Фолна до крај се пие??? мене ми ја прекина матичната во 4ти месец Солгар пиев првите 4 месеци. Капсули се, не осеќав никакви мачнини од нив а железото од 6 или 7 ми рипна над 20 уште после месец ипол, последно ми беше 29 и прекинав да пијам
@Speechless мами бевте на преглед? Слушнавте срценце? @Fenix05 ти следнава недела си, така? Те мислам.
Да во среда сум на втор скрининг и мерење цервикс финално па да закажувам серклаж ако треба. Фала ти на мислата , како си ти денес, видов некаде дека си ја примила втората инекција за зреење?
Јас таман викам да прекинам фолна во 13та недела, матичната и Димитров ми рекоа не бе терај ја до крај таа дури и после пораѓање и тоа јас пијам метилирана од 1000, не ми рекоа да намалам грамажа..не знам зошто,ама штета нема ваљда
Добра сум, колку што можи да е добар чоек со газот кренат во вис. Да, денес примив флостерон, уште утре една боцка и завршуваме со нив. После треба да квачам за да има дејство, па да квачам за да стигниме до 9ти, па до термин, па после плачки дека не му се излегува на бебар и така. Ќе биде сѐ во ред, можеби ќе избегнеш серклаж, а и да треба да се стави во добра недела си, па супер ќе биде сѐ. Земаш ферона? Ако имаш мутации на мтхфр добро е да се земаат постојано и после бременоста, пошто недостаток на фолна може да е причина за анемија, а нели ако имаш мутиран ген, организмот не ја апсорбира обичната фолна.
Да да, прашав ми рекоа да земам по 1 ферона дневно. Да со мутации сум, ете не сум знаела за анемијата .. Ќе издржиме мила па ќе се жалиме дека не сакаат да излезат
Со оглед на тоа дека не е на позитивна листа, претпоставувам дека само розов рецепт ти треба. Ама да не те излажам, нека каже некоја членка што земала. Ако не се лажам мислам дека @Alishan30 пиеше. Извини мама ако сум грешка, ама пак може ќе ја упатиш членката.
33+1 денес. Женски на некоја од флостеронот да и се кревал притисокот? И минатиот пат кога примив, случајно го фатив висок, денес намерно мерам на секој саат, еве го почна да ми се покачува.
Фала на прашање мајка Бев вчера, имаше уредно yolk sack, според докторката таман со неделите, за недела ипол закажав за срце се надевам ќе слушнеме Со малово дома немам време да седнам да испроцесирам што се случува Ептен сум возбудена.
Тука сме негде јас 32+2. Ајде веќе ја ситниш 34та недела. Со лесно само. Јас да влезам во 35та и веќе ќе дишам полесно. Инаку ја со првото примав флостерон, и ми правеше тахикардии еднаш дури и на доктор завршив па дијазепам ми дадоа. Така да мислам дека и притисок се крева од нив. Мислам дека и мене ми беше благо покачен не ми текнува пред 5 год и нешто.
Овие се. Мене ми беа супер. И како што пишува и на шишето стварно не ствараат констипација и нема потреба од плус витамин ц Јас немам мутации, веројатно затоа ми кажа да ги прекинам
Скратено ми е грлото 11мм. Контракции имам околу 20тина дневно. Повеќе се од шо треба, ама не се на редовни интервали и немам болки.
Ги пиев цела бременост, и сега после пораѓај сеуште ги пијам. 132 ден се, и не се на позитивна листа, одат на розев рецепт кој може и матичен лекар да ти го даде