Мајки, ми треба совет. Пијам фемибиом 1, а сега сум веќе 12+3н. Читам на нив до 12та недела се пиеле, да сменам со 2ка? А вчера ги купив
Ништо страшно , ако можеш смени ги ако ти се веќе почнати допиј ги па земи си 2ка. И мене истото ми се деси со Прегназонот .
Таман извадов едно, прочитав дека се до 12н. Да видев пред тоа ќе пробав да ги сменам. За 28 дена се.
Девојки, Дајте ми совет што да мачкам цело тело ме чеша... Денес проверив крвна слика, со ензими за црн дроб, билирубини и слично, се е во ред. А мене телото ме чеша ќе полудам
Се случило ли на некоја да и кажат дека главата е една недела понапред, а стомакот недела дена поназад? 38 недела сум, главата ми рекоа е во 39та недела, а абдоменот во 37ма:. немало што да се грижам, ама многу ми е чудно? не наоѓам ни ништо по нет
Тие што земате прогестерон депо на 5 дена, ако сум се боцкала во сабота на 29/07 следно треба на 02/08 или на 03/08
Здраво.Бремена сум 20 недела.Но секој ден сум под стрес.Плачам и се нервирам секој ден.Имав депресија пред да забременам веќе неколку години.Кога забременив ги откажав апчињата.Сега вака во бременост кога ми е поарно кога не,ама често имам напади на тага и нервоза и плачење.Сега не можам да си простам,што ако нешто му направив на бебето од сите досега стресови откако сум трудна,на контроли е ок се,но што ако стресот влијае на бебето некако,не знам триста мисли ми идат.Сега се уништив од грижа на совест.Плус се нервирам многу имам често болки,не јаки ама ги има,пониско била постелката.Некогаш ме боли и грб,и болки ниско долу и од лева и од десна страна.Не спијам со ноќи.Заспивам наутро едвај.И немам апетит периодов,јадам многу малце.Некогаш и како вагинална болка осекам.Стомакот ми е нонстоп тврд.Што е подобро,Утрогестанот или Добрестанот да се користи?Се плашам.Што ќе ми кажете,што мислите? Фала однапред
Во деновите на исчекување 39+0 од денес читам се и сешто по интернет, па ми дојде една дилема.. Што ако помине терминот, што би одбрале провоцирано породување или царски? Читав лоши работи за провокациите, знам дека секако ставаат, но дали е во ред така да се почне
Да, појдов. Со едното се е во ред а другото заостанало во развој и без срцева акција, како што и очекувавме
Немој да се грижиш, бебето ќе си биде во ред. Само труди се да се опуштиш, да не мислиш негативно. Во врска со стврднувањето на стомакот консултирај се со матичниот, кажи му дека ти се стврднува. Најчесто даваат утрогестан и магнезиум.