тие се викаат кондиломи... и менр ми ср појавија и ги горев после... редовен пап тест на 6 месеци ке си правеш со колпоскопија
Јас со парафинско масло по една лажичка на ден го средував проблемот. Или компот од сливи или суви сливи свари па водата испиј ја како за бебињата.
Дали имате зголемен воден секрет? Само што влегов во 6ти месец,преку ноќ обилен екрет ми се појави последнове неколку дена. Брисеви чисти ми се.
Па внимавај на храната, поточно дали киселините ти се јавуваат подле одредена храна која не ти годи... Можеби од нешто конкретно ти е
Јас сабајле да земам да му сменам памперс на малиот кога осеќам исто ко да мочам викам ааа бидна пукна водењак кога одам вц ми тече секрет хормони мајка
Да ви се приклучам по 3ти пат? Не сум на почеток, 25+ сум, ама некако ми недостигаше темава. Убав ден на сите.
Ајде со лесно кај тебе срце. Што носиш и што ти се претходните? Ја мислев девојче ќе е ова, ама мажиња три по дома ќе трчаат. За пород кај планираш? Овој пат сум тотално изгубена и ништо не знам што ќе правам и кај...
Иста сум и јас тројца мажи јебига инаку јас во Германија ќе се пораѓам... Ајде само нека ни се живи и здрави и Господ да не чува јас пак си сакам мажиња не дека лошо би била една мома ама фала му на Господ и на овие багабонти мајкини
Да си се пожалам од утре полна 32 ра и веќе тешко ми е се ... Тешко дишење одма се замарам, неможам количински да јадам а гладна одма желудник боли, секоја вечер со киселини, подригнување па со рупурут се дружам секоја вечер скоро. А доле ниско ја носам мислам у јајници ми буричка. Кичма болки, кукови... Некој ден ќе се разбудам ок сум можам да одам на работа, некои денови од кревет одвај станувам. Си викам уште 4 недели да поминат па после 36та има по скали да трчам Ова без здив му се случува на некој? После зборење подолго ми се случува, плус настинкава втора недела ја влечам само подкашлувам...
32 ја терам и јас , исто без здив на моменти , па панични напади , и жештини ме пукаат .. ќе издржиме ајде уште малце
Да ти се придружам, иста сум 33 недела. Се потешко ми е плус сум настината. Ни можам да седам ни да лежам само офкам брзо се заморувам без здив останувам, киселини, на работа само ми се спие
Неколку бодиња и шпихозни од мерак Здравје за две недели коа ќе се вратиме од одмор , посериозно малце и со покрупните работи (количка , транспортер ...) Ти се спремаш ли ?
Имам од поголемката количка, креветче, транспортер... Ама родена ми е на лето, па треба да купувам сега се мали работи за почеток по долги... Нарачав нешто од зара ми стигна боденца, шпихозни... Ама ми фалат уште.. не знам што бројчиња, малава се роди 2ипол кила и месец, два беше во 50ки... Сега па 50ки мн мали ми се гледаат..