Јас и двете бремености се мачам со мигрени. Кај мигрена парацетамол не помага. Мене др ми дозволи рапидол с да пијам при страпни болки. Консултирај се со др види.
Бруфен можеш во бременост, ама консултирај се прво со гинекологот. Инаку кафе со лимон, темна, тивка просторија. Пелени на почеток користев памперс премиум кер, после преминав на бејбилав. Сега мислам дека директно од бејбилав ќе почнам, оти многу сум задоволна. Шише имав едно стаклено од авент, ич не го искористивме, ама ако употребувате шише стаклените се најдобри за стерилизација. Цуцла имав од тие анатомските на авент, пола форум се ангажираше тогаш за да ја најди, на крај бебе за жива глава цуцла не фати. Купив уште едни на авент, ни тие не ги сакаше и кренав раце. Влажни на почетокот избегнував или под чешма му миев газе или со туфери натопени со млака вода го брише, подоцна почнав со виолета 99% вода шо се и до ден денес нив ги користам. Еднаш пробав бејбилав влажни и ич не ми се погодија. Бекутан не ја сакам како линија, не му одговараше ни на синко, не би знаела да кажам дали се добри.
Па ваљда кога веќе се планира царски, не сакаат да почне природно процесот па да се искомплицира со брзо отварање и слегување на бебе во канал... којзнае.
Треба да се замара само со тебе тој доктор и константно да те прати не дај боже за да не пукне матката при целиот процес, сепак сечен е органот не е целосен. И треба дати виси над глава и за не дај боже да знае како да те спаси али ретко се нафаќаат на ваков чекор државните болници повеќе приватните мада и таму одредени доктори се нафаќаат
Дали во 27+ недела го осеќате бебе долу ниско?? Бев на преглед пред една недела се беше ок, цервикс 42, ама некако деновиве ептен доле го осеќам да клоца се испаничив... Некој искуство?? Буквално ко во вагина да ми удира и се е под папок движењето
Кај мене поинтензивни се ударите над папокот, ама таму му се ноџињата и буквално се гледаат на стомак кога шутира. Така ниско долу поретко чувствувам, претпоставувам кога мерка со рачињата, макар што баш интензивно е чувството како шо опишуваш. Да не случајно кај тебе бебче е со ноџиња долу, па затоа да ти се толку поинтензивни долу ударите? Погодувам само, не знам.
Здраво женички да ви се придружам а пишав и во друга тема и се надевам овој пат до крај извинете јас ќе бидам малку подолга јас имам едно прашање позитивен едвај видлив тест направено хцг 36.3 во средата, треба да повторам хцг во понеделник. Денес направен тест дома повторно потемна линија од тој во средата. Е сега работава е следна април имав биохемиска па немав добиено 60дена пиев примолут нор и добив на 18јуни со нив, на 28јуни бев на контрола се беше во ред но немав нитуеден фолекул како за 10дена после циклус. Овој месец односи на 6,8,9 и 18јули со тоа што по мене сум останата бремена со односот на 9јули по висината на хцг. Како ќе ме води сега матичната за недели? Некако многу ми е за наредма недела да сум веќе 6+ ? дали ќе ме води по тоа дека имав касна овулација и по големина на плод понатаму за скрининзи и се останато или по циклус? малку сум во мисла бидејќи и срцева реакција ќе биде покасно и се останато .. извинете уште еднаш на долгиот пост
Само погодував, не мора да значи, може поактивно е со рачињата или со ноџињата те удира кон органите, а не кон ѕидот па затоа не чувствуваш горе. Инаку сѐ уште се малечки и можат да се вртат. Со првата бременост последно се сврти во 36та недела.
Моево второво цело време ми е ниско, првото високо го носев, ова со главче е скроз долу, на сите прегледи си стои долу ниско со главче, не мена позиција од ко се сврти надолу, нз која недела беше околу 24-26. Сега дека поголемо си мава и во ребра горе, се тегни, раце долу во јајници За природно после царски ни во Плодност не се нафаќаат. Ретко Мк доктор да се нафати природно после царски... Инсомниа
Со лесно мама и до крај убаво да поминете со бебушко. Не се замарај со пресметки, на контрола според мерките ќе си одреди гинекологот која недела си. Моменталната бременост не ми се води ни по циклус ни по овулација (доцна била). После срцева акција кажа гинекологот за која недела одговара бебе и така си се развива. Гали меше и уживај си.
Хелп, на одмор сум со дозвола од доктор првиот ден не влегов во вода туку под шарена сенка цел ден. е сега проблемот тргнав накај продавница и за 10мин ми изгореа само стапалата( секако не ги намачкав со фактор ) ноќта левата нога и прстите ми отече ама нема пликови туку онака како труднички оток. Насабајле боли не можам да згазам на неа од што ми е како оптегната кожата а цела ноќ сум со поткрената нога. Нормално е ова? До сега немав отечени нозе 23 недела сум од денес. Ставам ладно, мачкам цело време невен, пантехол,алое и тогаш кожава како да опушта па можам да одам. 2дена пиев парацетамол зошто ми жежеа па страв ми беше да не поткачам и тт ПС. Црвенилово се смири не е вака страшно денес.
Ако си во грција побарај во аптеките крема на фризидерм антикорт, од таму ја купувам, во мк ја нема, таа е без кортико и за црвенило и изгореници, многу смирува а безбедна е за трудници и за бебиња од 0+ возраст
Те читав и во другата тема. Многу ти е рано а премногу се замараш со пресметки. Опушти се. Се ке ти пресмета гинекологот. Јас дознав дека сум трудна со тест па отидов на одмор. Кога се вратив докторката ми кажа,сеуште е рано не ми доаѓај зашто само ке се паничиш. И во право беше. Отидов после недела две и пак не се гледаше убаво се. Освен една мала премала точка.
Mene mi se sluci pred dve TRI nedeli... Ama posle infuzijata veke bev podobro samo priviot den mi bese epten tezok, bebe fala na boga si bese se vo red. Zavisi I od sto e truenjeto, tebe te zadrzaa na bolnica Ili samo vo dnevna primas infuzii