Kupiv Proven probiotici posle antibjotikot da gi pijam. Za trudnici. Dnevnata doza e dva kapsuli na den. Dali e ok da se pijat po dva? Dopolnitelno zemam Fermibion i Magnesium
Јас пиев антибиотик во 9та недела, амоксицилин, по две на ден 5 дена, поради уринарни инфекции, и ми рекоа подобро да ги пијам отколку инфекцијата да направи поголема штета.
Фала ви мили девојки, цело време сум потресена оти ми е страв, мене ми е од заболекар препорачано никако не спласнува отокот.
Каде правеше скрининг и дали таму ти го измерија цервиксот? Јас 20та недела на цервикс 30мм направив серклаж ама поради претходна историја на скратен цервикс, тебе може да ти препорачаат само повеќе одмор и прогестерон/утрогестан, секако направи си консултација.
Во систина правев и ми го измери. Предходниот пат кога бев тоа беше пред еден месец ми беше 37. Сеа ми рече да одмарам повеќе и да примам терапија па за една недела да одам на контрола. Мене ме фати страв зашто така наеднаш да ми се намали до сега беше секогаш ок
Мене ми беше 30мм и во 16та недела и во 20та, но докторот рече дека е и малку размекнато. Иако не беше скратен од 16та до 20та, не знам што ќе се случуваше понатака, а уште пола бременост пред мене, плус со мојата историја. Штом ќе одиш пак за една недела, слушај го докторот и повеќе одмарај.
Секој ден го ставав 8 навечер, а ден пред царски претпладне околу 10-12 часот мислам беше и следен ден во 14 ми беше царскиот, минимун 17 сати ми рекоа исто е доволно
Кај мене малку подолг беше и само со два утрогестани сум, без депо прогестерон, а клексани боцкам од старт заради мутации. Немој да се плашиш, добро е што е измерен навреме за ако има потреба да се реагира. Земај ја терапијата редовно, немој да креваш тешко и избегнувај наведнување. За лежење мојот гинеколог ми рече дека нема потреба, ама околу тоа се поделени мислењата, па прави така како што ти препорачале. 25мм е долна граница на должина на цервикс и ако не дај Боже продолжи да ти се крати има време за да ти стават серклаж-мене ми рекоа дека до 29та недела ставаат, понатаму веќе се големи шансите да преживее бебето и да дојде до предвремено породување. Инаку јас од 22ра до еве 28ма недела ја одржувам истата должина на цервиксот (+-3мм) само со терапијата. Кај мене имаше и фанелинг, тој се исчисти. Немој да се плашиш, ќе си одиш на редовни контроли и сѐ ќе биде во ред.
Здраво мајки, сабајле бев да се испитам крвна слика. Се е ок освен хемоглобинот ми е ниско а ми дадоа да пијам хематоферол уште од пред месец но ништо. Освен тоа, леукоцити во урина ми се високи, исто така епителни клетки а ретко-бактерии. Не знам дали ради тоа што имам бело прање како бело-жолто. Што ќе ми предложете освен да одам на гинеколог? Инаку сум 28ма недела плус 5 дена.
Јас се породив, вчера сабајле на свет дојде мојата ќерка, спонтано, во Чаир. Презадоволна од сите од персоналот. Ми беше многу убаво тука читајќи ги сите прашања одговоро и совети, па затоа сакав да споделам. Сите да си дочекате ваква радост
Еве мила и јас сум иста со урината . Леукоцити високи , епителни клетки + ретко бактерии . Уринокултура чиста , брисеви чисти . Користев и Канестен 3 за исцедокот ,но пак го има . Инаку сум 33+4. Почнав да пијам чај од брусница и увин . Во понеделник треба да повторам брисеви,крвна слика и уринокултура. Се надевам дека ќе има некое подобрување. Инаку пијам и Cystocare , ама џабе.
Да се надоврзам и јас, не сум трудна ама си ја читам темава, убава ми е, исто ми пишува кога правев крвна слика со урина ретко плочест епител, ретко бактерии, 2-4 леукоцити во поле. Матичната, а и замената нејзина ми вели не е ништо страшно, само сум имала дехидрираност, да пијам чаеви по можност увин и алвоген O.R.S шумливи. Правев 2x уринокултура на 2 различни места чиста ми е. Не ми е јасно зошто имам леукоцити, а уринокултура чиста.
Исто и кај мене и не трудна и трудна исто пиши, уринокултура стерилна, последно матичниот рече нема потреба пак уринокултура, не било страшно.