Не се плаши и јас оваа бременост осеќам повеќе удари доле баш пишував дека се осеќам како да ми гребе низ вагина и цервикс ептен е непријатно и пред некој ден ми скокна убаво од доле нагоре ќе ме угушеше малечка сум јас ама бебево е дебело очигледно
Најнепријатно ми е тоа, велам нека мава горе, настрана кај сака, само не долу, тука е и најосетливо како шилче да ме боцнува со раче, ноџе кога ќе удри.
Породена сум пред месец ипол со второ. Со првите бевме тука негде со Мариа,затоа си пишавме сега. Инаку ја следам темава уште од првата бременост,омилена ми е Вчера баш со мм се зезавме,му пратив линк од мајката што родила 6то дете(девојче) и го провоцирав да видам што ќе каже за трето. Додека бев бремена(второ машко) кога ќе му речеше некој за трето(демек женско) викаше ааа не, доста се две. Вчера ми вика па зошто да не. И јас не сум некако конечно решена дека ќе застанам на две
Јас редовна менс имав на 28 дена, но менс ми беше 3 ти а јас не останав во плодни бремена туку после плодни знам бидеќи само тој ден имавне однос не заштитен 16 ти.
Да не се мислиш нека потпорасни и можи пак убаво е во секој случај сигурно и тешко. Јас се решив побрзо со 3то (сакам повеќе деца) бидеќи додека второто е мало секако седам дома не сум скрос ослободена, првото предност голема е голем и послушен и многу ми помага. Истото што го кажуваш му велам на смеа на мм ајде понатаму кога сите ќе пораснат уште едно да ни биди на сите интересно и чеам да кажи не тој ладен вели важи како ќе кажиш ххехех. Јас не одев за 3 то женско како што викаат сите бидеќи мислев само машки ќе имам а да имавне желба за женско но како помирена бев нема да имам и сега изненадување не верував дури дека женско хехе. Само здрави живи.
Браво мама и јас сум со трето пак Машко ама јас знаев дека само синови ќе имам мм многу се надеваше на девојче и цел живот ќе сака ама му велам нека се живи и здрави ќе се радуваме на моми на сестра ми и на сестра ти на децата а јас здравје после ова толку од мене немам ни сила ни нерви
Мирно цтг, вчера бев на преглед. Денес 40+1... едвај чекам да се деси нешто отоци имам на десна нога, рака... како слон сум фала што ме мислиш ❤️❣️
На колку разлика ти се? Како знаеше машки дека или како мене си мислеше дека само машки ќе имаш, ама еве ја сум грешела немало правило.
Некој настинат деновиве? Со грло болење, омалаксаност, течење нос.... Утешете колку трае, веќе 4ти ден сум утепана...
Маж ми настина од нигде никаде па еве 3 ден се тресам дали ќе ме докачи и мене, се тргнав првиот ден ама којзнае... Затоа одма најдов што смееш во бременост Парацетамол за болки и температура Пантенол, стрепсилс за лижење или прополис без алкохол Лимон со ѓумбир за кашлица. Природен сок за настинка: 2 портокали 1 лимон 2 моркови Околу 4цм парче ѓумбир Лажичка куркума 1 лажица млака вода 1 лажица мед. Се да се исцеди и избленда заедно. (Ова го најдов за сите луѓе, за трудници не знам само дали куркума е дозволена не сум прочитала) Да поминува побрзо
Ситно броиш опушти се колку можеш чекаме убави вести деновиве Ние сме дома од саботата, бебе денес 7 дена прави, за разлика од првото премирно е засега, спие, цица и кака, разбуден е само малку На сите со лесно до крај.
Овде во темата лекови дозволени во бременост 2 девојки ги имаа пишано како дадени од доктор затоа и ги додадов. Секако што и да земам би земала по препорака од доктор
Оффф срце мало. Да е живо и здраво сега на бришење крвав секрет, веќе паѓа чепот изгледа Адреналинов на најјако ми отиде ❤️
И мене ми е кажано за шмукање што се за грло дозволени се, а за прополис јас со алкохол пијам по 10 капки на ден штетно е? Инаку за настинките прво мажот ми омалакса болки малку тт и му трае 5 дена, јас кивам и малку греби грло омалаксана, сега и најмалото тт крена 2 дена по малку ама одма му се симнува тој ни кашла ништо заби 3 вади и не знам што да мислам за настинки дали е префатлибо дали сите сне башка.