природно после царски во други земји само добив одговор несакаат да се замараат дека е процедура што мора да се следи и нормално стручен кадар за Недај Боже..
Devojki 11+3 sum veke 4 dena imam zgolemen iscedok bez miris bez cesanje i crvenilo. Koristev kanesten 3 pa denes rekov ne prodolzuvam poke no denes uste imam iscedok bel. Dali ima ostanato od kanestenot od vcera ili trebase da prodolzam? Dali pravi problem ako stavam utrevecer pak ili da odam sega da si kupam?
прва бременост ми е, па ме интересира какви пелени, цуцли, влажни марамици користевте за вашето новороденче.