Мамички да ве прашам нешто. На патолошка сум, заборавив да отворам боледување од 1ви август кај матичната. Дали ќе ми отворат? Или може некој проблем да ми направат? Баш се исплашив, дури сега ми текна... Ве молам за одговор.
Исто е и кај мене. 2 прста отворена. Цтг мирно, плодова вода океј, болки менструални привремени, меѓутоа издржлививи и слаби. Прееска нешто почнаа као на 10, 15 мин да стануваат, арно ама сум заспала хаха, што значи лажни биле јас сум во петок на преглед, па ќе видиме дали ќе се отворам уште, ќе се чека или што е планот... нетрпелива сум веќе
Мене матичниот ми е на одмор до 21ви, а јас од денес сум на породилно, ми рече дека нема проблем ќе ми го извади од 15ти, му кажав во фирмава дека др недела ќе му го пратам ми рекоа нема проблем.
Чекај ти секако си на боледување и покриена си до 20.08 не треба да се замараш да отвараш секој месец затоа што не се отвара секој месец туку си продолжуваат само да ти го даваат како документ од месец за месец(од 1ви - до 30/31ви). На боледувањето има прв ден на спреченост пример си останала на бол.на 11.03.2023 а до него стои дека се издава од 01.08 до 31.08 или 20.08 зависи како ќе ти го продолжат и зависи дали матичната ти го дава за цел месец или го цепка по мислењето од комисија. Ти треба само да мислиш пред истекот на датумот да земеш нов извештај и на комисија да си продолжуваш.
Јас со провокации раѓав во 37 недела. Од вечерта ми ставија и тек наредниот ден се породив во 12 на пладне. Болки ко болки, не бев ич отворена ко отидов, раѓањето беше индуцирано поради лоша постелка и бебе не напредуваше веќе. Така да ти плус веќе си отворена побрзо ќе оди. Ич немој да се плашиш со лесно мајка уште малце ќе се гушкате со бебушка
23 + 6 некако бебево помалку активно деновиве , го осеќам долу кај бешиката нежно ваљда нормално е ? Место почесто да го осеќам јас помалку и малку се успаничив .
Fala ti..toa e jas insistirav da se proba prirodno no samo mi se iznasmea ginekologot. Kako i da e samo ubo da pominime jas i kerka..imam uste eden mesec za mislenje
Девојки, овие два дена не го чуствувам бебе како пред тоа кога клоцаше..Сега осеќам дека се врти внатре и наеднаш како така да останува , дел од деснава страна на стомаков ми е тврда, допирам како глава ноџе раче трае неколку секунди и се враќа во нормала . Ова ми се случува често во текот на денот , иначе сум 29+ . За 2 недели сум на преглед , незнам дали да чекам до тогаш ..
До тогаш нозе у вис и уживај Следи движења во 24 часа колку има,дали е превртување или бокс сеедно. Некои денови се екстра активни,некои не. Опуштено
@lackygirl отворив очи и со трчање на форум да видам дали си се олеснила. Жив, здрав и од Бога благословен да е синко, ти што поскоро да се опоравиш. Уживај во уште едни најмекани прегратки на свет. ❤️
@lackygirl честитки мајка нека ви е жив и здрав голем да расте на тебе побрзо закрепнување и секако чекаме да ни кажеш како мина кога ќе имаш време