Мамички како сте? Јас сум никако, мака мачам со овие заби мои. Цела ноќ немам спиено, сабајле само чекав стоматологот да ја отвори ординацијата и прва се нацртав таму. Сега решиле од двете страни умници да ми испаѓаат, месото околу нив ми е целото отечено, докторот не смее ниту да го дирне да не го активираме уште толку. Ми стави дрен, што воопшто не ми ги смири болките и ми кажа да жуборкам чај од камилица, веројатно ладен или млак од болка заборавив да го прашам, и можело да се напијам парацетамол, па пред да идам на работа, втора смена сум, ќе се напијам еден белки ќе се поднамалат болките инаку веќе незнам што да правам не се издржува. Имајте убав ден
Ејнџл, тоа со забите е страшна работа, јас на 2 месеци одам на забар за чистење џебови. Последниов пат супер поминав, воопшто не ми крвареа непцата, ама ко за баксуз два дена пред да одам видов дека ми се расипале два заба, па се договоривме откако ќе се породам да ги правиме, особено затоа што едниот е осмица. Мир да се нема. Иако стоматологот ми рече дека оние кои имаат предиспозиција за парадонтопатија, во бременост истата се појачува. Тоа се потврди кај мене, а и кај доста трудници (кои „изгубиле заби во бременост“). Ако не ти е гад може да земеш и 3% хидроген во спреј и да прскаш на воспаленото место откако ќе ти ги извади дреновите за да не стои храна кој адополнително иритира. Кога сум на тема заби, стоматологов инсистира да пијам флуор. Матичниот ми вика никако, гинекологот ми вика не препорачувам, ама ако си запнала пиј. А не сум запнала. Вам што ви велат?
стомакот ми е подуен, мене градите ме болат уште... инаку имам грчевии во долниот дел, само не пречесто одвреме на време...ваљда тоа е ширење на матката. Уживај кога ти кажал докторот тогаш иди, стрпи се уште малку.... мене ти викам ми закажа тек на 06.07 вика повеќе филинг да има....дај боже да е се во ред.
Леле значи сите со исти проблеми . Мене непцата ми се отечени и ми крварат. Забарката ми вика штом заб не те боли (а и сеуште немам некој страшен расипан) четкај со мека четка, паста Сенсодине или Лакалут и жуборкај посвеќе пати со средство за непца (го има по аптеки) или со 3% хидроген. Сега несум ни за чистење каменец а после пороѓај кога ќе имам време појма немам .
Подобро исчисти си сега камен да не ти дојде многу да чекаш. Јас пред 2 месеци чистев камен и правев киретирање, сега само киретирање и се договоривме на крај на јули - почеток август да одам пак (термин ми е авггуст) за да не ги мислам у наредни 2-3 месеци. А во однос на течност за непца - уста не користам оти премногу написи имам читано дека прават повеќе штета од корист, а мека четка еднаш ставив во уста и никогаш повеќе - поарно со прст да мијам заби
Јас бев на преглед на забите во Ендомак, ептен се стручни, ама они не дозволуваат после 7 ми месец чистење на забен камен и поправка на заби ( се разбира доколку ептен не те боли и мора да се интервенира) а се мијам со Лакалут Актив паста и жубуркам исто така Лакалут актив с-во и ми се намали ептен крварењето и воспалението на жлебините ми се скрос намали. И само одам на редовен преглед кај матичниот и он се согласува секогаш со нивниот преглед. Може секој различно си работи.А во бременост ептен забите ми се крш, а онака имам бели и прави заби, а и ми нагласија дека после пораѓај се враќале работите во нормала, па да се надеваме
Мене ми рекоа дека заб може да се поправа кога било, сепак, од 1997 година до сега не сум поправала жив заб без анестезија, па забарот ми рече дека ако дојде зор ќе поправаме во деветти месец, иако безадреналинска анестезија во теорија не пречи ни на мајка ни на бебе, но што е сигурно сигурно е. Во однос на чистење со ултразвук или кирета нема контраиндикации, но како што велиш, секој различно работи а најважно е во кого имаме доверба на крајот на денот
Мамички како сте денес?Мене изгледа немие денот прееска кога бев во продавница(стокомак) еден вол од човек кога ме акна по глава со сета сила со лактот од раката земајки од рафтот несто ни да погледне дали има некој се размафтал ни извини да казе туку си се изнасмеа со касиерката мислев ке паднам кој стока од народ има несе свесни,после на враќање дома ми се откачи канта сто стојат на бандера баш пред мене за малце на нозе и сеа лежам и не мрдам денес од дома.
Бог да чува, идиот Јас би му се развикала, цел маркет да слуша на глас. Јас многу имам страв во маркет или кога шетам некое дете да не ме акне со точак или како сто трчаат а не гледаат. Или па се некој човек иде директно на мене и не се трга страшно мразам гужви. Во Стокомак не влегувам во сабота воопшто.
Како сте труднички јас во бременоста мака мачев со забите и непцата, ми беше препорачана колгејт про-гам хелт пастата против крварење на непцата, и се покажа како доста ефикасна. И поправав заби и ги чистев, според мојот стоматолог поправање не е препорачливо во прво тромесечие и посел 9 месец. Само јас ги правев без анестезија. Инаку градите ги мачкав со еуцеринот масло кое го мачкав против стрии па и градите ги поминував. Сега за сега, фала богу, немамм никакви проблеми со нив.
Ma kako ne mu se derev ceka prodavnica ecese I prodavackata sto se smeese ai go iskrka Abe nedaj boze za stomak da me udrese ke go ubiev na mesto.
individualno e kaj sekoja. Kaj mene se pojavi negde 25gn. Ima devojki kaj koi voopsto ne se pojavuva, a kaj nekoi pa i porano
Мешиња ги направив сите испитувања и изгледа дека главоболките се поради ослабен вид. И така сега со очила ке седиме на пц
Носам леќи одамна јас. Лекарот ми спомна дека може да се зголеми или појави диоптрија за време на бременост, а може потоа да исчезне.
Јас имав две бремености(првата заврши со спонтан во 6-ти месец), сега имам живо,здраво синче од 9,5 месеци.И во двата случаја цела бременост немав ама баш никаков симптом.Ама брате ми се спиеше до последно,мислам дека стоејќи со отворени очи спиев . Значи,нема никакво правило.
Женчиња, сакав да прашам... Дали некоја од вас пиела магнезиум неколку месеци пред бременост? Да не има штета некаква? И се извинувам ако прашањево го поставив во погрешна тема...